Воблери за сом

Воблери за сом

Колку е лесно да се пишува за ова толку е и неблагодарно. Лесно затоа што постојат воблери кои се фаворити за лов на сом, а неблагодарно затоа што сомот може да се фати на било кој воблер.
Сомот е нашата најголема риба. Колку што видот му е лош толку мирисот и осетот на движење (вибрација) му се развиени.
Најчесто се наоѓа при дното од реката или езерото, скриен или улежан во некои подлабоки вирови, но често и во дупки во приобалата.
Кога е во оваа состојба е тешко да се улови. Потребно е трпение и воблери кој ке му шетаат покрај носот, кои ќе прават јака вибрација и тропкаат.

Се со цел да се разбуди од таа негова летаргија, да го нападне воблерот заради тоа што е гладен или пак заради тоа што некое мало рипче му се шета пред нос и го нервира.
Бидејки се наоѓа во подлабоки дупки и вирови потребни ни се воблери кои одат подлабоко, кои имаат широка и голема пакта, и тука изборот е прилично голем.
Рапала има или поточно имаше неколку воблери кој одлично го ловеа и сеуште го ловат.
Го има сеуште Shad Rap-от.

Го имаше (за жал не се произведува повеќе) Ratlin Fat Rap-от.
DT Серијата која е одлична за сом, но мене лично не ми се допаѓа што окцето од пактата не оди низ телото на воблерот туку само е прицврстено на пактата.
И некои нови кои се страшно бучни бидејќи имаат метална тропка по ширина на целото тело од воблерот - clack.
Storm со Wiggle Wart и поголемиот брат Mag Wart-от.
Од поегзотичните Deep X 300 на Megabass, лупа, тропа, оди длабоко и вибрира страшно јако.
Скоро и да нема производител кој во својот асортиман нема по некој воблер за лов на сом. Salmo има неколку одлични модели Fatso crank, новиот Hornet од 9 cm.
Luhr Jensen Hot lipps.
DD 22 од Bill Norman.
Легендарниот стар и добро познат Sheakspeare Big S.
Одлично ловат и големите Ujka.
Grdo Pajce, Antax има еден добар, VB исто така, се наоѓаат и рачно изработени од мајсторите Крунџа, Мато, Вуњак, КЗВ...

Ова беа воблери кои се користат кога сомот е во длабоко и кога треба да се разбуди. Друга е приказната кога сомот е активен, лови, брка. Тука нема многу филозофија, ќе нападне скоро се што ке му пројде покрај него и што ќе му заличи на плен.

Меѓутоа она што се бара од воблерот за лов на сом не е само да тропа, оди длабоко и јако вибрира, потребни се јаки трокраки, јаки окца и копчи. Ретко кој воблер може да се пофали со такви па најчесто веднаш по купувањето треба да се заменат постоечките со нови, појаки и поостри. Сепак никогаш не знаеш кога ќе удри големата риба на твојот живот и штета би било да ја испуштиш заради тоа што се исправила трокраката или попуштила копчата.
А сомот знае да го направи и тоа.
Заради специфичноста на неговата уста (четките што му се на горната и долната страна на устата) често тешко се закачуваат и острите трокраки, знае дури и да ја ,, згужва,, трокраката и да го ,, плукне,, воблерот.
Најсигурно е доколку го има усисано воблерот и тој му е закачен во шкргите.
Во врска со водењето на воблерите и нивното одбирање би можело многу да се зборува, но воглавно се водат со правење на поголеми паузи и со полна концентрација.
Зошто со полна концетрација ?
Затоа што сомот многу често знае да го ,,застане,, воблерот. Во тој момент ако не се даде адекватна контра, толку беше муабетот. Бидејќи овие воблери одат длабоко чести се закачувањата на камен или гранки. Тука е потребно да се направи разликата помегу гранка или сом. Затоа контрирај подобро еднаш повеке него еднаш помалку.

Да се надеваме дека годинава ке биде поберикетна.

Прегледано 2396 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija