Сбирулино

Сбирулино

Едно од најретко употребуваните методи на риболов кај нас е секако Сбирулиното. Што преставува Сбирото? Често нарекувано тапа за воблерџии и блинкерџии, тоа е едноставна направа која има разни облици, бои и тежини се во зависност од производителот. Сбирото е всушност алатка за што подалеку исфлање на посакуваната вештачка мамка. Најмногу својата примена ја наоѓа во Италија каде со него се лови пастрмка и костреж на далечини кои се невозможни да се достигнат со зафлање од брег. Сбирото се изработува во три варијанти: тонечко, пловечко и лебдечко или суспендинг во определена длабочина.

Како се монтира Сбирото: на основниот конец се нанижува Сбирото, кој тип определува самиот риболовец, потоа доаѓа некаква заштита на чворот, дали е силиконска гумичка, стоппер, по избор, потоа доаѓа тројна вртилица, или тројна осмица без копча,

1

па предвезот во должина од 60-120см во зависност од мамецот кој се употребува, предвезот најдобро е да биде флуорокарбон или монофил со поголема носивост, и на крај доаѓа мамката.

2

3

4

Улогата на тројната вртилка е да го спречи увртувањето и замрсување на конецот бидејќи тежината на мамецот е многу мала во однос на онаа на сбирулиното и целокупниот притисок на мамецот е голема. Во зависност од периодот од годината во кој ловиме зависи и употребата на различен модел на Сбиро. Интересно кај оваа алатка е тоа што тонечката варијанта дава скоро еднаква акција на мамецот при тонењето или спуштањето на одредена длабочина како и при повлекување кон себе. При зафрлување на системот задолжително е да се задржи конецот пред падот во водата со што лесната мамка би одлетала пред тешкото Сбиро. Повлекувањето е во зависност од афинитетите на риболовецот и рибата што ја лови па така може да биде константно, со паузи доколку се користи тонечко, со тресење на трската при повлекување и сл. Контрата по ударот на рибата не треба да е прејака бидејќи растојанието од мамецот и риболовецот е прилично голема и може да дојде до пукање на конецот

На сликите е дел од мојот арсенал наменет за ваков тип на риболов, а во недостиг на тројни вртилки и една моја изработка, односно три обични осмици без копча поврзани меЃу себе со обични алки кои најчесто ги вадам од воблерите.

Во Европа овој начин на риболов има своја голема примена па така големите производители имаат цели програми наменети за овој начина на риболов, од трски со специфична јачина и должина која се движи од 3.90-4.90, машинки, конци, јадици, па дури и специјални циликонски црви. Од друг тип на мамец се употребува комбинација на ларва со бела боја и парче црн црв, блинкери со најмала големина и тежина, стримери.

Пробајте и Бистро

Прегледано 1107 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija