Маркериве се стварно одлични.
Во некои случаи, ппонекогаш, некои натпреварувачи користеа и по 3, 4 маркери одеднаш. Што за своја ориентација, а некои и од тактички причини.
Една случка од еден натпревар во лига на Крушевско езеро. Сергеј и Тони си маркираа граница на ловиште, а од спротива Зоки и Тото, заради лоша позиција се намерачија на овој маркер. Ама волциве на секое префрлање на Зоки или Тото, го повлекуваа маркерот под вода.
Во еден момент, маркерот беше фатен од спротива и додека открија дека не е риба го потрошија целиот адреналин.