Матка

Матка

Во северо-западниот дел на Македонија, во близина на Скопје, на р.Треска, на 2,0km возводно од с.Долна Матка, во 1938 година, изградена e лачна-бетонска брана. Браната е лоцирана на 41о57’N и 21о17’E, возводно за 8,5,0km од вливот на р.Треска во р.Вардар кај Скопје, при што е оформена акумулација позната како Акумулација Матка. Висината на браната изнесува 29,5m, а должината при круната изнесува 64m, и е на кота од 317,50masl. Браната има бочен преливник, лоциран на десната страна од телото на браната. Акумулацијата е сместена во живописниот Кањон Матка на р.Треска, чии брегови стрмо се спуштаат во езерото. Експозицијата на простирање на акумулацијата е северозапад – југоисток во делот близу до браната, додека на половина од нејзината должина, акумулацијата свртува кон југозапад и продолжува се до пред браната Св.Петка. Акумулацијата има должина од 5,9km, а нејзината најголема широчина достигнува и до 100m. Езерото зафаќа површина од 0,25km2, и има вкупна зафатнина од 3,7х106m3. Оваа акумулација формира акумулационен простор, со корисен волумен од 1,83х106m3, чија главна намена е производство на ел.енергија, но овозможува наводнување и на низводно поставените обработливи површини. Акумулацијата заедно со возводните акумулациии (Козјак и Св.Петка) се поврзани во систем, чија основна намена е производство на ел.енергија.

Најмала големина на рибите под која несмеат да се ловат

Пастрмка 50 см

Бела мрена 35 см

Црна мрена 15 см

Крап 40 см

Клен 30 см

Скобуст 25 см

Попадика 20 см

Белвица (плашица) 12 см

Кркушка 8 см

Јагула 60 см

Забелешка: Одстапување во однос на Правилникот направени се кај пастрмката, каде е зголемена должината на 50см. Зголемувањето се предлага затоа што се планира акумулацијата Матка да се промовира во високо атрактивна риболовна зона за рекреативен риболов на пастрмка.

Рибата се мери од врвот на муцунката до крајот на опашната перка, кога перката е нормално отворена.

Сите уловени риби под определената големина, потребно е внимателно да се откачат од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.

Се забранува лов на риби во определен временски период, и тоа:

Пастрмка Од 01. октомври до 28/29. февруари наредната година

Скобуст Од 15. април до 15. мај

Попадика Од 05 мај до 15 јуни

Клен Од 05 мај до 15 јуни

Крап Од 05 мај до 15 јуни

Црна мрена Од 15 мај до 15 јуни

Бела мрена Од 15 мај до 15 јуни

Сите случајно уловени примероци од наведените видови, во периодот на забрана мора во жива состојба и неоштетени да се вратат во риболовната вода.

Забрането е секакво изнесување на рибите за кои е определена забрана, нивно убивање, како и ставање во секакови или чуварки за чување риба. како и ставање во секакови или чуварки за чување риба.

Дозволениот дневен улов по видови на риби за рекреативна зона “акумулација Матка” изнесува еден примерок од видот пастрмка и крап.

Останатите видови риби на рекреативната зона “акумулација Матка” не се под посебен режим на заштита. Вкупно количество на дневен улов од другите присутни видови риби е до 2 кг.

При вршењето рекреативен риболов на пастрмка може да се употребува само една риболовна трска, со или без машинка (орша) и задолжителна упореба на вештачки мамки. Дозволена е употреба на следните вештачки мамки: еден блинкер со една јадица (двокрака или еднокрака) или еден воблер кој може да има до две јадици (двокраки или еднокраки) или две вештачки мушички кои можат да имаат еднокраки јадици.

При вршењето на рекеативниот риболов, забрането е влечење на мамците со помош на пловно средство низ водата (тролинг).

При вршењето рекреативен риболов на останатите видови риби, дозволена е употреба на максимум две риболовни трски со по една јадица на трска, со или без машинка (орша) и употреба на сите видови природни мамки од растително потекло (пченица, пченка, сточен грашак, леб и др). приготвени мамки (боили, теста и др.) како и сите видови вештачки мамки.

На рекреативната зона “акумулација Матка” не е дозволен риболов со природни мамки од животинско потекло (бел црв, калифорниски црв, „чаирски“ црв, ларви и кукли на инсекти, секаков вид на адултни форми на инсекти, и др.).

Прегледано 2187 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija