RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk
Понеделник, 24 Септември 2018 14:58

Мајсторот и мрените од Вардар

Погледнете го видеото со улов на две големи мрени (над 2 кг) на Вардар во Скопје . Мајсторот Џелал самоиницијативно ги врати двете мрени во вода, во присуство на членови-активисти на РИБАР 2011. За убавиот гест, тој ќе добие гратис годишна дозвола за 2019 година за Вардар, Лепенец и Треска.

Понеделник, 24 Септември 2018 07:50

Дел од контролите на Вардар 3 - Скопски

Во прилог е голема галерија од дел од досегашните контроли на Вардар, Треска и Лепенец.

Бистро и чесно на вода!

Понеделник, 24 Септември 2018 07:41

Краток риболов на Треска

Викендов Емил од Струга дојде во Скопје за да го запознаеме со пастрмките од Треска, во делот кој е под концесија на РИБАР 2011. На реката имаше десетици риболовци, активноста на рибата беше слаба, но сепак се извадија неколку убави парчиња на пастрмки кои после фотосесијата беа веднаш вратени назад.

Бистро

Четврток, 20 Септември 2018 08:31

Порибување на Вардар

Во петокот на 14.09.2018 беше извршено порибување на Вардар во Скопје со крап од страна на РИБАР 2011.
Се пуштија над 1000 парчиња во просек од 150-500 грама.
Следи порибување со пастрмка на Вардар, Треска и Кадина, а потоа нешто интересно и на Лепенец.

Бистро!

Во прилог може да го преземете Јавниот повик за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство почна со порибување на риболовните води во земјава, кои во моментов немаат концесионер. 

Обезбедените количини се наменети за порибување со пастрмка на Акумулацијата “Глобочица“, риболовните ревири “Црн Дрим 2“, “Охридски слив“, “Треска 1 – Кичевски регион“ и “Црна река 1 – Демирхисарски регион“. А со крап ќе бидат порибени Акумулациите “Глобочица“ и “Ратево“.

Инаку, постапката за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на овие риболовни води е во тек и се очекува да биде финализирана до крајот на месец септември. Со доделувањето на рибите на концесија за организирање рекреативен риболов, обврската за порибување како и физичката заштита на рибите во риболовните води ќе бидат обврска на идниот концесионер.
Покрај риболовните води без концесионер, МЗШВ во годинешната Програма за финансиска поддршка, има предвидено мерки и обезбедено средства за порибување на риболовните подрачја Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро, како и за риболовната зона Акумулација Шпилје. За сите овие се издвоени 7.7 милиони денари. Во таа насока, утре покрај во водите без концесионер, ќе се изврши порибувањето и на акумулацијата Шпиље со подмладок од пастрмка, како обврска на МЗШВ за порибување на риболовните зони.

Среда, 15 Август 2018 07:41

Мавровско езеро 11.08.2018 (C&R)

САБОТНО УТРО НА МАВРОВСКО ЕЗЕРО

Пристигнав рано околу 5 часот.
Опремата спремна и познат мамец кашика АБУ ТОБИ 10 гр.
Неколку удари и неколку извадени кленови, едно откачување на клен над 3 кг.
По него дојде и најголемиот клен над 2 кг (по слободна проценка не е мерен).

https://youtu.be/1_bF6gsx9WE

https://youtu.be/9XDak64AIDc

Вторник, 14 Август 2018 10:00

72 часа Берсин

Повторување на минатогодишната 72 часа кампања на Берсин, овој пат побогата со риба и со збогатено друштво
Видео креирано од Матеј Крап Симјановски... :)

Уживајте и бистро!

Понеделник, 13 Август 2018 08:23

Паљурци и полната месечина

По долги најави и договарања со мојот пријател и домаќин Митко Прошев се решивме да го посетиме преубавото езеро во Богданци, кое едноставно не остави без зборови. Петокот после работа спремна колата све во 15:00 часот бевме на езеро, немавме многу време за размислување што како каде со мали консултации со Митката одбравме место неловено со обрасната трева до колена. Набрзина го склопивме чамецот спремивме маркери и бојлите со нас во чамес го спремивме местото.
Мојот пријател Јане беше десно од мене на едно 100метри но дента немав можност да го посетам, не стемни ние репетирани ко пушки чекаме удар. Полна месечина тој ден некое преклопување на месечината имаше идеален ден за удари. Домакините одма не посетија се запознавме со нив со Трајче си извадивме карти и забавата може да започне. Околу 9 часот веке го имавме првиот удар крап од 3кг див небележан. Кобрење малце за 10 минути иде уште една 3ка дива. Викам оваа нок нема спиење, дојдоа домакините ги поканивме на ракија салата муабет седнаа муабети вака така одлична вечер , па седевме некаде до 3;30 часот. Откако тие не напуштија легнавме да се оптегнеме на креветите, и се стиши све мирно кога наеднаш десна трска го запали сигнализаторот, да закасневме малце отиде во вода цела. На трска се осека не е 4-5 ка овде е веке нешто посериозно закачено прав дивјак со јака борба. Јас вадам сите трски од вода плашејки се да не го допрам конецот, а машината зуе ли зуе не се сопира рибава зима конец. Борба едно 20 минути на чист терен јас влезен до пупак во вода конечно го кепнавме крапот беше преку едно метро. Прав палјурски убавев бисер без ниту една рана на него едноставно светеше.
Одма комшиите дојдоа откако го извадивме преубавиот крап ни честитаа за борбата, така возбудени адреналин до коска напукани не ни можевме да заспиеме таа ноќ. Предремавме по пола саат и повторно се фативме за работа. Префрлање крмење утринско и кафенце се разбира. Кога околу 9 часот кај комшиите даде страшен ран и побара помош за кепање одма дотрчав помогнав и тамо добра бобра еден крап од 4 кг. И тие вечерта имале јака борба со 7кг крап. Дојде време да ги вратиме убавците каде што припаѓаат, и Јане како добар фотограф ни направи екстра фотографии за успомен.
Сега видеото следи крапот здрав жив вратен во преубавото Палјурци.
https://www.youtube.com/watch?v=AZ9ItMabZjc&feature=youtu.be

Потоа следеа доста удари од 3-4кг на алкирани крапови секако фатени и вратени веднаш во вода, а удираше и доста подмладок од езерото по пола кг. Околу 4 часот на истата трска повротно јак удар и повротно акција. Јака риба беше за жал не знаевме дали е крап или сом но доста голем примерок беше. Се заглави пред нас на едно 30м па колегата набрзина испаничен скокна во чамец без кеп без ништо следеше доста голема борба со рибата едно 15 мин едноставно го возеше по езерото без никаков проблем.
Испаничен и немокен во чамецот незнаејки што е со рака го гати конецот и го измкна чист немаше ништо на него. Но со совети со крапчии колеги , викаат ако било сом ке имало лига на предвезот, тоа го немаше на него. Значи може и бил некој дивјак 20+ кој беше страшно мокен.
Прекрасна вода што во иднина со вакво чување на рибата на риболовното друштво КОСТРЕЖ гарантира за 2-3 години езеро Пелагичево. Се надевам доста од нашите членови ке ја посетат оваа вода, а и јас повторно штом ми се укаже шанса. Се надевам ви се допадна репортажата па се гледаме до нареден богат риболов Бистро до сите членови.

Во петокот со Емил отидовме на Радика, да ги пробаме мушиците и новата трска на Емил :)
Почнавме сабајлето, активност многу слаба, по некое рипче и толку. Како затоплуваше, почнуваше да се зголемува активноста. И после 10-11 ги заредивме, рибата јадеше многу убаво, фативме многу пастрмки. Извадивме по 4-5 големи и по неколку големи ни се откачија.
Последната што ја извади Емил беше капиталецот на денот, радичка пастрмка над 2 кг, која ја вадеше 10-тина минути (се гледа на клипот, ама споен е од повеќе клипови со прекини) и при чие вадење испланинари едно 70-80 метри карпи :)
Другите риби кои ги добивавме дента (дел од нив се сликани, дел не) беа од околу 400-500 грама до кило, кило и двеста/триста, од 30-58 см.
Одличен ден на Радика, одамна немало ваков продуктивен ден со големи примероци на риби.

Бистро и уживајте во фотките

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija