Црвеноперка

Црвеноперка

Самото име на оваа риба ни укажува на деталите по кои можеме да ја препознаеме. Црвените перки се деталот по кој е најмногу препознатлива оваа риба. Црвеноперката ја карактеризираат и усните кои се малку издигнати нагоре, остриот прелаз измеѓу стомакот и подопашестата перка, повлечената грбна перка накај опашот, како и црвеникастата точка во горниот дел на окото кое има жолтеникава боја. Грбот на црвеноперката има зеленожолта боја, а бојата на нејзините страни преминува во сребреникаста.

Црвеноперката е исклучително издржлива риба. Не се ретки случаите кога во густо затревени и многу топли води, или отсечени мали езерца, токму црвеноперката да биде последната риба која ќе преживее. Црвеноперката сака топли води, а со тоа и не живее во поладните води.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:

Црвеноперката ги населува водите на северна Азија и Европа, со исклучок на Скандинавските земји, Шкотска, Апенинскиот и Пиринејскиот полуостров. Црвеноперката ја сака бистрата вода и нејзино омилено место за живеење се во води полни со растенија, а најмногу ја има во полиња со шаш и трска кои по правило нудат обилна разновидна храна, пред се ситни водни животинки. Ги населува низинските реки со спор тек, езерата, барите, каналите и ископите.

Најчесто црвеноперките се движат во јата. Понекогаш црвеноперките може да се приметат на површината на водата како оставаат мали бранчиња сечејќи ја водата со грбнота перка.За време на топлите летни денови, цели јата црвеноперката се подигнуваат кон површината на водата, а во текот на зимата се повлекуваат кон длабочините.

Црвеноперката се храни во текот на целата година, со кратки прекини во текот на парењето. Младите се хранат со планктони, додека повозрасните црвеноперки најчесто се хранат со растителна храна, тревки, инсекти, полжавчиња, црвчиња, па и помали рипчиња. Поради обликот на усните, црвеноперката обично се храни од површината на водата. Во текот на летото обично мирува чекајќи инсекти кои паѓаат во водата

Размножување:

Црвеноперката се мрести два пати во текот на годината и тоа од почетокот на Мај до почетокот на Јули. Се мрести на места полни со водни растенија, каде и ја лепи својата икра. Младите се изведуваат после 6-7 дена, остануваат во поплитките места и првично се хранат со планктони. Како растат така почнуваат да се повлекуваат кон подлабоките места и започнуваат да се хранат со инсекти. Црвеноперката расте доста споро и во одредени води треба да поминат повеќе години за да достигнат полна зрелост.

Големина на раст и тежина:

Просечната должина на возрасната единка на црвеноперката е измеѓу 20 и 30 см, а капиталните примероци на црвеноперка достигнуваат тежина и преку половина килограм и до 40 см должина.

Прегледано 2913 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija