www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

Со ноќен спининг во лето до капитална пастрмка
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=76&t=1903
Страна 13

АвторCOLON  коста [Сре Maр 28, 2012 6:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Со ноќен спининг во лето до капитална пастрмка

Веднаш на почеток да споменам две работи, прво текстот што следи се однесува за законски дозволениот риболов ноќе(еден или два саата по залезот, или пред изгрев на сонцето) и второ, сето што подолу следи, се базира исклучиво на моите лични искуства а намерата ми е да ги споделам моите искуства со сите оние заразени со спинингот за да не мораат да откриваат топла вода(се разбира секоја чест на оние што ја знаат и практицираат оваа техника).
Капиталната пастрмка е врвен предатор во водите во кои живее, што значи дека се наоѓа на врвот на ланецот на исхрана, и се друго во водата, помали пастрмки, други риби, жаби, полноглавци, инсекти итн. , се наоѓаат на нејзиното мени. Исклучок се водите кои ги населуваат истовремено и предатори од типот на младица, главатица или штука и слично, но бидејќи кај нас овие риби(за жал) ги нема или ги нема доволно, нема да се занимаваме со таа проблематика.
Зошто ноќе летно време?
Познато е општото правило дека најдобро време за риболов е рано насабајле и приквечер , но дали е баш така, а особено дали тоа важи и за капитални пастрмки?
Пастрмката, а особено крупната, по правило најмногу се храни ноќе и да, се разбира дека успешен риболов може да има и во текот на денот, но само при специфични услови како тмурно и облачно време, ситен дожд, и слично.
Пастрмката како врвен предатор има исклучително добро развиени сетила, као на пример кога е во прашање видот, таа може да гледа УВ светлина што е надвор од опсегот на човечкото око, бочната линија и овозможува да ги детектира сите движења(вибрации) низ водата, но и вибрациите од обалата покрај самата вода, а сетилото за мирис во ништо не заостанува зад овие две претходни.
Е сега конечно зошто риболов на вакви капиталци ноќе? Одговорот на ова прашање е едноставен , но да почнеме по ред.
Пастрмката(ова важи само за нашата пастрмка а не калифорниската) е ноќен ловец. Поради низа околности оваа риба еволуирала во таков правец да претежно активно се храни ноќе, ист случај е на пример и со сомот. Читав некаде на интернет дека се правеле испитувања колку просечно пат поминува една голема пастрмка ноќе. Истото било правено со имплантирање на минијатурен радиопредавател во рибите. Резултатите биле интересни, пастрмките во текот на една ноќ се движеле просечно околу три километри по текот на реката.
Тоа е всушност и одговорот зошто риболов ноќе, и токму тоа што го прочитав беше потттик за мене да ја пробам ова работа во пракса.



Да не заборавиме, ние овде зборуваме за капитални примероци, значи риби кои виделе се и сешто, воблери, кашики, спинери, мушици, тиролски дрвца, мрежи и кој знае уште што. Според тоа, ние пред себе имаме еден сериозен противник, кој како таков заслужува посебен респект и секое потценување значи скоро 100% промашај и она познатото наше рибарско оправдување, абе за малце ми избега, ми се откачи, ми скина итн...
Ама бидејќи црнецот не простува., па ај нешто да научиме.
Избор на место
Изборот на самото место каде што ќе ловиме пастрмка ноќе, го правиме денски се разбира. Далеку е полесно да се направи избор доколку ловиме на езеро отколку на река. Имено , на река се бира место, кое денски не би го погледнале а камоли да зафрлиме таму, значи место со мирен бавен тек на реката, не мора да биде нешто особено длабоко, до половина метар е сосема доволно а најважно од се е, да самото место на обалата(не доаѓа во предвид никакво шлапање низ вода) од кое ќе зафрламе да биде чисто за манипулирање со трската, без гранки околу и слични закачки. Значи, скоро се во спротивно од дневната презентација. Ако во лето дење ја бараме рибата по брзаци и например на некое изгледно место зафрламе максимум два до три пати, ако има удар добро ако не, мењаме локација и така нонстоп, ноќе се бира едно мирно место и чекаме рибата да дојде.
А таа ќе дојде, бидете сигурни.
Избор на опрема
Опремата за ноќен спининг на капитална пастрмка, мора да биде максимало прилагодена на очекуваната големина на самата риба како и за тоа дека ако се закачи мамецот за некоја закачка во реката имате доволно јак конец да ја исправите трокуката и продолжите со риболовот. Не доаѓа во предвид палење батерија па преврзување или шлапање во вода да се откачи мамецот.
Особено е важно да имате квалитетна трска која ќе биде доволно јака и со помека(скоро параболична акција) зошто главниот терет на борбата ќе падне токму на неа, ова на крапџиите или сомџиите не треба да им го објаснувам. Не доаѓа во предвид користење на кочницата на машинката (на езеро може но само ако сте сигурни дека теренот-дното е чисто). Машинката во овој случај не мора да е некој бренд со посебни квалитети, зошто зафрлувате на река максимум 5-10 метра , а на езеро се разбира може и подалеку, но далечината на зафрлање во ноќниот спининг воопшто не е пресудна за успех(на река дури е непожелна) а понатаму ќе објаснам и зошто.
Избор на конец
Бидејќи реков дека трската треба да е со помека акција, сам по себе се наметнува заклучокот дека како основен конец треба да користме упредена струна со подвез од монофил или флуорокарбон, меѓутоа поради фактот што зафрламе на кратки дистанци, може да се употреби и монофил ако некој се навикнал на него, бидејќи неговата истегливост на кратки дистанци не е којзнае каква. Како и да е, немојте да штедите на квалитетен конец, а акцентот (особено кај подвезот) паѓа на јачина на чвор и отпорност на абразија.
И да, дебелината и носивоста е важна, и тоа како. Немојте да се плашите да ставите подебел конец, нема пастрмката да го види, ноќе е.
Избор на мамец
1. Воблери
2. Кашики
3. Спинери(блинкери)
4. Силиконски направии
Ова е редоследот според моето искуство.
Воблерите се број 1(и сега веќе единствен) за мене во ноќен спининг.
Моето искуство вели вака, величина 7-10цм, облик минов-плашка(никако бумбарести), ситна вибрација, длабочина на нуркање до 1 метар а пожелно е што помала, боја било каква со или без тропки, немам забележано никаква разлика во реализацијата.
Околу избор на боите се напишани цели фермани, сум пробал и со светлечки(фосфорни) воблери и, Ништо. Можеби оние со УВ премази би биле ефикасни, ама досега не сум можел да набавам.
За останатите мамци нема да пишувам затоа што постои(за мене) преголема разлика во реализацијата, а не дека не сум им давал минутажа и на нив во ноќниот спининг.
Избор на машинка
Тотално неважно.
Тактика за ноќен спининг
Тактиката се разбира е најважна, прво бираш место, па опрема, па мамец и?
И сега е најважното, доаѓаш дење, бираш место, чекаш најупорните рибари да се пакуваат и си одат(па темница е бе), и следи настап на правите рибари.
Доаѓаш тивко на избраната локација, ја палиш последната цигара за наредните саат време и ГЛЕДАШ и СЛУШАШ!
Кога после 5-10 минути се ќе се смири, почнуваш да зафрлуваш, почнуваш да фрлаш упорно, првиш пауза на воблерот, па повторно влечеш, да не ги именувам сите конкретни техники за спининг, ги знате.
90% од ударите ми се случија на помалку од 2 метра од мене, во рок од пола саат од почетокот!
Значи ударите беа на вадење на воблерот од вода за повторно да зафрлам?
Ова само по себе доволно говори за ефикасноста на ноќниот спининг и се она што претходно го напишав за далечината на фрлање и друго.
И на крај, капитална пастрмка не се лови секој ден .
Затоа оваа техника не е наменета за месари и останати буљаши-мрежароши,туку само за РИБАРИ.

АвторCOLON  spiro_jas [Сре Maр 28, 2012 7:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Со ноќен спининг во лето до капитална пастрмка

дибар текст само кој ке ги исконтролира тие наведените апаши да не го злоупотребат

АвторCOLON  Stole [Сре Maр 28, 2012 7:45 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Со ноќен спининг во лето до капитална пастрмка

коста НапишиCOLON
Затоа оваа техника не е наменета за месари и останати буљаши-мрежароши,туку само за РИБАРИ.
:lol: :lol: :lol: :lol: :lol: Кај ти текна за зборов :lol: :lol: :lol: :lol:
Инаку текстот е одличен али ова буљаши :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  коста [Сре Maр 28, 2012 7:48 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Со ноќен спининг во лето до капитална пастрмка

spiro_jas НапишиCOLON
дибар текст само кој ке ги исконтролира тие наведените апаши да не го злоупотребат
апачите немаат трпение за спортски риболов, затоа и пастрмките растат :lol:

АвторCOLON  Илчо [Сре Maр 28, 2012 8:19 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Со ноќен спининг во лето до капитална пастрмка

Убаво детално опишано и објаснето не ловам пастрмка али ќе испробам за некоја друга риба ;) :D :D

АвторCOLON  PERUN [Сре Maр 28, 2012 10:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Со ноќен спининг во лето до капитална пастрмка

jas imam prijatel koj lovi isklucivo noke brko go vikaat somgija e prvenstveno no dobro mu odi i so bijnikot,pastrmkata,klenot...Jas sum probal nekolku pati i toa denski gi spremav mestata secev grancinja,vadev gubrinja od vodata no nokta bez pogolemi rezultati,mozebi trba pocesto da odam.

АвторCOLON  ilija [Сре Maр 28, 2012 10:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Со ноќен спининг во лето до капитална пастрмка

Ti Perun poradi decata izgleda samo na noken ke mozas da odis :mrgreen: .
Bravo super tekst.Malku me podzamisli ova so pravenje na strategija.

АвторCOLON  PERUN [Сре Maр 28, 2012 10:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Со ноќен спининг во лето до капитална пастрмка

ilija НапишиCOLON
Ti Perun poradi decata izgleda samo na noken ke mozas da odis :mrgreen: .
Bravo super tekst.Malku me podzamisli ova so pravenje na strategija.
:lol: :lol: :lol: :lol: :lol: ako sakas te nosam denovive na super mesto top kako ova opisanoto.postepeno dlaboko od 40cm do metar i karsi ima dupka 2-3m kaj sto spie pasrrmkata.ima mesto za 5 dusi da fakaat

АвторCOLON  ilija [Сре Maр 28, 2012 11:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Со ноќен спининг во лето до капитална пастрмка

PERUN НапишиCOLON
karsi ima dupka 2-3m kaj sto spie pasrrmkata.
Vazi druze.Kako ne i e sram da spie na rabotno mesto :twisted:
Od sreda- drugata nedela.Denovive ne sum tuka.

АвторCOLON  bube [Чет Maр 29, 2012 12:34 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Со ноќен спининг во лето до капитална пастрмка

Ako se odi navecer na spining,pa koga ke pravime gezme.Skara,salata,rakija,spricer? ;) ;) ;)

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/