Мамци - леб

Мамци - леб

Лебот е еден од најкористените мамци и во доста број случаи се покажал како добар мамец.

Ловејќи на леб може да се уловат повеќе врсти на риби. Кркушка, бојник, мрена, плашица, клен, крап и други врсти. Лебот се покажува како добар мамец и во разни врсти на вода. Некои веруваат дека рибата доста често го зема лебот кога на него е навикната, т.е во близина на населбите, но искуството покажало дека тоа воопшто не е така.

Лебот не треба да се мокри, гмечи, ниту да се меша со нешто, едноставно на јадица треба да се употребува онаков каков што е ...........

Кога ловиме на леб најдобро е да ловиме на тапа. При ловењето на тапа, лебот треба да се постави на јадицата со малку пригмечување или без воопшто да се пригмечува. Со тоа, кога лебот ќе дојде во допир со водата тој ќе набабри. Во таква една ситуација лебот е сосема мек, во водата испушта мали парченца кои се носени од водата. Рибата која е во близина доста брзо ќе ги осети малите парченца кои отпаѓаат од јадицата и без проблеми ги јаде и тоа е причината без многу размислување да го земе и парчето кое е на нашата јадица. Со оглед дека таквиот леб е исклучително мек, тој веднаш се распаѓа во устата на рибата и со мала lebконтра голата јадица се забодува во устата на рибата. Кога лебот е изгмечен и евентуално направен како топче, често се случува кога рибарот ќе контрира да ја извади јадицата заедно со лепчето од устата на рибата.

Негативната страна кај овој мамец е тоа што лебот често паѓа и скоро секое ново зафрлање треба да се става ново лепче.

Кога се лови на леб треба секогаш да се внимава да имаме тазе леб, затоа што колку е лебот постар, толку повеќе се рони, тешко се прикаќува за јадицата и лесно паѓа од неа. Токму затоа треба да се користи тазе леб и секогаш додека се лови соодветно да се чува во одредено најлонче за да не се исуши додека постојано прикачуваме нови лепчиња на јадицата.

Притоа ловењето со леб треба да се употребуваат лесна опрема, лесни тапи, тенок конец и мали оловца. Ваквата лесна опрема е потребна затоа што таа треба да реагира и на најмалиот допир на рибата, затоа што доколку тоа не го осетиме, нашето лепче веднаш ќе падне од јадицата. На потешка опрема, но и на поголеми парчиња или на корки леб се лови мрената и крапот. За ваквиот риболов е карактеристично тоа што овие врсти на риби сакаат поголеми парчиња леб. Токму затоа, мрената на пример се лови на поголеми парталчиња на леб.

Притоа постојат и многу други рибарски рецепти поврзани со лов на лепче. Многу рибари и сами го прават лебот. Така на пример во пченкарно брашно, стават и бело брашно и мед, се со цел парчињата леб да бидат поеластични и да не паѓаат лесно од јадица. Коге веќе сме кај еластичноста на лебот, во последните години доста популарно е и француското лепче кое е поприлично еластично и тешко паѓа од јадица.

Она што треба да се започни и често да се практикува е при ловењето на лепче секогаш да сме подготвени со крма или прихрана од леб. Крмата од леб најдобро се прави од стар и исушен леб, кој со натопување во водата омекнува, се меси со рака и се зафрла на местата каде планираме да ловиме. Доколку рибата е тука и доколку почне да се гости од парченцата леб кои сме ги зафрлиле, многу полесно ќе го земе и лебчето на нашата јадица.

Прегледано 2182 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija