RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk

И во 2018 година, сајтот http://www.ribar.com.mk и здружението РИБАР 2011 бесплатно им помагаат на риболовците што побрзо да извадат легитимација, или маркица за 2018 година, за оние кои веќе поседуваат легитимација.

Легитимацијата (Маркица за 2018 година) е годишна и ја издава МРФ (Македонска риболовна федерација). Истата чини 400 денари.

За оние кои веќе имаат извадено легитимација преку “Рибар 2011“ во претходните години, можат да уплатат 400 денари за маркица за 2018 година и со таа уплатница да си ја земат маркицата во некој од следните риболовни продавници низ Скопје: Рибоцентар во Тафталиџе 1, Рибарски приказни во Тафталиџе 2, Сара-Спорт на Битпазар, Мак Дам во Порта Влае или во Битола во продавницата Бистро Бт и кај Нико.

За сите останати, доколку сакате што побрзо да извадите Легитимација-Маркица за 2018 година, преку мејл доставете ни ги подолу бараните информации и уплатете 400 денари во банка или пошта на следнава уплатница. Веднаш чим уплатите известете не преку мејл дека е уплатено, испратете ни слика од уплатницата и ние во најскоро време ќе Ви ја извадиме легитимацијата-маркицата и ќе ви ја доставиме лично, или испратиме по пошта да Ви стигне дома.

Уплатницата пополнете ја на следниот начин:

uplatnica2017

Сите оние кои веќе имале легитимација (било која година во периодот од 2008 до 2017), нема потреба да доставуваат слика. Сите оние кои за прв пат ќе извадат легитимација, потребно е да достават слика во дигитален формат преку мејл. (сликата може да биде било каква на кое се гледа лицето на оној кој вади легитимација)

Потребни документи

ЧЛЕНОВИ КОИ ИМАЛЕ ЛЕГИТИМАЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2008 - 2017

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- БРОЈ НА СТАРА ЛЕГИТИМАЦИЈА

ЧЛЕНОВИ КОИ ПРВ ПАТ ВАДАТ ЛЕГИТИМАЦИЈА ГОДИНАВА

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- АДРЕСА
- ЕМБГ (Матичен број)
- БРОЈ НА ЛИЧНА КАРТА
- СЛИКА ВО ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ (СЛИКАНА, СКЕНИРАНА, СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА ЛИЦЕТО СЕ ГЛЕДА УБАВО)

Ве молиме податоците со потврдата за уплата и сликите да ги праќате на следниот е-маил:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,

Рибар 2011

ЧЛЕНОВИ КОИ ИМАЛЕ ЛЕГИТИМАЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2008 - 2017 ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

- БРОЈ НА СТАРА ЛЕГИТИМАЦИЈА

ЧЛЕНОВИ КОИ ПРВ ПАТ ВАДАТ ЛЕГИТИМАЦИЈА ГОДИНАВА

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- АДРЕСА
- ЕМБГ (Матичен број)
- БРОЈ НА ЛИЧНА КАРТА
- СЛИКА ВО ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ (СЛИКАНА, СКЕНИРАНА, СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА ЛИЦЕТО СЕ ГЛЕДА УБАВО)

Ве молиме податоците со потврдата за уплата и сликите да ги праќате на следниот е-маил:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,

Рибар 2011

Недела, 31 Декември 2017 18:52

Среќна Нова 2018

Среќна Нова 2018 година ви посaкува тимот на Рибар 2011!
Многу здравје, среќа и слободно време за риболов во новата година!
Бистро

Почитувани,

Ве известуваме дека Македонска Риболовна Федерација ке одржи работна средба за сите заинтересирани спортски риболовци кои ќе учествуваат во лига натпреварите при организација на МРФ, дисциплина Крап во 2018 година. Средбата ќе се одржи на 23.12.2017 година во Институтот за сточарство со почеток во 11:00 часот.

Скопје, 20.12.2017 година

Македонска Риболовна Федерација

Местото на малите риби им е во реките и езерата, не во вашата чинија!
Да им помогнеме на риболовците да се информираат и да ги почитуваат законите, а рибите да пораснат...

Местото на малите риби им е во реките и езерата, не во вашата чинија!
Да им помогнеме на риболовците да се информираат и да ги почитуваат законите, а рибите да пораснат...

Во просториите на Информативниот туристички центар при Националниот парк Маврово се одржа работна средба помеѓу претставници од Националниот парк Маврово предводени од Директорот Самир Ајдини и претставници на Здружението на риболовци – Спортско рекреативен клуб Рибар 2011 претставени од Сашо Васков Претседател на здружението и член на УО на МРФ, Филип Серафимовиќ секретар на здружението и член на УО на МРФ и Давор Јакимовски член на УО на здружението.

Претставниците на здружението го истакнаа потенцијалот на НП Маврово за развој и унапредување на спортскиот риболов при што ги истакнаа своите видувања и забелешки за истиот и исто така понудија и предлози како да се унапреди заштитата на рибниот фонд во Мавровското езеро и р. Радика со што би се зголемил интересот за спортскиот риболов на водите во НП Мавово, понудувајќи помош при реализација на сите активности кои ќе ги реализира паркот. Директорот на паркот ја истакна важноста на заштитата на рибниот фонд во водите на НП Маврово и нагласи дека паркот во рамките на своите надлежности врши редовни порибувања на водите, и исто така појасни дека понудената помош е добредојдена и дека во наредниот период двете страни ке останат во контакт за можно потпишување на меморандум за соработка со што би се унапредила соработката со цел заштита на рибниот фонд и унапредување на спортскиот риболов како важна гранка на одржливиот туризам и негова промоција.

Понеделник, 04 Декември 2017 09:26

Еднодневен ноемвриски излет до Пињос

Да не останат за џабе убавите фотки, еве една кратка репортажа од еден од ноемвриските излети на Пињос. Екипата беше јас, Сашо и Влатче, а таму ни се приклучи и Џони.

Регулар си стигнавме пред разденување, уливот стандард нападнат по што моравме да менуваме страна на пристап. Рибаришта куп никој ништо не вади, ги знаевме тие информации и не дека очекувавме нешто ама кога веќе дојдовме зошто да не се опробаме.

Се расфрлавме на сите страни, со чат пат некоја пауза за рибарски лав моабет.

Времето беше солидно, но рибата генерално не ни беше наклонета тој ден, имавме неколку откачувања на зубатици и само две риби извадени. Сашо беше најрасположен за фотосесија и затоа 5 поени одат кај него и секако оваа репортажа.

Генерално убав сончев ден, минимална акција и многу свеж морски воздух во нашите гради.

Во две оделни акции на СВР Охрид , во акција за сузбивање на криволов на Охридското Езеро приведени се 4 лица, кој со соодветен поднесок -Кривична Пријава предадени се пред надлежното обвинителство во Охрид.

Имено, во рамките на добиени сознанија дека одредени лица вршат криволов на Охридска Пастрмка и Белвица во водите на Охридското Езеро, СВР Охрид на ден 26-11-2017 година, кај месноста викана „Рибница“ лишила две лица, кој во пловниот објект имале поголема количина на риба, мрежи и друг алат и прибор кој биле наменети за криволов. Исто така, денес по претходно обработени податоци, затекнале две лица жители на Пештани, во чиј пловен објект исто така биле пронајдени поголема количина на риба, мрежи и друг прибор.

СВР Охрид сака да стави крај на криволовот на Охридското Езеро, кој криволов на рибокрадците им носи голем профит, а и го уништуваат рибниот фонд на пастрмка и белвица во Охрдското Езеро.

Четврток, 16 Ноември 2017 08:43

Неочекувано на Керкини

Додека чекам децава да завршат со редовниот тренинг пага договор со неколку родители да се тркне до Керкини на риболов на тапа.
Брзо спремање купување шекерац и пченица за мамец и крма.
Стигање на езеро милина нема ветер па едно сонце кога запече мераци.
Целна риба ни беше црвеноперкс, караш и ако се појави некое крапче.
За зал само еден удар на крап кој беше околу кило се откачи- скина на јадичката на 16 конче пред сама обала. Друго све што фативме некој 10 кила риба беше црвеноперка парчина по 150-200 грамски и чат пат караш. Активно факавме од 7 часот до 13 часот со уживање и мезење без замарање.
За крапот ни рекоа дека е рано иако имаше доста крапски риболовци наместени со шатори и параболици.
Еве и некоја слика.
Поздрав до Ване, Деки и Иле.

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija