Љињак

Љињак

Лињакот е препознатлив по зеленикастото тело, црвенкастите очи, заоблените перки, кратките грбни перки и по два брка на горната уста. Има краток и цврст опаш, устата му е мала, а телото му е прекриено со ситни крлушки, дебела и лигава кожа. Страничната линија му е пуна, а во предниот дел благо се подига накај главата. Грбот му е темнозелен, а стомакот и страничните страни му сеlinjak зеленкасто-темни или златножолти, што зависи од бојата и бистрината на водата во која живее. Месото му е мрсно и вкусно, особено ако живее во протечни води во кои нема мирис на тиња. Неговата градба е таква што неможе да се прмаши.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:

Живее во мирни и проточни води богати со растителен свет, тиња и глина во цела Европа. Најчести места на живеење на лињакот се езерата, малите езерца создадени од копање на песок и спорите реки.

Лињакот е една од најотпорните слатководни риби која може да живее во води со многу мало количество на кислород и доста често после големи еколошки катастрофи и загадување на водата, токму лињакот е рибата која умее да преживее.

Најчесто лињакот се храни преку ден и не е тешко да го лоцираме, затоа што кога се храни испушта меурчиња на местото каде што се наоѓа. За среќа на рибарите лињакот доста често се придржува до своите навики и доста често можеме да го најдеме на исто место. Често се задржува до места со треви и особено места со водени лопури. Се храни слично како крапот, од дно, со ситни водни животничиња и мекотелци. Интензивно се храни летно време, а зима го троши она што го има претходно фатено и живее закопан во тињата....

Лињакот е доста мирна риба. Се лови на тапа и со прибор сличен како и приборот за крап. Најчесто се лови на пролет и тоа претежно на црни црви.

Доколку станува збор за река, колку што е водата побистра, толку повеќе лињакот се повлекува кон средината и сртот на речното корито и најчесто се крие во тревите и алгите. Поприлично е борбен кога ќе се закачи и затоа треба да се користи поцврст прибор.

Размножување, големина на раст и тежина:

Обично расте до 2 килограми. Се мрести од мај до јуни, а икрата ја остава на водените растенија. Слично како и кај штуката сите поголеми лињаци се женки. Мужјак од 3,5 килограми е раритет и се смета за чудовиште, додека женките можат да нарастат и до 6 кг. Сепак примероците над 3 кг. се сметаат за капиталци на сите места. Карактеристично за оваа риба е што малите примероци, помали од 0,45 кг, многу тешко се ловат.

Прегледано 1343 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija