Липковско езеро

Липковско езеро

Акумулацијата „Липково“ се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, во Кумановско – Прешевска котлина, во подножјето на Скопска Црна Гора. Акумулацијата е створена со изградба на брана на Липковска река, која е притока на Кумановска река и реката Пчиња. Основна намена на Хидроакумулацијата „Липково“ е наводнување на Кумановско поле и водоснабдување на градот Куманово и околината. Акумулацијата има должина од 1,5km, а нејзината најголема широчина достигнува и до 180m. Езерото зафаќа површина од 0,40km2, и има вкупна зафатнина од 2,25*106m3. Оваа акумулација формира акумулационен простор, со корисен волумен од 1,75*106m3, кој овозможува заедно со возводната акумулација Глажња, преку Хидросистемот Липково постојан протек на вода за градот Куманово и индустријата. Двете акумулации целосно го регулираат прашањето за режимот на израмнувањето и користењето на водите од р.Липковска. Водите од езерото се користат за наводнување и за производство на ел.енергија

Вид на риба Големина под која не смеат да се ловат

Пастрмка 40 см

Крап 40 см

Клен 30 см

Скобуст 25 см

Црна мрена 20 см

Попадика 20 см

Црвеноперка 20 см

Писа 20 см

Лињак 25 см

Јагула 60 см

Рибата се мери од врвот на муцунката до крајот на опашната перка, кога перката е нормално отворена.

Сите уловени риби под определената големина, потребно е внимателно да се откачат од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.

За останатите видови риби кои, кои не се наведени во табелата, кои се помалку значајни од аспект на рекреативен риболов, видови на риби кои ги има во поголема количина во риболовната вода или се во групата на непожелни видови риби, не се предвидува заштитна мерка „најмала дозволена големина под која несмеат да се ловат”, што значи дека може да се ловат на сите големини.

Се забранува лов на риби во определен временски период, и тоа:

Вид на риба Период на забрана

Пастрмка Од 01. октомври до 28/29. февруари наредната година

Скобуст Од 15. април до 15. мај

Попадика Од 05 мај до 15 јуни

Клен Од 05 мај до 15 јуни

Крап Од 05 мај до 15 јуни

Црвенопрка Од 05 мај до 15 јуни

Црна мрена Од 15 мај до 15 јуни

Лињак Трајна забрана

Покрај забраната за риболов за време на мрестењето, а заради поголема заштита и зголемување на популацијата, не е дозволен риболов на пастрмка во деновите од понеделник до четврток, (со исклучок на државните празници).

Сите случајно уловени примероци од наведените видови, во периодот на забрана мора во жива состојба и неоштетени да се вратат во риболовната вода.

Забрането е секакво изнесување на рибите за кои е определена забрана, нивно убивање, како и ставање во сакови или чуварки за чување риба.

Дозволен дневен улов по видови на риби

Максимална дозволена количина на дневен улов на риба, за рекреативната зона „акумулација Липково“ е вкупно до 3 кг. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба, вкупната количина на улов по рекреативен риболовец, на ден не смее да биде поголема од 3 кг, а воедно и не смее да бидат надминати максималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.

Во вкупната количина до 3 кг. влегуваат и сите останати видови на риби кои досигнуваат помали должини (белвица и др.).

За видот „сончаница” нема никакво ограничување и може да се лови во сите должуни и во неограничени количини.

Во дозволен риболовен прибор за рекреативен риболов спаѓаат: риболовни трски, риболовни машинки (орши) и разни видови на природни и вештачки мамки.

При вршењето рекреативен риболов на пастрмка може да се употребува само една риболовна трска, со или без машинка (орша) и задолжителна упореба на вештачки мамки. Дозволена е употреба на следните вештачки мамки: еден блинкер со една јадица (трокрака, двокрака или еднокрака) или еден воблер кој може да има до две јадици (трокраки, двокраки или еднокраки) или три вештачки мушички кои можат да имаат еднокраки јадици.

При вршењето рекреативен риболов на останатите видови риби, дозволена е употреба на максимум две риболовни трски со по три јадици на трска или максимум три риболовни трски со по една јадица на трска, со или без машинка (орша) и употреба на сите видови природни и вештачки мамки.

Не е дозволено употреба на бели црви за мамци. При рекреативниот риболов не се дозволува фрлање во водата било каква храна за примамување на рибите.

Не се дозволува употреба на пловно средство при вршењето на рекреативен риболов.

Прегледано 1870 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija