www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

Репортажата што му ја должам на Филип :)))
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=6470
Страна 11

АвторCOLON  Fiksna [Пон Сеп 26, 2016 3:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Репортажата што му ја должам на Филип :)))

Ветено - Сторено.

Изминатата недела му ветив репортажа на Филип од моето следно рибарење, па се потрудив да си останам доследен на зборот.

Дестинација - Козјак.

Тргнување од Скопје во петокот попладне и доаѓање на локација околу 17:00.
При паркирање гледаме кола на местото - има некој. Се симнуваме надолу и кога долу гледам едно познато лице - Боби Брада.
Поздравување и падна договор да се позиционираме веднаш до него, со оглед на тоа дека наша цел беше попадиката.
Набрзина симнување, монтирање, крмење, позиционирање и испитување.
Веднаш почна да дава резултати. Длабочина околу 4.5 метри, мамец - пченица. Конец 12ка, јадица 12ка, тапа 2 грама (поради ветрот што беше присутен од време на време).
Рибата беше активна цела ноќ, додека во саботата преку ден, абер немаше од активност. Привите реализирани удари на попадика ги имавме поладнето (после 15:00).
Покрај попадиката, имаше улов и на друга риба (слики во прилог).

Воедно, морам да му се заблагодарам на Боби за дружбата и исклучителниот домаќинлак. Одлично поминат риболов, со многу муабет, малку ракија и вино и по некое парче месо.
Боби, дозволи да „ги пробам“ неговите Беркли параболици (додуша постариот модел), и несебично сподели свои ставови околу крапскиот риболов.
Секако, уловот кај мајсторот не отсуствуваше...

Не би должел многу. Погледнете дел од рибарењето и рибите...

АвторCOLON  makedonium [Пон Сеп 26, 2016 3:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Репортажата што му ја должам на Филип :)))

Екстра дружба на последната слика да утврдам локација (кооперација марков манастир) :D

АвторCOLON  Spaiva [Пон Сеп 26, 2016 5:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Репортажата што му ја должам на Филип :)))

А Браво, сте се нашле одлична екипа.

Фиксна со Боби нема промашај, прав домаќин е ако го посетиш на вода.

Секоја ви чест. :ok_ok:

АвторCOLON  Trasul [Пон Сеп 26, 2016 5:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Репортажата што му ја должам на Филип :)))

Убаво сте прошле со мевцето гледам се крчкало јако...Супер дружба,рај,психотерапија поубаво нема.
Ај следна сезона ќе ја направиме сесијата на Козјакис здравје Боже...

АвторCOLON  howitz [Пон Сеп 26, 2016 6:05 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Репортажата што му ја должам на Филип :)))

Шуќур! Браво, одлична дружба не знаев дека си пуштил и ти брада, треба да го смениш никот во Фиксна Брада :))

АвторCOLON  Fiksna [Пон Сеп 26, 2016 6:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Репортажата што му ја должам на Филип :)))

makedonium НапишиCOLON
Екстра дружба на последната слика да утврдам локација (кооперација марков манастир) :D
;) ;)

АвторCOLON  Fiksna [Пон Сеп 26, 2016 6:33 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Репортажата што му ја должам на Филип :)))

howitz НапишиCOLON
Шуќур! Браво, одлична дружба не знаев дека си пуштил и ти брада, треба да го смениш никот во Фиксна Брада :))
Пред 10тина дена ја скратив. Пред тоа ми беше ко на Боби.

И тоа што сме двајцата со бради не е случаност :D

Догодина и јас преоѓам во крапчии, па со Боби договараме екпа Брада Баитс :lol: :lol:

АвторCOLON  Bobi_Brada [Пон Сеп 26, 2016 9:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Репортажата што му ја должам на Филип :)))

Да знаеш како ми фалеше вашето друштво во недела.

На твое место во недела од сабајле дојде друг рибар и
додека не дувна ветер убаво си вадеше попадика.

Поздрав до повозрасниот дел од твојот тим.

АвторCOLON  Филип [Пон Сеп 26, 2016 9:32 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Репортажата што му ја должам на Филип :)))

Тaкa бе друже :~~ Неделaвa те чекaм нa чoрбa :)

АвторCOLON  Boris [Вто Сеп 27, 2016 4:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Репортажата што му ја должам на Филип :)))

Добри чашчиња, добри риби, добар колбас, добри бради.....Боби станал Христо Узунов :)
[ img ]

Одлична репортажа и да се множат и уловите и репортажите ...

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/