Вардар

Вардар

Вардар е најголемата река во Република Македонија и воопшто во Македонија. Долга е 388 km и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 km².

Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Република Македонија. Продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полог каде се влеваат неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита. Потоа преку Дервенската клисура навлегува во Скопската котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и Маркова Река и минува низ Скопје. Минувајќи низ Таорската Клисура каде се влева Кадина Река, Вардар навлегува во малата Велешка котлина и минува низ Велес. Овде се вливаат реките Тополка и Бабуна. Потоа преку Велешката клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се вливаат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од десна и Брегалница од лева страна. Навлегува во познатата Демиркаписка клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-Валандовската котлина каде што ја преминува грчката граница, минува низ Циганската клисура, и течејќи низ Солунското поле се влева во Егејското море во западно од Солун во Егејска Македонија.

Некои податоци за Вардар

Должина: 301 km во Република Македонија (вкупно 388 km)
Површина на речен слив: 20 535 km²
Среден пад: 2,1%
Среден проток: 174 m³/сек80% од течението на Вардар се наоѓа Република Македонија, заради што територијата на денешна Македонија го носела името „Вардарска бановина“ во времето на Кралство Југославија.

Верзии за потеклото на името

Позната е приказната дека реката го добила ова име во чест на римскиот префект на Скупи, кој се викал Варда Склир и кој го регулирал течението на реката и со тоа го спасил градот од поплави. Името Вардар е слично со имињата на други реки што течат во Централна Азиja - Сир Дарjа, Аму Дарjа и Чебдар. Зборот дарjа е персиски и значи „река“, море или океан. Хидронимот Вардар веројатно потекнува од готскиот збор „Vordol“, кој е даден на реката кога Готите биле на овие простори (V век од н.е.).Вардар води потекло од истоимениот тракиски збор што значи „црна вода“.

Утврдување на најмалата големина на рибите по видови под која не смеат да се ловат

Иако во генералната цел е зголемување на популациите на автохтоната македонска пастрмка во водите на горното течение на реката Вардар мора да се нагласи дека се предвидуваат мерки со кои се оневозможува изловување на полово незрели единки од сите застапени видови. Одредувањето на најмалата големина под која рибите не смеат да се ловат е во тесна врска со возраста при првото полово созревање. За автохтоната македонска пастрмка границите за најмалата големина на рибите под кои не смеат да се ловат ќе бидат покачени, односно предвидуваме поголеми вредности со цел да се овозможи неколкукратно нивно природно мрестење, а и стимулирање на лов на капитални примероци пастрмка во наредните години.

Најмали дозволени големина на рибите под која несмеат да се ловат:

Пастрмка - 35 цм

Бела мрена - 35 цм

Црна мрена - 15 цм

Клен - 30 цм

Скобуст - 30 цм

Покрај забраната за риболов за време на мрестењето, а заради поголема заштита и зголемување на популациите се воведува:

- забрана за риболов на македонска пастрмка во деновите од понеделник до четврток, (со исклучок на државните празници).

Забелешка: Рибата се мери од врвот на муцунката до крајот на опашната перка, кога перката е нормално отворена.

Сите уловени риби под определената големина, потребно е внимателно да се откачат од јадицата и неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.

За останатите видови риби кои се помалку значајни од аспект на рекреативен риболов или се во групата на непожелни видови риби не се предвидува заштитна мерка “најмала дозволена риболовна мерка”, што значи дека може да се ловат на сите големини.

Утврдување на периодот на природен мрест по видови за секоја риболовна вода

Одредувањето на периодот на природен мрест (сезоната на мрестење) има свое практично и научно значење. Иако е карактеристика која што е детерминирана наследно таа сепак, покажува голема варијабилност во однос на различните еколошки фактори. Еден ист вид риба може да покажува разлики во времето, односно сезоната, на мрестење кога живее во екосистеми во кои владеат различни услови на температурен и светлосен режим.

Репродуктивниот циклус на рибите е во тесна врска со промените во средината, посебно со промените на температурата и светлината. Овие два фактора, иако не единствени, се од најголемо значење, бидејќи преку сетилните органи директно можат да влијаат врз активноста на жлездите со внатрешно лачење кои произведуваат хормони, кои од своја страна, во континуитет иницираат и регулираат специфични физиолошки одговори.

Од практична гледна точка познавањето на сезоната на мрестење претставува основа при пропишувањето на заштитната мерка “ловостојот” или “забраната за излов на риба”.

Почетокот и времетраењето на ловостојот се пропишува со цел да се оневозможи ловење на риба во време на мрестот. Ова значи дека времето за ловостој треба да биде одредено така што да овозможи оптимална заштита на рибите кои се мрестат. За да може оваа заштитна мерка да има најголем позитивен ефект треба да се одреди времетраењето и периодот на мрестната сезона за секој од поважните видови риби, а се објект на рекреативен и спортски риболов.

Многу често во минатото како резултат на непочитувањето на науката, се случувало ловостојот да не соодветствува со мрестната сезона и најголемиот дел од уловите на риба да се состои токму од риби кои се во предмрестна фаза, или на риби во мрест.

Во горното течение на реката Вардар се предвидува заштита на благородниот вид македонска пастрмка.

Периодот на природниот мрест на пастрмката започнува на 1 октомври и трае до 28 (29) февруари наредната година. Имајќи го во предвид ова се препорачува забрана за риболов во наведениот период.

Се забранува лов на риби во определен временски период, и тоа:

Пастрмка - Од 01. октомври до 28 (29) февруари

Скобуст - Од 15. април до 15. мај

Клен - Од 15. мај до 30. јуни

Бела мрена - Од 15. мај до 30. јуни

Црна мрена - Од 15. мај до 30. јуни

Сите случајно уловени примероци од наведените видови, во периодот на забрана мора во жива состојба и неоштетени да се вратат во риболовната вода.

Строго се забранува секакво изнесување на рибите за кои е определена забрана, нивно убивање, како и ставање во секаков вид на чуварки

Риболовец кој во време на забрана за лов, ќе биде затекнат со мртва риба или риба во чуварка, од видовите кои се забранети за лов, се третира како рибокрадец и подлежи на санкции согласно Законот за рибарство и аквакултура, правилниците и оваа риболовна основа.

Прегледано 2486 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija