RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk

И во 2020 година, сајтот http://www.ribar.com.mk и здружението РИБАР 2011 бесплатно им помагаат на риболовците што побрзо да извадат легитимација, или маркица за 2020 година, за оние кои веќе поседуваат легитимација.

Легитимацијата (Маркица за 2020 година) е годишна и ја издава МРФ (Македонска риболовна федерација). Истата чини 400 денари.

За оние кои веќе имаат извадено легитимација преку “Рибар 2011“ во претходните години, можат да уплатат 400 денари за маркица за 2020 година и со таа уплатница да си ја земат маркицата во канцеларијата на РИБАР 2011 во центар, карши Црвен Крст во високата кула некој од следните риболовни продавници низ Скопје: Рибоцентар во Тафталиџе 1, Рибарски приказни во Тафталиџе 2, Сара-Спорт на Битпазар, Мак Дам во Порта Влае, Миле Тапа во Мичурин или во Битола во продавницата Бистро Бт и кај Нико.

За сите останати, доколку сакате што побрзо да извадите Легитимација-Маркица за 2020 година, преку мејл доставете ни ги подолу бараните информации и уплатете 400 денари во банка или пошта на следнава уплатница. Веднаш чим уплатите известете не преку мејл дека е уплатено, испратете ни слика од уплатницата и ние во најскоро време ќе Ви ја извадиме легитимацијата-маркицата и ќе ви ја доставиме лично, или испратиме по пошта да Ви стигне дома.

Уплатницата пополнете ја на следниот начин:

uplatnica2017

Сите оние кои веќе имале легитимација (било која година во периодот од 2008 до 2019), нема потреба да доставуваат слика. Сите оние кои за прв пат ќе извадат легитимација, потребно е да достават слика во дигитален формат преку мејл. (сликата може да биде било каква на кое се гледа лицето на оној кој вади легитимација)

Потребни документи

ЧЛЕНОВИ КОИ ИМАЛЕ ЛЕГИТИМАЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2008 - 2019

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- БРОЈ НА СТАРА ЛЕГИТИМАЦИЈА

ЧЛЕНОВИ КОИ ПРВ ПАТ ВАДАТ ЛЕГИТИМАЦИЈА ГОДИНАВА

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- АДРЕСА
- ЕМБГ (Матичен број)
- БРОЈ НА ЛИЧНА КАРТА
- СЛИКА ВО ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ (СЛИКАНА, СКЕНИРАНА, СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА ЛИЦЕТО СЕ ГЛЕДА УБАВО)

Ве молиме податоците со потврдата за уплата и сликите да ги праќате на следниот е-маил:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,

Рибар 2011

ЦЕНИ НА ДОЗВОЛИ ЗА 2020 ГОДИНА

1. РЕВИР ВАРДАР 3 – СКОПСКИ:

НЕ ВАЖИ за фати-пушти ревир на река Треска од каскада во Долна Матка до брана Матка:

(ВАРДАР ОД РАДУША ДО СОСТАВ СО ПЧИЊА, ТРЕСКА ОД МАТКА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, ЛЕПЕНЕЦ ОД ГРАНИЦА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, КАДИНА РЕКА, МАРКОВА РЕКА)

- ГОДИШНА: 1800 ДЕНАРИ

- ПЕТНАЕСЕТДНЕВНА: 900 ДЕНАРИ

- СЕДУМДНЕВНА: 700 ДЕНАРИ

- ДНЕВНА: 300 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – ГОДИШНА 1400 ДЕНАРИ)

2. РЕВИР ВАРДАР 3 – СКОПСКИ:

ВАЖИ за фати-пушти ревир на река Треска од каскада во Долна Матка до брана Матка:

- ГОДИШНА: 4000 ДЕНАРИ

- ДНЕВНА: 600 ДЕНАРИ

3. ГОДИШНИ КОМБИНИРАНИ ДОЗВОЛИ:

ВАРДАР 3 + ПЧИЊА 2 (СКОПСКИ ВАРДАР, ПЧИЊА, ЛЕПЕНЕЦ, ТРЕСКА, КАДИНА, ЕЗЕРЦА БАДАР)

2800 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 2000 ДЕНАРИ)

ПУНКТОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ ЗА 2020

1. КАНЦЕЛАРИЈА НА РИБАР 2011 (СПРОТИ МРФ/ВАРДАР)
Работно време за издавање дозволи 09:00 – 14:00

2. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБОЛОВНА ОПРЕМА САРА СПОРТ БИСТРО, (СПРОТИ БИТ-ПАЗАР КАЈ ПЕРО)
Работно време 09:00 – 17:00

3. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА РИБОЦЕНТАР ВО ТАФТАЛИЏЕ
Работно време 10:00 – 20:00

4. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА МАКДАМ ВО ПОРТА ВЛАЕ
Работно време 09:00 – 20:00

5. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА ФИШЕРМАН ВО ПОРТА ВЛАЕ
Работно време 10:00 – 18:00

6. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА БЛИНКЕР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Работно време 08:00 – 20:00 ; Контакт телефон 075 296 706

7. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБОЛОВНА ОПРЕМА МИЛЕ ТАПА ВО МИЧУРИН, АЕРОДРОМ, Работно време 09:00 – 19:00

8. ЗСР ВАРДАР СКОПЈЕ, БУЛ.КОЧО РАЦИН БР.75, СКОПЈЕ
Работно време 08:00 – 16:00

9. КАФЕ БАР ФРЕШ, MATKA
Работно време 09:00 – 21:00
САМО ЗА ГОДИШНИ И ДНЕВНИ ДОЗВОЛИ ЗА ФАТИ-ПУШТИ РЕВИР НА РЕКА ТРЕСКА

10. Реон на Маџари/Сингелиќ – Вертиго Дизајн, преминот преку пруга со рампи кај Кванташки, најава/титка кај Давор на 078/327-955

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека од денес на сила е забрана за риболов на пастрмка на Вардар 3 - Скопски. Забраната ќе трае до 31.01.2020 година.
На реката Треска има целосна забрана поради мрест на пастрмката, контролите ќе бидат зачестени, со присуство на државен инспектор, а сите кои ќе бидат затекнати како ловат, ќе добијат пријава/казна.
За мрежари и риболовци со недозволени средства за време на мрест законот предвидува и кривични пријави.
На Вардар и Лепенец риболовот е дозволен за сите видови риби, освен за пастрмка. Чуварите во текот на овие месеци ќе ги проверуваат и чуварките на риболовците, па затоа веднаш пуштајте ги случајно уловените пастрмки назад во вода.
Бистро и чесно на вода!

На 04.05.2019, на реката Треска кај Скопје се одржаа 3-то и 4-то коло од Државната мушичарска лига на Македонија за 2019 година.
Домаќин на натпреварот беше Рибар 2011, концесионерот на Вардар 3 - Скопски каде што припаѓа и реката Треска.
Трето и четврто коло беа многу подобри во однос на временските услови и уловот, за разлика од првото и второ коло. Скоро сите натпреварувачи имаа улов.

Конечните резултати од лигата се:

1. Перо Стефков
2. Филип Серафимовиќ
3. Александар Цветановски

Благодарност до МРФ, концесионер РИБАР 2011, како и снимателите Радован Димитриевски од Рибарска Вистина и Илија Бојаровски од Ловечко око.

Малку фотографии во прилог.

Понеделник, 22 Април 2019 10:00

Урбано мушичарење на Крива река

Во саботата, на покана на концесионерот Мрена од Крива Паланка, отидов на риболов на Крива река. Ги викнав со мене Пепи и Зоки, малку да ја прочешламе реката во делот кој тече низ градот и каде што има трајна забрана и никој нема ловено од 2009 година. Поентата беше да се провери дали држи пастрмка градскиот дел.
Водата беше зголемена од снеговите што се топат горе на планините каде што извираат Крива река и некои нејзини притоки, водата беше доста ладна и рибата слабо активно. Сепак, како одминуваше времето, рибата стануваше поактивна и извадивме неколку убави примероци на пастрмки. Има 13 каскади во градскиот дел, дел од нив се срушени и направени повторно со “скали“ за рибите, а дел ќе се рушат и преправаат наскоро. Убаво рекиче, со доста потенцијал, природна храна, убави и здрави диви пастрмки кои пружаат одлична борба и уживање :)

Ловевме неколку часа, фативме 20-тина риби и договоривме уште еден риболов за месец дена отприлика. Концесионерите се покажаа како одлични домаќини, благодарност за нив за гостопримството и дружбата.

Вчера, поради чистење на езерцата во градски парк, направивме акција за спасување на рибата и порибување со истата на реките Вардар и Лепенец.

Вкупно порибивме со речиси 2 (два) тона крап, клен, бојник, костреж, црвеноперка, караш, бодорка, а оставивме извесна количина мешана риба на чување во Институтот за рибарство, за да се порибат повторно езерцата кога ќе се наполнат со вода.

Голема благодарност за одличната соработка до Град Скопје и комуналните претпријатија под нивна надлежност.

Во петокот беше прв дозволен ден за риболов на пастрмка, како кај нас на Треска, така и на Радика. Тие што беа во петокот на Радика поминале тапа, па повеќето што требаше да одат денес се откажаа, не јадело.
Јас и Цакуле решивме сепак да отидеме и да си ја пробаме среќата.
Радика бешее многу мала, како да е крај на август. Ладна и без никакви знаци за активност на риба. Сепак, уште од самиот почеток на денот се покажа дека ќе биде интересен денот. Мали риби воопшто немаше, се што удри беше над 300 грама. Извадив 3 поголеми и неколку помали, од кои најголемата беше 54 см. Изгубив и три убави риби на вадење. Со Цаки ловевме на мали нимфи #16 и #18, сите на барблес јадици.
Уживајте во убавините на Радика.

Страница 1 од 28

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija