www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

Декемвриски бранцини
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=6567
Страна 13

АвторCOLON  saso [Нед Дек 11, 2016 7:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Декемвриски бранцини

Причини еден куп човек да се тргне од ова секојдневие и да отиде малку на чист воздух.
Најголемата причина е да се испроба новата трска која штотуку пристигна од Москва.
[ img ]
Нејзиното цело име е Daiko Tidemark Artesano Evoltia TMAES 95/10
[ img ]
Првата ја имам веке подолго време и според мене тоа е најдобра трска за лов на бранцин. Лесна, екстра брза и доволно јака да се избори со било која риба која може да се очекува при морски риболов од обала.
Со вторава само ја надополнив евентуалната потреба за појака трска, за поголема риба и за фрлање на потешки мамци како поголеми стикови и површинци, понекој џиг.
На овој риболов се покажа дека воопшто не сум згрешил.

Времето прекрасно, за шетање, за жал не баш добро за риболов. Ок, јас не отидов баш за риболов, отидов да прошетам и да подишам малку нормален воздух. Башка со фамилијата, сам без риболовните другари ....
[ img ]
Сепак риболовот на море во декември ( а и воопшто ) за да биде успешен потребно е малку пораздвижено море.
Ова не беше баш тепсија ама немаше бран.
[ img ]
Успеав некако да се изборам за еден претпладневен риболов и правец улив на Пиниос.
Ма какво изгрејсонце, уште пред да изгрее бев тамо. Лесно е кога си на 30 км. од местото, тешко е кога си на 350 км како што обично е наш случај. Ладно ? Абе колку и да е ладно ке се издржи.
Пиниос, каков што треб да биде, релативно мал и подизбистрен.
Гледам или поточно наслушнувам, како да има активност и ајде да видиме што ќе се случува.
Прво фрлање, двапати завртувам со машинката и одма удар, вадам и што да видам само главата од силиконецот останала. Одма ставај нов, да не се губи време, втори фрлање одма пак удар, овојпат ни главата не ја извадив, го прегризала флуокарбонот. Ајде по темница врзувај копча, ем ладно ем ти се брза ... Зазорува
Никој жив на улив. Од една страна добро а од друга значи дека не се вртела риба тука деновиве инаку ке вриеше од риболовци...
Фрлам пак и фрлам и фрлам и можно ли е да отиде рибава за 5 минути ?!?!?
Тука е. Ја имам на трска, скокна неколку пати и еве ја
[ img ]
Убава стрелка.
Ама силиконецот за во ѓубре.
Додека сменив поминаа пак неколку минути и како да ја снема рибава. Веке се раздени и сонцето изгреа.
Изнадојдоа и други рибари се испонаместија со дубинките. Дали можеби они ја исплашија ???
Еден саат флање без никаква активност и решив малку да сменам и да го побарам бранцинот.
Тој обично е доле на дно па решив да го барам со потешки силиконци.
Seabass Candy на Драшко Клачар се покажаа одлични
[ img ]
Набрзо на истиот силиконец се закачија три комада
[ img ]
[ img ]
Искрено не сум го форсирал многу но во иднина ке му давам добра минутажа, се покажа овојпат.

До пладне се собраа доста рибари а јас некако задоволен од сабајлешниот улов се спремив за заминување.
Сепак ова беше продолжен викенд со семејството а тоа што скубнав неколку часови на риболов беше само бонус.

За крај и една слика на инвалидите кој што верувам дека ке успеам да ги оспособам за некој нареден риболов.
Неколку силиконци завршија во устите на зубатиците и на нив им нема спас.
[ img ]
п.с.
Овојпат воопшто не ловеа воблери. Останатите рибари што пристигнаа подоцна форсираа воблери и оние нивни направии со васеркугла и Raglou и ништо не уловија. Силиконецот треба да се стави на прво место за бранцин.
п.п.с
Зубатицата и бранцинот не одат заедно. Ако има зубатица нема бранцин и обратно. Имаше пауза од ударите, кога ја снема зубатицата и активноста на површина ( рано наутро ) помина добри два часа додека се појави бранцинот.
п.п.п.с
На улив на река не фунционираат површинци.
п.п.п.п.с.
На улив на река морската риба е во долниот дел на уливот. Тамо е морската вода, потешка е од слатката.
Запамтете ги овие пост скриптуми.

Ајде сега да видиме кој победил на избориве....

АвторCOLON  sinooksk [Нед Дек 11, 2016 8:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Декемвриски бранцини

Секоја чест Сале, топ репортажа, уживанција за читање. Капа доле претседниче! :D Истиот силиконец од Драшко го имам, ама сум немал улов на него, сум го употребувал/злоупотребувал ама ете, секогаш има да се учи во оваа наша пасија. :~~ :NotWorthy:

АвторCOLON  kompir99 [Нед Дек 11, 2016 8:32 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Декемвриски бранцини

Ubav provod...a Sale glavnjari po dno imaat li efekt...bolji izbor se od silikoncive..dve trokuki i nemoze za rep da gi korne brancinot...

АвторCOLON  limun75 [Нед Дек 11, 2016 8:33 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Декемвриски бранцини

Силиконциве закон...А многу малце кај нас се користат,дали за солена или слатка вода.
Преубаво мајсторе :thumbs_up:

АвторCOLON  sinooksk [Нед Дек 11, 2016 8:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Декемвриски бранцини

Слабо им даваме минутажа, а за релативно ефтини пари, може да се земат доста ( количински), па интересни се и од економска гледна точка. :)

АвторCOLON  leunovo [Нед Дек 11, 2016 8:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Декемвриски бранцини

Odlicna reportaza Saso
so zadovolstvo ja citav nekolku pati
Bravo :~~ :~~

АвторCOLON  saso [Нед Дек 11, 2016 9:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Декемвриски бранцини

kompir99 НапишиCOLON
Ubav provod...a Sale glavnjari po dno imaat li efekt...bolji izbor se od silikoncive..dve trokuki i nemoze za rep da gi korne brancinot...
Уффф, не сум ги форсирал никогаш но мислам дека силиконот е број еден за бранцин.
Не сака он многу движење, треперење, брзина.
Чудна риба, итра, мислам дека сто пати може да му помине некоја варка и воопшто да не ја запримети и еднаш да му помине нешто што ке го изиритира - веднаш да нападне.
Постојат и таканарешени No Action силиконци.
[ img ]
Мислиш дека немаат опавче т.е. Shad завршеток на опавчето па не работат.
Вчера фрлав едно 10 минути со овој
[ img ]
Абе убавина да го гледаш како работи во вода каде има поголемо струење.
Со сигурност ке даде резултат при некое следно одење на улив.

АвторCOLON  vlado [Нед Дек 11, 2016 9:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Декемвриски бранцини

Odlicen ulov Sale i prekrasna reportaza. Bravo

АвторCOLON  Bobi_Brada [Нед Дек 11, 2016 10:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Декемвриски бранцини

Aууууууууууууу кој мерак. По сите овие изминати денови со перење на мозок на центрифуга да се прочита, подобро кажано да се види убав улов на риба. А и убава слика на изгрејсонце.

П.С.
  • Да не ти снема од буквите П

АвторCOLON  nenad [Пон Дек 12, 2016 1:08 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Декемвриски бранцини

Odlicno Saso, valjda ke ima sansa barem za uste eden vikend na more.

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/