RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk
Среда, 24 Февруари 2016 15:34

Тиквешко езеро

Тиквешкото езеро по површина е најголемо вештачко езеро во Р.Македонија. Езерото е настанато во 1968 година со преградување на кањонот на реката и со изградба на брана висока 104 m. Браната е изградена од нафрлан камен со глинено јадро чија должина изнесува 338 m.

Географија и основни податоци

Тиквешкото езеро се наоѓа во јужниот дел од држвата во кањонот на реката Црна и е одалечено 12 км од Кавадарци, односно 3 км јужно од селото Возарци. Се наоѓа на надморска височина од 165 м и има конусна форма, а се протега во правец северо-југ. Тиквешкото Езеро на север се граничи со вештачки создадената брана во близина на с.Возарци, на исток со атарите на населените места: Брушани, Ресава, Бегниште и Куманичево, како и висорамнината Витачево, на запад се граничи со атарите на с.Добротино, Праведник и планината Вишешница, а на југ со Мрежичко и Клиново.zajdisonce tikvesko

Тиквешкото езеро е најголемо вештачко езеро по површина , длабочина и по должина во нашата земја, а второ по вкупното количество вода во него. Езерото има површина од 14 км, во должина од 28,5 км, а просечно е широко 500 м. Најголемата длабочина на езерото изнесува 105 м. Вкупната бруто-зафатнина во езерото изнасува 475 милиони m³ вода. Водата од Тиквешкото езеро се користи за наводнување и за добивање на електрична енергија. Наводнувањето се врши преку хидросистемот „Тиквеш“, а во близина на браната е подигната хидроцентралата Тиквеш.

Како главен извор за полнење на вода на Тиквешкото езеро се Црна река и Драгор. Температурата на водата во Тиквешкото езеро за време на летниот и есенскиот период изнесува 24 С°. Ова го прави езерото привлечно како за бројните капачи така и за љубителите на најразличните спортови на вода.

Варовничко-геолошката положба на крајбрежјето придонесува за присутноста на пештери, пропасти и јами.

Флора и фауна

Тиквешкото езеро изобилува со различни видови на животински свет и изобилие на слатководни видови на риби. Во овој природен резерват има регистрирано повеќе ретки птици-грабливци.orel

somВо Тиквешкото Езеро се констатирани повеќе видови риби од кои предмет на стопанската експлоатација се:

• фамилија Cypimus caprio (краповидни) и тоа: крап, караш, толстолобик, црвеноперка, клен, скобал (бојник), белвица, линјак, мрена и др;

• фамилија Perca fluviatilis (костреж), претставници перкија и костреж;

• фамилија Silurus glamis (сом) се единствен претставник сомот, кој достигнува до два метри во должина и тежина преку 100 кг.

Среда, 24 Февруари 2016 15:26

Козјак

Акумулацијата "Козјак" е најголемо вештачко езеро по површина, длабочина и по должина во нашата Република, а пред се по вкупното количество вода во него. Браната која ја има е со висина од 126.1 м и со која е пресечено течението на реката Треска, е почната со изградба во 1994 год., а завршена е и пуштена во употреба во 2004 год. Освен по својата природна убавина езерото е познато и по богатиот рибен фонд.

Основни податоци и географија

Козјак е езеро долго 32 километри, некаде е длабоко и 130 метри, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнасува 400 метри. Се наоѓа на надморска височина од неполни 300 метри. Основата на браната е 500, а круната или врвот 310 метри. Тоа е најдолго вештачко езеро во државава. Вкупниот бруто волумен на акумулацијата изнесува 550 милиони м3 вода, а има корисен волумен од 260 милиони м3. Се наоѓа на надморска височина од 471 м.

Езерото се наоѓа на околу 25 км. низводно од вливот на реката Треска во реката Вардар. Водата од акумулацијата се користи првенствено за хидроенергетски цели, но претставува и регулирана вода за низводните хидроцентрали како и вода за наводнување на Скопско Поле.

Во акумулацијата Козјак ихтиофауната е составена од поголем број на видови кои припаѓаат на поголем број на фамилии.

Од видовите на риби се среќаваат:

- Поточна пастрмка

- Крап

- Виножитна пастрмка

- Клен

- Бојник/Скобуст

- Мрена

- Попадика

- Плашка

- Караш

- Гомнушка

- Кркушка

- Јагула

Не е исклучено во акумулацијата да се среќаваат и други видови на риби кои се спорадично ,или инцидентно уловени. Според согледувањето на теренот акумулацијата Козјак овозможува поголем број на искористување на незиниот ихтиолошки потенцијал.

На акумулацијата Козјак е можен рекреативен риболов преку целата година на цела површина на акумулацијата. Акумулацијата Козјак преставува атрактивна зона за сите рекреативни риболовци.

На акумулацијата Козјак е можно и организирање на спортски риболов преку целата година.

За успешна реализација на физичката заштита на рибниот фонд од акумулацијата Козјак има рибочувари.

Посебни мерки за заштита на природните плодишта на крапот, кленот, скобустот, мрената и поточната пастрмка се состојат во нивно одржување, а особено е нивната физичка заштита од рибокрадци за време на интензивниот мрест постојано се следи состојбата на автохтоните рибни популации како би се овозможило навремено порибување исклучиво со автохтонен рибен подмладок а се во согласност на законските прописи.куќарка на вода

Доколку во наредниот период се овозможи успешно одвивање на природниот мрест на сите економски значајни риби би можело да се одржува во оптимални рамки и со сопствениот мрест. Со темпото на растење на поедини видови на риба, возрасната и половата структура на нивните популации во акумулацијата Козјак во текот на наредните 6 години од акумулацијата може да се изловат 90-120 тони риба од сите видови.

Големина на риби под која не смеат да се ловат

Поточна пастрмка 25см

Крап 35см

Виножитна пастрмка /

Клен 25см

Скобуст 25см

Мрена 25см

Вардарка /

Попадика 15см

Боцкалка /

Се забранува ловење на одредени видови на риба во акумулацијата Козјак:

- пастрмка од 01. Октомври до 15 Февруари

- крап од 01. Април до 30. Јуни

- клен од 01. Мај до 31. Мај

- скобуст од 01. Април до 31. Мај

- мрена од 01. Мај до 30. Јуни

- попадика од 01. Мај до 30. Јуни

На акумулацијата Козјак е дозволен рекреативен риболов. За пастрмката се дозволува рекреативен риболов - блинкер со влечење, со ограничување на 12 ловни дена во годината. За останатиот рекреативен риболов се дозволуваат две риболовни трски со по три јадици на трска или три риболовни трски со по една јадица (со или без машинка). Дозволен дневен улов изнесува: поточна пастрмка до 4 примероци, виножитна пастрмка неограничено, крап до 2 примероци, клен и скобуст до 5 кг мрена и попадика до 3 кг.

 

Среда, 24 Февруари 2016 15:13

Мавровско езеро

Основни податоци и географија

Мавровското Езеро се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија. Се наоѓа на 1200м надморска височина меѓу шумовити и високи планини. На југ е заградено со шумовитата и тревна Влаиница, а на север со огранците на Шар Планина. Над езерото од сите страни се издигаат високи листопадни и иглолисни шуми, кои се огледуваат во бистрата езерска вода. Тие му даваат посебна убавина и изглед.

Мавровското Езеро е долго 10 км, а широко од 5 до 3 км. Најголемата длабочина од 50м ја достигнува во близина на браната која е висока 54м, долга 210м и широка 5м. во основата браната е широка 286м и во неа се вградени 705 000 м3 материјал.

Денес езерото освен со помалите притоки со вода се полни и од реката Радика. Канализираните води на оваа река се користат за добивање електрична енергија и за наводнување. Во зимскиот период езерото замрзнува секоја година.

Мавровското Езеро е порибено со Пастрмка и со други риби, а околината му е богата со разновиден дивеч.

Потекло

Сè до 1947 година на местото на денешното езеро се наоѓала Мавровската котлина низ која течела Мавровската Река. Тогаш на реката на излезот од котлината и бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Така котлината започнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровското Езеро. Новосоздаденото езеро поплавило 1370 хектари земјиште претежно под ливади и акумулира околу 357 милиони м3 вода.

Туризам

Маврово е вистински предизвик за секој љубител на природата. Зелените нијанси на Бистра, остриот воздух, тишината, езерскиот брег, водата, сето тоа е доволен поттик да се посети мавровско и да се ужива во неговата околина.

До Маврово може да се стаса со автомобил, но има и редовни автобуски линии. Може да се преноќи во некој од повеќето хотели или во изнајмена викендичка. Ако сте само за излет, може да се сместите каде било околу езерото и таму да кампувате. Најпопуларни места околу езерото се местата Црн Камен, Крстови, Леуново, Никифорово, кои се препорачуваат за поголеми групи излетници, но добро е и секое друго катче што сами ќе си го изберете.

Ако ви недостасува планинарење, можеби добро ќе ви дојде да го следите патот на овчарите и да направите излет во некое од околните селца, каде ќе наидете на топло добредојде и прекрасни селски специјалитети.

Риби и риболов

За љубителите на риболовот е важно да се нагласи дека езерото во изминатите години е збогатено со разни видови на риба, пред се со пастрмка. Воедно, во езерото има популација од клен, плашица, но може да се улови и шаран и некој друг вид на риба. Во деновите на викендот на мавровското езеро има голем број на риболовци.

Во чест на членот на РИБАР 2011, Никола Милевски, кој почина на 31.12.2015, повторно ја објавуваме првата репортажата од првиот куп на инвалиди на Град Скопје, кој го организиравме од 2013 до 2015 година, на негова лична иницијатива и залагање.

----------------------------------------------------------------------------------------

“Исти како и сите нас, но сепак различни. Инвалидите не се луѓе за кои се зборува често. Тивки, ненаметливи, скромни и благодарни за секој гест направен за нивна поддршка и почитување. Овој пат, нашиот гест беше да им организираме дружење поврзано со риболовот, како хоби пред кое сме сите еднакви и кое не поврзува сите нас, љубителите на риболовот“ - Риболовно здружение РИБАР 2011.

Вчера, 02.06.2013 година, успешно беше организиран КУП НА ТЕЛЕСНИ ИНВАЛИДИ НА ГРАД СКОПЈЕ- риболов на пливка.

Настанот беше организиран од страна на Риболовното здружение РИБАР 2011, во соработка со Сојузот на телесни инвалиди на Град Скопје и поддржано од Македонската Риболовна Федерација. Истиот се одржа во градскиот парк во Скопје, во времетраење од 2 часа, по што се пристапи на доделување на награди и продолжување на дружењето помеѓу учесниците.

Со надеж дека започнавме убава традиција, се обврзуваме истата да продолжи и со други вакви настани и на ниво на Република Македонија.

1

2

3

4

5

Најстариот учесник на натпреварот, член на РИБАР 2011, Никола :)

7

8

13

Дружбата продолжи во ресторанот Вршац, каде што беа доделени награди за првите три места, како и за најмлад и најстар учесник. На сите натпреварувачи дополнително им беа поделени дипломи за учество на овој Куп, кој ќе прерасне во традиција.

16

Третопласираниот, Васе Стојановски

17

Второпласираниот, Методија Мирчевски

18

Победникот на купот, Селим Орхан

19

20

Благодарност и до сопственикот на Сара-Спорт, Перо, кој излезе во пресрет на телесните инвалиди и на сите им подели Owner јадици и други ситни подароци, и обезбеди дел од наградите за победниците.

Бистро!

stopМесеците Мај и Јуни се месеци на мрест во кој ние рибарите треба да знаеме да се воздржиме од одење по риба и особено треба да се воздржиме од зимање на риби кои се во мрест.

На многу води низ Македонија има концесионери кои по редот на нештата треба да се грижат за поуспешно мрестење на рибите. Некои се грижат, некои помалку, некои воопшто. Има и води кои што немаат концесија и на кои е забранет риболов, но сепак некои риболовци ризикуваат големи казни и ги напаѓаат и овие води. Оние кои треба да водат грижа во најголем дел се концесионерите, чуварите, инспекторите и полицијата. Но се чини дека најголем чувар на идниот подмладок од риба низ Македонија е свеста на луѓето. Токму затоа треба да бидеме свесни дека: во овој период Мај и Јуни (секако во зависност од временските услови и топлината на водата) се мрестат Црвеноперката, Лињакот, Кркушката, Крапот, Кленот, Сомот, Бојникот, Мрената, Попадиката, Кострежот, Смуѓот и други видови риби (освен Пастрмката и Штуката чиј мрест е веќе поминат)

Концесионерите веќе ги имаат истакнато датумите на забрани за 2016 низ цела Македонија и истите може да ги најдете ТУКА.

Почитувајте ги забраните и помогнете за повеќе риби во нашите реки и езера.

Колку е битен мрестот говорат бројките кои ќе ги видите подоле, кои говорат колку од прилика јајца (идни рипчиња) може да снесе полово зрела женка од некоја од видовите риби.

Крап од 200.000 - 700.000 јајца (икра)
Клен од 50.000 – 200.000 јајца (икра)
Бојник од 50.000 – 100.000 јајца (икра)
Мрена од 3000-8000 јајца (икра)
Сом може да снесе до 500.000 јајца (икра)
Попадика 80 000 - 200 000 јајца (икра)
Костреж положува и до 200.000 јајца (икра)

Ваквите бројки укажуваат дека ниту едно порибување неможе да даде допринос за богатството на риби во македонските води колку што е успешниот мрест на рибите. Но, во исто време, овие бројки укажуваат дека и штетите по рибниот фонд од рибокрадците и риболовците со слаби етички и морални вредности, во овој период се огромни.

Токму затоа, во овој период рибите треба да се остават на мира да си ја завршат својата природна функција и треба воздржување од риболов. Но и да се најдете во овој период на некоја вода, имајте совест и размислувајте за иднината. Сетете се на овие бројки во секој момент кога ќе помислите да земете 5 кркушки, 3 клена, 2 мрени, 2 крапа, еден сом, или по две три кила црвенпоерка, или попадика. Сетете се дека не зимате само неколку риби, туку уништувате милиони риби кои треба да излезат од тие риби вие што ќе ги земете. Кога ќе ви текне да спремате, или ќе ви понудат чорба од икра, или плескавици од икра, сетете се дека таа чорба или плескавица е напрвена од илјадници рипчиња кои не дошле на овој свет поради некој кретен. Можеби вашиот стомак и стомакот на вашите пријатели ќе биде полн после 2-3 гезмиња, но водата од каде што сте ги земале рибите ќе биде посиромашна за неколку милиони риби подмладок. Рибите, или чорбата, или плескавицата, која сте ја изеле ќе ја исфрлите во некоја шоља после еден ден, а водата од каде што сте ги земале рибите во мрест ќе биде посиромашна за милиони рипчиња во сите идни години. Размислете дали вреди !

Можеби сте правеле вакви работи во изминатите години, никој не е безгрешен, но секогаш има момент кога можеме да се поравиме. Секој човек учи, созрева и еволуира. Оваа година нека преовлада разумот.

И не само лично да размислите, туку имајте активен пристап и подучете ги вашите пријатели, комшии и роднини. Ако не разбираат што е мрест и колку е важен за Риболовот во Македонија, укажете им, подучете ги, пробајте да ги одвратите од мислата да тргнат на риболов на риба која се мрести. Ако веќе неможете да ги одвратите и се најдете со нив на терен, пробајте да ги разубедите да не земаат све, да не земаат риби полни со икра, укажете им на штетите кои ги прават.

Во исто време, помогнете им на риболовните здруженија, концесионерите, инспекторите и полицијата, да се зајакнат контролите во овој период на мрест на рибите. Да се зајакнат контролите, да се зголемат акциите и да се удри ЈАКО по рибокрадците.

Ова е период кога рибокрадците трљаат раце, затоа што рибите доаѓаат и се мрестат близу обалата, голем дел од рибите се зашамутени и целосно препуштени на љубовната игра, или пак не бегаат за да си го бранат потомството и во такви ситуации настапуваат мрежарите, настапуваат вилите, харпуните, динамитот и други средства за масовно истребување на рибите. Рибокрадците пунат вреќи, кошеви, трактори и цели сандаци со риба која не е измрестена и на тој начин уништуваат цели генерации на риби. На овој начин рибокрадците крадат од државата, крадат од природното богатство, но и од нас рибарите. Тоа е главната причина поради која на многупати во годината вистинските рибари неможат рипче да фатат на некои води. Рибокрадците го крадат нашето задоволство ! Токму затоа треба да се даде целосна поддршка и да се одвратат многу луѓе кои ги познавате, а кои се бават со ваков криминал. Казните се големи и достигнуваат до неколку илјади евра. Ако неможете да ги разубедите, не им помагајте, не ги кријте, на тој начин и Вие сте соучесник во масакарот што го прават.

Пријавете ги и секој да се најде пред лицето на правдата !

Пријавете го или кај концесионерот, или во Инспекторатот за земјоделие на бесплатниот број 0800 11 000

БИДИ СОВЕСЕН, НЕ ЗИМАЈ РИБА КОЈА СЕ МРЕСТИ, ВКЛУЧИ СЕ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИТЕ и ЗАШТИТИ ГО МРЕСТОТ !

Среда, 24 Февруари 2016 13:03

Опасност при риболовот

Среда, 24 Февруари 2016 12:57

Порибување на езеро Козјак

Среда, 24 Февруари 2016 12:55

Порибување на река Црн Дрим

Среда, 24 Февруари 2016 12:51

Порибување на река Треска

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija