Велешко езеро (Младост)

Велешко езеро (Младост)

Во централниот дел на Македонија, поточно на р.Отовица, во непосредна близина на селото Отовица и патот Велес-Скопје, изградена e бетонска-лачна брана. Браната е лоцирана на 41о46’N и 21о45’E, возводно за 2,5km од вливот на р.Отовица во р.Вардар, при што е оформена акумулација позната како Акумулација Младост. Висината на браната изнесува 27,0m, а должината при круната изнесува 73m.

Сливот на р.Отовица, која го полни Езерото Младост е со јужна експозиција на простирање, а р.Отовица и нејзините притоки се спуштаат од под падините на Градиштанска Планина, чија највисока точка во сливот е на кота од 826masl, врвот Градиште. Сливот на р.Отовица на север граничи со сливот на р.Лка, која кај Катлановска Бања се влева во р.Пчиња, на исток со сливовите на водотеците кои гравитираат према овчеполието, а на запад со сливовите на суводолиците кои гравитираат кон реката Вардар. Веднш по бетонската брана, коритото на р.Отовица стрмо се спушта према реката Вардар.

Акумулацијата има должина од 1,5km, а нејзината најголема широчина достигнува и до 500m.

Најголемата длабочина во езерото е 25 м. Езерото при кота од 245,00masl зафаќа површина од 0,52km2, и има вкупна зафатнина од 8,00*106m3. Оваа акумулација формира акумулационен простор, со корисен волумен од 3,80*106m3, кој овозможува преку систем за наводнување обезбедување на вода за наводнување на делови околу Велес и с.Отовица. Се наводнуваат околу 1.350 ха обработливо земјиште, претежно со лозови насади.

Утврдување на најмала големина на риби по видови под која несмеат да се ловат

Крап 40 см

Клен 30 см

Лињак 25 см

Попадика 20 см

Црвеноперка 20 см

Костреш 20 см

Смуѓ 35 см

Сом 70 см

Рибата се мери од врвот на муцунката до крајот на опашната перка, кога перката е нормално отворена.

Сите уловени риби под определената големина, потребно е внимателно да се откачат од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.

За останатите видови риби кои, кои не се наведени во табелата, кои се помалку значајни од аспект на рекреативен риболов, видови на риби кои ги има во поголема количина во риболовната вода или се во групата на непожелни видови риби, не се предвидува заштитна мерка „најмала дозволена големина под која несмеат да се ловат”, што значи дека може да се ловат на сите големини.

Забрана за лов на риби:

Вид на риба Период на забрана

Крап Од 05 мај до 15 јуни

Клен Од 05 мај до 1 јуни

Лињак посебен третман зависно од условите

Попадика Од 05 мај до 1 јуни

Црвеноперка Од 05 мај до 1 јуни

Костреш Од 01 април до 30 април

Смуѓ Од 15 февруари до 1 мај

Сом Од 01 март до 15 мај

Покрај забраната за риболов за време на мрестењето, а заради поголема заштита и зголемување на популацијата не е дозволен риболов на сом и смуѓ во деновите од понеделник до четврток, (со исклучок на државните празници).

Сите случајно уловени примероци од наведените видови, во периодот на забрана мора во жива состојба и неоштетени да се вратат во риболовната вода.

Забрането е секакво изнесување на рибите за кои е определена забрана, нивно убивање, како и ставање во сакови или чуварки за чување риба.

Дозволениот дневен улов по видови на риби се ограничува на:

Вид на риба Дозволен дневен улов

Крап до 2 (два) примероци

Клен до 10 (десет) примероци

Попадика до 10 (десет) примероци

Црвеноперка до 25 (дваесет и пет) примероци

Костреш до 20 (дваесет) примероци

Сом 1 (еден) примерок

Лињак 1 (еден) примерок

Смуѓ 1 (еден) примерок

Максимална дозволена количина на дневен улов на риба, за рекреативната зона „акумулација Младост“ е вкупно до 3 кг. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба, вкупната количина на улов по рекреативен риболовец, на ден не смее да биде поголема од 3 кг, а воедно и не смее да бидат надминати максималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.

Во вкупната количина до 3 кг. влегуваат и сите останати видови на риби кои досигнуваат помали должини (белвица, и др.).

За видовите “сребрен карас” и “сончаница” нема никакво ограничување и може да се лови во сите должини и во неограничени количини.

Прегледано 3031 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija