машинка 30КА(0,30мм - 100м-конец да бери) и да е со предна кочница не со задна како твојата- макар и таа брка работа сега за сега
трска - според водата на која ловиш, рибата која ја бркаш и мамците кои ги користиш
- јас би земал и 2,70 за тој дел на вардарот максимум да биде должина, со максимална тежина на зфрлување до 40 гр и 30ка машинка
идеална трска нема да најдеш каде и да бараш- освен да од тие што ги има на лагер по продавници да ги протресиш и да одбереш самиот некоја нај поволна опција за тебе
а како мислиш ,, се витка врвот,, на трската што ја имаш, си пробал да смениш агол, промениш позиција -- врвот ти го штелуваш каде ке биде и со него ти командаш
- нека е и нај мек(осетлив) ако му наместиш агол спрема конецот - ке седи право
- или пак си ловел со мамци со поголема тежина наспрема можностите на трската
ако пиши 10 -30 , многу не верувај на тие бројки дури не протресиш ти со свои раце што земаш
слободно прашувај и не се плаши да комуницираш и пишеш(макар и да било грешно)има тука искусни спинерџии - ке ти помогнат како да дојдеш до добра комбинација -- сепак на крајот сам ке мора да си одлучиш што тебе ти треба од сите тие совети
пс- со прашување до стамбол и назад се стигнува, оној кој не прашува тапка во место и се учи на свои грешки