toa e tocno ama nemozi da veruvas vo svojot mamec bez dobri komponenti vo nego.ili vo opremata.
Читајки го постов претпоставувам дека си млад човек.
Едно само ке ти кажам,крапскиот риболов постоел и кога немало параболици,разни монтажи,боили и да не спомнувам од машинките со баит ранер и слични крапски аксесоари.Го факале на бамбуси,гермини,а основен мамец бил пченка и леб.
И го факале и бројчано и капитални примероци.
Ова сега со компонентите или скапата опрема само е компензација и олеснување(зборувам за кај нас) на квантитетот на рибата во нашите води.
Преди се добар рибар,човек треба да е за своја сатисфакција,за своја душа,а ако сака да ги провери своите квалитети со останатите тогаш оди да се такмичи.
Лично познавам доста рибари кој си се успешни во нивното хоби,а не ни помислуваат да се такмичат што не ги прави понеуспешни од такмичарите.
_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.