Испечатете ја страната
Штука

Штука

Штуката е една од најинтересните риби, како по својот карактер, така и по градбата на своето тело и нејзините навики. Се одликува со издолжено, вретенесто и мускулесто тело покриено со ситни крлушки и во сразмер со големината на телото исклучително голем и силен опаш. Вакавата нејзина градба и овозможува штуката при нападот да развие брзина и до 11 метри во секунда, што се смета за рекорд помеѓу рибите. Ваквото снажно убрзување се должи пред се на опашот, но и дебелината на задниот дел на нејзиното тело, т.е дршката на опашот. Дополнително и помагаат и другите перки, особено грбната која е поставена малку наназад, скоро во иста положба како нејзината подопашестна перка.

Дополнителна карактеристика на телото на штуката, која исто така ја разликува од другите риби претставува нејзината голема уста и многу бројните заби, што ја прави штуката еден од најголемите водни предатори во водите во кои живее и врста која според изгледот на устата наликува на крокодил. Штуката има поголем број, различни по големина заби кои се поставени во сите делови на виличната коска. Во горниот дел од нејззината вилица се поставени поголем број ситни заби, а во долниот дел неколку поголеми. За овој нејзин детал риболовците доста често се предупредуваат и токму затоа постои и правило “Кога откачуваш штука, биди особено внимателен“. Штуката може устата дупло пошироко да ја отвори и доколку ова се комбинира со широкото грло и растегливиот желудец, лесно е да се свати зошто штуките напаѓаат покрупен плен и зошто и најмалите штуки можат да проголтаат за нив големо парче плен.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:

Штуката е риба на низинските води, реки, езера и бари. Доста често може да се забележи и во бари кои најмногу се полнат од излевањето на реките и потоците после обилни врнежи.

Во однос на изхраната на штуката, може слободно да се констатира дека штуката не простува на ништо што може да проголта, па дури ни на припадниците на својот род и токму затоа ја викаат ајкула во слатките води. Во однос на својата големина, штуката дефинитивно е рибата која голта најголем плен. Ова го објаснува нејзиното алчо напаѓање на воблери и кедери кои се нешто помали од нејзе самата.

За време на мрестот штуката не се интересира многу за хранење, но затоа пак после овој период, штуката тргнува во поход и силно напаѓа, што преставува и голема шанса за рибарите кои се “загреани“ за оваа убавица-предатор. Овој период всушност е и периодот кој дава најдобри резултати во ловот на штука.

Што се однесува до нејзината исхрана, треба да се нагласи дека штуката почнува да се храни со мали рипчиња пред сите останати предаторски врсти. После само два месеци од животот и при должина од само неколку сантиметри, малите штукичиња почнуваат да ги напаѓаат другите мали рипчиња. При тоа, нејзиниот инстинкт е до толку силен што доста често после пролетниот мрест, доколку временските прилики за мрест на другите врсти на риби се неповолни, или доколку мрестот касни, штуката започнува да ги напаѓа и помалите припадници на својата врста. Веќе во Април и Мај по stukaдолжина на обраснатата обала во барите, каналите, реките и езерата можат да се забележат ситните штуки, како се уредно подредени и во “замрзната“ положба го чекаат својот плен. Притоа, што се однесува до нејзиниот напад, како што кажавме тој е еден од најбрзите во однос на рибите во целиот свет, сепак максималната брзина на пливање на штуката и не е така инпозантна и таа не преоѓа 60км на час. Тоа ни укажува дека штуката не е упорен прогонител и дека во случај на неуспешен првичен напад, брзо се откажува од понатамошно гонење на пленот.

Со завршувањето нa првата сезона од животот на штуката, во зависност од условите во кои напредувала, таа може да достигне должина и до 30см. При оваа прва сезона од својот живот, штуката интензивно се храни со секој плен кој може да го проголта. Во овој период не бираат храна и најчесто ги јадат рипчињата од врстата која е најнаселена во водата во која живее и штуката. Кога другите рипчиња ги нема во доволен број, како што беше спомнато, кај штуката се раѓа “канибализам“ и таа започнува да си ја јаде својата врста. Повозрасните штуки освен со риби се хранат и со жаби, ситни водни птици, патки и со други поситни водени животинки.

Сепак и покрај се, неможе да се каже дека штуката секогаш е гладна и дека секогаш напаѓа. Има и периоди кога штуката не е заинтересирана за храна. Доколку ја забележиме, добри знаци дека штуката е гладна и заинтересирана за храна е нејзината положба, доколку со главата е усмерена кон водната површина, а со опашот кон дното, или кога од обалата е усмерена кон средина на водата.

Размножување:

Својата зрелост штуките ја постигнуваат на својата 3-4 годишна возраст. Штуката се мрести прва и пред сите при крајот на зимата од Фебруари до Април. Својата икра ја лепи на водните растенија на само неколку сантиметра длабочина и инкубацијата на јајцата трае 10-15 дена после оплодувањето. Малите штукичиња напредуваат многу брзо и само после 1,5-2 месеци од нивното изведување, со своја големина од 3-5 см, дефинитивно преоѓаат на исхрана со риба. Тоа е всушност времето кога се изведуваат младите на другите врсти и токму затоа младите на штуката брзо напредуваат.

Големина на раст и тежина:

Спрема одредени податоци штуката може да нарасне до 2 метра и до 34кг рибна маса. Сепак таквите капиталци се многу ретки и многу пореални се капиталците од штука до 15кг. Нејзиниот животен век се проценува на 40 години, но истиот може да биде и подолг.

Прегледано 11389 пати

Галерија