Лепи ќе ти одговорам околу натпревар на лига за крап во мрест.
1. Никој не знае со точност да потврди КОГА завршува мрестењето на крапот на таа и таа вода, зависи од времето и од годината!
2. Доавола од МРФ е Спортска риболовна дозвола со која се лови САМО на натпревар каде што грижливо се чуваат, мерат и враќаат краповите назад во вода. ( до сега непаметам на било која вода и на било кој натпревар да умре некој крап за време на натпревар)
3. Замисли Лепи, закажан натпревар со одреден датум, сите се организирале и спремиле храни, боили...земале слободни денови за натпреварот НО поради заладување на времето крапот не успеал да заврши со мрестот и треба да се одложи натпреварот???
4. Кога се прави календар за спортски активности за наредната година се земаат во предвид СИТЕ празници, неработни денови, спортски збиднувања на светско ниво, избори....и се донесува каленадар.
Се согласувам со тебе за останатата риба кај пливкарите дека не останува жива после мерењето па кога се враќа назад добар дел е умрена но тоа не е слушај со крапските натпревари!