ЗА НАС

Почитувани рибари, рибаришта и млади рибарчиња,

RIBAR.COM.MK е сајт за промоција на риболовот како голема пасија и вековно хоби на човекот.

Рибарењето е многугодишна традиција во Република Македонија. Овој сајт има тенденција да излезе во пресрет на се поголемото семејство на спортски риболовци и љубители на реките и езерата ширум Македонија.

Замислен е како портал кој ќе им биде од голема полза на оние кои уживаат во убавините на риболовот и престојот во природа. Тука ќе објавуваме корисни совети за рибарите, разни текстови, фотографии, видео-клипови и репортажи од спортските доживувања низ Македонија. Каде јаде рибата, или каде не јаде. Кој и што фатил, или пак зашто не фатил. Каде е добро да се лови и на што да се лови. Каде рибата е активна, а каде е пасивна. Едноставно, овој сајт е единствен во Македонија кој третира исклучиво риболов, рибарски совети, приказни, моабети и доживувања. Сајтот ќе биде едно големо интернет собиралиште на спортските риболовци од земјава и тука ќе се види кој колку знае, кој е мајсторот и кој е поголемо рибариште.

Воедно, сајтот ќе биде и место каде што на брз начин ќе може да протечат информации на која река или езеро се случува нешто неспортски. Тука ќе се здружиме и ќе интервенираме до надлежните органи да се спречат појавите на криволовство, рибокрадство, употреба на мрежи, динамит и сето останато, што го загрозува риболовниот фонд во Македонија и крајно ги иритира спортските риболовци во државата.

Почитувани колеги рибари,

Ви посакуваме полни мрежи и нека е бистро на сите !

Со почит,
www.ribar.com.mk

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo          spin fly          pastrmka          bistroinspekcija