Дипови, умакаљки и подобрувачи на вкус и мирис

Дипови, умакаљки и подобрувачи на вкус и мирис

Што се тоа дипови?

На многумина крапски рибиловци има се познати течните дипови кој се користат за подобрување на атрактивноста на мамците, а особено бојлите. Со дипување на бојлите се постигнува зајакнување на сигналот и атрактивноста на мамецот со кој се „помага“ на крапот да го најде побрзо. Атрактивноста на еден мамец зависи од многу фактори но еден од најзначајните е аминокиселинскиот профил, кој крапот го осеќа со својата бочна линија и со ноздрвите. Крапот по природа е суштество кое е радознало и на многу наврати за да се храни мора да ја проба храната која се наоѓа на дното, па со тоа и нашите мамци.

Во понатамошниот текст ке се обидам да ви претставам неколку видови на дипови и народно кажано умакаљки, кој се надевам дека ке ви го подобрат риболовот.

Како што претходно напишав крапот го интересираат аминокиселинските профили на храната, па за да го подобриме мамецот, основата на еден течен дип може да ни биде некаков аминокиселински комплекс кој се става во боилите. Во тој база може да се додадат разни видови на атракти како што се бетаинот, н-бутирична (масна) киселина, разни ароми, џигер во прав, разни месни пудери, зачини, сол, засладувачи, екстракт од зелено устива школка, спирулина итн. Во лето секако може да се користат и природни масла за основа како што се маслото од лосос, масло од пченка, масло од риба. Сите овие масла имаат висока хранлива вредност која за крапот е примамлива а во исто време го подобрува одзивот на нашиот мамец. Во поладните месеци за база на дипот може да се користат разни алкохоли, како етанол, пропилен гликол, естер итн. Естерот и пропилен гликолот обично на нашиве простори потешко се наога, но етанолот без проблем се наога во секоја аптека. Истиот тој етанол може да се разреди со дестилирана вода во однос 50:50 и да се додадат ароми и атракти кој ќе се измешаат добро.

Постојат и дипови во прав кој прават дебел желатински слој врз мамецот и се задржуваат подолго време. Обично основата на таквите дипови е желатин со скроб во сооднос 50:50, а за артакти се користат веке добро познатите месни пудери, рибини брашна, овошни ароми во прав, бетаин во прав, засладувачи, пармезан :), аминокиселини итн.

Еве неколку основни рецепти на правење на дипови:

Летен дип

1. 50мл рибино масло
2. арома по желба (да е месна)
3.20мл масло од лосос или масло од коноп

Летен дип II

1. 50мл пченкарно масло
2. арома по желба (моќе и да се етерични масла)
3.20мл масло од коноп

Зимски дип

1. 50мл етил алкохол разреден на 50:50 со дестилирана вода
2. арома по желба (само да не е на маслена база)
3. 20мл Минамино/Нутримино/Ливер екстракт или слични аминокиселини

Зимски дип верзија 2

1. 25мл Глицерин + 25мл етил алкохол
2. арома по желба (само да не е на маслена база)
3. 20мл Минамино/Нутримино/Ливер екстракт или слични аминокиселини

Зимски Дип Прашкаст

1. 20гр рибино брашно или ЛТ94
2. 30гр нишесте
3. 30гр желатин
4. бетаин
5. сол 1 кафена лажичка рамна

Летен Дип Прашкаст

1. 20гр цимет (може да се користат и разни комбинации на зачини)
2. 30гр нишесте
3. 30гр желатин
4. бетаин
5. засладувач

За новајлиите кои не знаат како да се користи прашкастиот дип, дипувањеро започнува кога ке го наместиме мамецот на влакното и ке го натопиме во водата, потоа таков влажен мамец ке се протркала во дипот, ке се остави 3=5 мин. да дипот желатира и потоа се зафрлува кон местото кое ни е одбрано.

Се надевам дека со овие неколку дипови и техники ке ви се подобри успехот и уживањето на вода.

Прегледано 1194 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija