www.ribar.com.mk
http://ribar.com.mk/forum/

КОЗЈАК
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=17&t=117
Страна 1266

АвторCOLON  Poliz [Нед Дек 05, 2010 5:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  КОЗЈАК

Админот тука ќе се истакне со информации :D

АвторCOLON  Филип [Вто Феб 15, 2011 11:25 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК

Преземам слика од друг форум, пошо не сум ја видел тука, се надевам авторот нема да се љути за споделената информација ;)

[ img ]

2550 грама, фатена викендов на Козјак на кашика Мепс, сребрена со блага плава нијанса од половина и црвена тока, 12 Н грама и суспендер, длабочина 3,5-4м.

Риболовец: Бубе :)

АвторCOLON  kire [Вто Феб 15, 2011 12:37 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК

Браво за мајсторот-Бубе,мислам дека нетреба да се љути што е превземена сликата од друг форум.Навистина вакви капитални примероци се вистинска реткост овде во нашите води во Македонија,и треба да се споделат со нас вистинските спортски или рекреативни рибари за кои вакви улови во нашите води се вистинска радост.Уште еднаш БРАВО за мајсторот поготово што е уловена на најспортски начин. :D

АвторCOLON  Boris [Вто Феб 15, 2011 1:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК

Не е точно дека нема кај нас :D Мојата е 2.850 , види во репортажи :lol:
[ img ]
ИМА ЛИ ПОГОЛЕМА СЕГА А?!

АвторCOLON  filip030682 [Пет Феб 18, 2011 6:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК

Ajde malku pomos okolu informaciii za ezeroto sum bil ama sluzbeno do branata kade sto centralata imase ribari samo okolu mestoto kaj sto se spusta patot do ezeroto dali od taa strana ima dobri mesta za ribolov i dali moze da se lovi bez camec vo toj del tuka vo blizina na branata

АвторCOLON  kire [Пет Феб 18, 2011 7:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК

Тука околу браната изборот е тој,има неколку места десно од кај приколицата каде што даваа дозволи,па по едно стрмно патче надолу,или по патот каде што се спуштаат колите.На првото место по стрмното патче имаш огромна длабочина и по мене риболовот е на шашма,од другата страна каде што се спуштаат колите и чамците е голема гужва, и цел ден ке се изнаслушаш брчење на пенти.Имало уште еден пат се одело пешки некаде слично како од Бегниште до Тиквешко,ако си одел ке ти е јасно,ако не добри 1-1,5h пеш во еден правец,таму не сум бил,ке ти каже како е некој друг :lol: кој бил натаму.Најдобро е со чамец нагоре,а за тоа батка ке бараме помош од другите зошто не сум бил и јас.По последниве случувања и јас си ја подмачкувам пентата и се врткам околу маестралот. :lol:

АвторCOLON  Филип [Пет Феб 18, 2011 9:33 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК

kire НапишиCOLON
Имало уште еден пат се одело пешки некаде слично како од Бегниште до Тиквешко,ако си одел ке ти е јасно,ако не добри 1-1,5h пеш во еден правец,таму не сум бил,ке ти каже како е некој друг :lol: кој бил натаму.
И да не го дознаеш! :)
Пола саат надоле, саат ипол нагоре, 2 дена во кревет со тешко воспаление на мускули, а да не ги спомнам пештерите од каде што во секој момент очекуваш да ти истрча некоја мечка :)

АвторCOLON  kire [Пет Феб 18, 2011 10:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК

Богами ако искочи мечка за 5 минути си горе, можеби и се исплати, само после една недела лежење во кревет. :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  filip030682 [Саб Феб 19, 2011 2:06 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК

a imali dobri mesta tuka na nekoj kilometar od branata imam camec ama nemam penta ke veslame malku site se falat deka ima riba ama ne sum bil pa zatoa ovaa godina mora da pravime nekoja proba okolu dozvolite kako e kade se zima dnevna znam na barakata pisuva cena ama vikaat toj cuvarot nigde go nema

АвторCOLON  Boris [Пон Феб 21, 2011 7:45 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК

Чуварите ќе те најдат уште не распакуван :D шала, ќе те најдат каде и да си и на лице место 200, иначе за местата, ако имаш чамец имаш доста избор да истражуваш, само 2 заливи мислам дека се забранети, тоа е вториот голем од лево и после тоа уште еден карши здуње исто така голем залив. Иначе за местата без чамец, еве ти еден линк јас еднаш сликовито објаснував
http://www.ribar.com.mk/index.php?optio ... Itemid=116

Страна 1266 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/