Мушичарска репортажа 2 - Прв риболов на рекичето 2018

Мушичарска репортажа 2 - Прв риболов на рекичето 2018

Бидејќи мушичарската лига се одложи за наредниот викенд поради многу висок водотек на Радика и голема заматеност, викендов со Емил го искористивме да го посетиме “рекичето“ кое е едно од ретките места периодов на кое може да се риболови. Водостојот беше релативно висок за рекичето, но за среќа не беше матно како што се матни реките периодов (Радика, Треска итн.)

Ловевме на нимфи, излегуваа помали примероци на пастрмки соодветни за рекичето, активноста беше на ниско ниво, фативме по 10-тина парчиња и нормално сите беа вратени назад. Водата беше 7 степени и најверојатно тоа е причината за слабата активност на рибата.

Неколку фотографии од риболовот. Бистро до следниот риболов


Медија

Прегледано 920 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija