Сом

Сом

Сомовите се фамилија на риби мекоперки. Фамилијата на сомови е многубројна. Ги има околу 500 врсти на сомови и живеат на водите на сите континенти во светот. Во Европа припаѓаат во групата на најголеми слатководни риби.
Опис

По својата градба и тело сомот во голема мерка се разликува од останатите риби.

Европскиот сом има голема глава, со голема уста и ситни заби. Главата му е широка и сплосната, а очите ситни и малечки. Околу устата сомовите имаат два долги и четири покуси мустаќи кои им помагаат во барањето на храната.

Телото на сомот е долго и лигаво и од главата накај задната перка му е све потенко и поплоснато. Грбот на сомот му е сивомаслинеста и темна боја, а стомачната страна му е со прљавобела боја. Долната перка му е исклучително долга и се протега до крајот на опашот. Грбната перка му е кратка.

Често пати сомот по своето тело има и неправилни пеги по телото. Кожата на сомовите им е мазна и не заштитена со крлушки. Видот на сомовите им е прилично слаб, но слухот им е добро развиен.

Место на живеење, навики и распространетостсом

Сомот ги населува реките и мирните води како што се езерата во централна и источна Европа како и западна и југозападна Азија. За свое место на живеење го избира мекото, мрачно дно и се врзува за него, така што многу ретко го напушта на подолг период. Сомот живее сам и не се движи во групи. Сомовите најчесто се задржуваат во мирни и длабоки води и вирови, дупки, по средината на речните текови или под обалата и копното. Деновите ги поминуваат скриени во дупки на дното, каде што се тешко забележливи благодарејќи на бојата на нивната кожа.

Сомот не сака ладно и токму затоа зимно време се укопува во тињата и муљот и таму седи се додека не надојдат пролетните води кога се подига и станува поактивен. Храната ја тражи во близина на своето засолниште и легло и најчесто таму се враќа сит. Сомот најмногу се храни во текот на летото, па се до почетокот на зимата.

Сомот не се смета за многу итра риба, но и покрај тоа што го сметаат за лесен плен, сомот е многупоинтелигентен од колку што се мисли. Месото од сом е исклучително квалитетно и вкусно и со малку коски.

Сомовите се воглавно грабливци меѓутоа можат да се хранат и со многу други работи како што е исхрана со органски отпадоци или пак разни паразитски врсти (кои ја цицаат крвта на други риби). Активни се ноќе кога се хранат со риби, ракови но и со помали водни птици и цицачи.

Животен век, големина на раст и тежина

Европскиот сом со малку среќа во животот може да достигне должина од 4 до 5 метри и тежина до 400 kg па со тоа претставува и најголема слатководна риба во Европа. Не само по големината, оваа врста е позната и по должината на животот, кој може да достигне старост и повеќе од 100 години.

Размножување

Во четвртата година од животот сомовите достигнуваат полна зрелост. После будењето од зимскиот сон сомовите во парови тргнуваат да бараат место за мрест, кој трае од Април па све до Јули. Сомот се мрести во поплитките делови на водата во која живее. Во тоа време мажјакот и женката се наоѓаат и извесно време пливаат заедно. Женката ја остава лепливата икра на водните растенија и може да изнесе и до 500.000 парчиња икра, после што мажјакот грижливо ја чува и не дозволува да и се приближи ниедна друга риба. После 10 дена од икрата излегуваат малите сомчиња кои остануваат во гнездото извесно време и се хранат со планктони и ситни животинки. Тоа трае се додека нивните родители не ги растераат. Кај сомовите се појавува и “канибализмот“. Доста често се случува возрасните единки да го преполоват или унуштат целокупниот пород, во ситуации кога водата е сиромашна со храна.

Ако водостојот е погоден младите соммчиња брзо напредуваат и растат многу брзо. Веќе во првата година достигнуваат тежина до 500 грама и должина до 20 сантиметри. Примероците од 3 кг, се од прилика стари помеѓу 4-5 години.

Прегледано 2716 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija