www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

Краток излет на Вардар
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=6368
Страна 12

АвторCOLON  Boris [Нед Jун 19, 2016 9:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Краток излет на Вардар

Денови на неколкудневен одмор и како куче одврзано од ланец одма џенем да се фаќа...каде, каде, со кој, сите во лига, наваму-натаму....моја желба беше да одам на Вардар Демир Капија на едно место на кое не сум бил едно 6-7 години, а за кое знам дека држи крап и сом. Информации кој да прашаш, рано е за крап, водата варирала, реки пуштале тантара пантара, ама искуство и интуиција е посилна од се, бев решен да идам. Успеав некако да го договорам Тафта и четврток после работа спремање и џенем дур се гледа.

Стигнавме на местото, обраснато, ниви, треви, коприви, долчиња, капини, дур стигнеш до река еж ќе родиш.
[ img ]
Кога виде Тафта каде го носам дамла го удри, ама што да прави нема назат, нема колата до газ, се потсети на времето кога и он акал по вакви места, земавме опремата и како амали мкни, тегни, пробивај се, некако успеавме на 3-4 пати да се пренесеме и на времево се препотивме 100 пати. Како и да е успеавме да стигнеме пред стемнување и веќе во првиот мрак фрливме трски да се бањаат.

Голем проблем беше што не пречека еден ветер кој на момент корнеше све и цела среќа што не бевме на отворено туку меѓу дрва. Сепак, таков ветер во комбинација со река која носи разни нешта значеше зачестени титки и на најмала осетливост на сигнализаторите. Со оглед на тоа што фаќавме блиску, решение најдовме да ги симнеме свингерите и да тераме без нив во надеж дека ако земе ќе ја распали на напред. Титките намалија, ние подкаснавме нешто и се фукнавме да спиеме со оглед на тоа што и не очекувавме многу првата вечер. Убаво отспавме, Вардар на вакви температури знае да понуди спас и бегство од пеколот.

Следниот ден водата почна да качува постепено и се запре на пладне. Удари немаше, времето пекол и под сенка едвај се дишеше.
Дел од местата
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Се коваа стратегии за престојната вечер, едно око беше фрлано и кон сомот.
[ img ]

Пробав на стаменување во неколку дупки со гумењаци, вечерта пуштивме и на кедер, а една жаба мораше и курбан да иде, сепак брко не не удостои со своето внимание на овој риболов.
[ img ]

Втората вечер исто без акција, без удар, почнаа првите сомнежи дека е промашување идењево, ми ѕвонеа зборовите на Аки дека било рано и сл...тоа е тоа...Тафта имаше работа, акција немаше, решивме сабајлето да си одиме и да поминеме од Мавровица да ги видиме овие во второ коло лига што прават.

Втората вечер исто ветер корнеше, свингерите повторно ги симнавме, без удар цела вечер, ама сабајлето не разбуди најубавиот звук на сигнализаторот. Трчање гз преку глава преку коприви и други пречки и за кратко трската беше во рака. Крапот беше тргнал кон сред Вардар ама кога осети контра директ се насочи кон паднато дрво. Со крајни напори и на граница да ми скине го сопрев и не му дозволив да влезе во дрвото. Наскоро по кратка борба дивиот се предаде и заврши пред објективот на Тафта.

[ img ]

[ img ]

Како див и како изваден од река која го нема изобилие, дивото си го најде патот за назат во Вардар.

Наскоро почнавме да го собираме кампот и полека почнавме да носиме кон кола. Кога стигнавме да ги збираме трските и родподовите свативме дека згрешивме што ги извадивме свингерите. На истата трска на која излезе првиот крап, малку потоа удрил уште еден, ама овој не го фатила паника да ја спрашти на напред туку тргнал назат и завршил под едно од паднатите дрва. Бидејќи немаше свингер не сме го сетиле и не сме ни реагирале. Си се уплеткал во дрвото асално, не најдовме начин да го извадиме и моравме да скинеме. Мука ни беше што не го сетивме ударот, што не го видовме колкав беше, а најмногу тоа што си одиме, а крапот тек почна да зима. Ама тоа е тоа, повеќе време и поголема сесија некој другпат.

Остана сатисфакцијата дека искуството и интуицијата не погрешија, Вардар сеуште држи убави риби и добро е што сеуште можеме да прелажеме по некој вардарски дивјак.

До некоја следна прилика поздрав до сите форумџии и БИСТРО
[ img ]

АвторCOLON  ico baits [Нед Jун 19, 2016 9:13 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Краток излет на Вардар

Reportaza ..Porno ..bravo

АвторCOLON  Филип [Нед Jун 19, 2016 9:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Краток излет на Вардар

Многу ми “зачестивте“ со крапскиве репортажи, мора утре сабајле да разбијам малку со една мушичарска репортажа :D

Браво за уловот во секој случај, уште поголемо браво за пуштањето назад :lepi:

АвторCOLON  vasil [Нед Jун 19, 2016 9:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Краток излет на Вардар

Многу убаво и што би рекол Аки - Вардар си е Вардар :fishing:

АвторCOLON  kompir99 [Нед Jун 19, 2016 9:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Краток излет на Вардар

Ubavo pominat den..bravo kolegi..samo pokraj voda....

АвторCOLON  Spaiva [Нед Jун 19, 2016 11:13 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Краток излет на Вардар

ФАТИ-ПУШТИ- РЕСПЕКТ МОМЦИ! :NotWorthy:

БРАВО - БРАВО - БРАВО

:~~ :~~ :~~

Ќе си гризнам што неможев да дојдам, ама во буквална смисла на зборот.

АвторCOLON  pirati [Нед Jун 19, 2016 11:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Краток излет на Вардар

Ubava reportaza ... bravo :~~ :lepi:

АвторCOLON  Bobi_Brada [Нед Jун 19, 2016 11:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Краток излет на Вардар

Браво Борис, одлично.
Викај следно одење на Вардар - ДК и пробаме нешто ново за брко. Нешто смртоносно како зборат.

АвторCOLON  akiribar [Пон Jун 20, 2016 3:48 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Краток излет на Вардар

kako mie krivo shto nemozhev da dojdam ke puknam :lol:
bravo majstorishta ;) bravo za fati i pushti :lepi: samo taka napred i bistroooo

АвторCOLON  limun75 [Пон Jун 20, 2016 7:07 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Краток излет на Вардар

Одушевува самата дивина,дива река,дива риба
...тоа е убавината :ok_ok:

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/