Испечатете ја страната
Цикада

Цикада

Бубачка која ги „убива“ рибите без разлика на годишното време

На почеток сме на сезоната кога сите правиме припреми ги спремаме мамците и опремата. Ме заинтересираја „Цикадите„ како вештачки мамци па решив малку да истражам по интернет за неа.

Цикадата е голема бубачка, „дебела“ како нагоена свиња, па затоа не е ни чудо што ја напаѓаат многу видови на риби од Бас , Сом , Клен , Штука , Костреж па дури и Сунчарката сакајки да добие супер голем залак. Постојат два видови на цикада и тоа : Годишна цикада (dog-day cicada) која се појавува секое лето во крошните на дрвата и периодична цикада која се појавува на секои 13 до 17 години (во зависност од локацијата) и тогаш ја има во милиони. Ако најдете цикада на некоја гранка слободно може да ја земете во рака бидејки иако е толкав инсект таа не каса. Ако е жива можете да ја користите како мамец на површината а таа би плутала и со своите крила ќе прави специфичен звук и вибрации што ги привлекува рибите. Ако е мртва таа тони полека. Ова е едно мало претставуванје на инсектот цикада по кој и го добиле името овие мамци.

Цикадата е замислена како копија на инсектот т.е оловното тело го претставува телото на инсектот а лимот се крилјата кои даваат големи вибрации емитирајки ја живата цикада. Тие обично имаат по две трокуки и по неколку отвори за закачвање во зависност од тоа со која брзина ќе влечиме да имаме поголеми или помали вибрации. Се произведуваат во различни големини и дизајни.

Но мамците цикада не е само овај пример има доста производители кои произведуваат цикади кои се налик на инсектот и на кои при влечење крилата им ги создаваат вибрациите еве еден пример на сликата:

Секако дека многу светски реномирани брендови исто така произведуваат цикади како на пример Даива(DAIWA DROWN CICADA)

Целиот облик на цикадата го сочинува телото нејзино кој е карактеристично обликуван во форма на триаголник и отежнувањето кое формира целина заедно со трокуките кои се најобично 2 пара. Како втор фактор за успехот на овој вештачки мамец е дупките кои се наоѓаат на врвот на грбот, тие служат како јачина на вибрација со оглед на тежината на главата и секое ниво носи свој интензитет на како и обликот и местолокацијата на дупките. Со помош на шнола ги користиме тие дупки како потенциометар за јачината на тие вибрации во зависност од тоа колку треба и колку сакаме да го провоцираме грабливецот во водата.

Декорот кој го користиме кај цикадите може да биде во најразлични варијанти на металот (златна, сребрена, мат, сјајна итн) како и до најшарените или природните декори. Обично се користат најуспешните природни декори иако најголемите улови доаѓаат од вибрацијата нејзина. Најголемите обожаватели во вода на овој исклучително добар вештачки мамец се кленот, кострежот, сумѓ, штуката, сомот, буцовот, а многу често во големите и длабоки езера се случува и пастрмката да биде добар гостин, така да може да се каже дека е крајно универзален мамец. Тежината и начинот на ловење на овој мамец зависи од водата, нејзиното метално тело дозволува да биде лесно тонливо во длабоки води во зависност од грамажата и големината при што тој факт мора да се земе секако во обзир. Најголем успех имаат во брзи води и во длабоки езера, во поголеми реки и брзаци е неприкосновен противник на сите воблери затоа што ја користат потисната сила на водата и достигаат до перфектна вибрација во горните слоеви. Вториот начин на водење на овој мамец е да се спушти до самото дно (на терените каде што е возможно) и да се убрзува и успорува интервално, нешто како џигинг тактика на водење на мамец со тоа што добиваме цик-цак правец и пребарување на сите слоеви на дното во зависност од вегетацијата односно може слободно да се истражува и да се пробува многу начини на модерен риболов со цикадите. Единствена мана кај цикадите е што се премногу осетливи на терени каде што има ситна вегетација или пак езера и води каде што има многу густа „шума“ во водата, тие освен што ја убиваат вибрацијата туку можат и да ја закочат тотално мамката и да остане таму засекогаш. Исто така при зафрлање се случува трокуките да се заплеткаат меѓу себе и да се осети прилично „мртва“ вибрација на трската, во тој случај ја вадиме и ја отплеткуваме. но со текот на времето и искуството не претставува никаков проблем.
Искуството како најголем фактор вели дека мораме да го имаме овој мамец во приборот доколку сме сериозни спинерџии и риболовци на вештачки мамци затоа што со својот систем на работа чикадата претставува уникатен во својата бранша.
Најзначаен производител е секако Reef Runner меѓутоа на нашиот пазар се наоѓаат локалните DAM чикади, Брзотрз, Лав и Спинер по прилично нормална и пристапна цена.

И на нашите простори е секако цикадата познат мамец и се произведува и во Македонија(Фишерман цикада) но и во соседна Србија (Брзотрз и Главињара). Македонската циката повеќе наликува на оригиналната америчка цикада, додека пак производителите од соседна Србија практикуваат да стават бои и дезени кои се користат кај воблерите со тоа што таквите цикади работат со големи вибрации но наликуваат по боите на воблерите.

Оваа техника на изработка на мамци кајнас позната под името цикади се употребува исто така и за изработка на мамци кои не се налик на инсектот цикада него имаат лик на риба а со формата добиваат големи вибрации

Бидејки се направени од метал често се доста отпорни на механички оштетувања а најчести оштетувања се луштење на бојата при удар на камен или слично. Цената на цикадите кај нас е околу 150 денари со што ги прави пристапни и составен дел од кутијата на секој вараличар.

Прегледано 7230 пати

Галерија