Попадика

Попадика

Попадиката е дел од фамилијата бели риби од шаранскиот вид. Се карактеризира по истакнат нос и специфично поставената уста со оштри ивици. Неискусните риболовци попадиката најчесто знаат да ја помешаат со бојникот, затоа што попадиката има издолжена глава и издужен нос, кој многу потсетува на бојникот. Грбот на попадиката е модра боја, а стомачниот дел и е бел. Градните и стомачните перки и се помаранџеста боја, а останатите перки имаат сива боја. Долната уста и е полумесечаста.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:

Попадиката ги населува водите на северна, средна и југоисточна Европа. Таа е типична риба на протечните води. Најчесто треба да се тражи во брзите и протечни води, но добро се снаоѓа и во стоечките води и езера. Попадиката влегува и во браните и затоа тие се добри места за нејзин лов. Летно време се задржува во водите кои се богати со кислород.

Попадиката е генерално вегетаријанец и се храни со трева и алги. Во поплитките места, попадиките можеме да ги забележиме кога кинат трева од дното, притоа вртејќи се и светкајќи под водата. Покрај зелените и кончести треви, попадиката триејќи по дното и камењата со своите специфични усни јаде и све што и се наоѓа на патот, ларви, инсекти, ракчиња и црвчиња. За време на мрестот, попадиките многу малку, скоро и воопшто не се хранат.

Размножување:

Попадиките се јатни риби. Тоа е особено забележливо за време на мрестот кој се одвива од Април до Јуни, кога цели јата на риба се движат во спротивен правец од водените струи, барајќи погодно место, потоци, или песокливо место каде што би можеле да ја положат икрата. Попадиката својата полна зрелост ја достигнуваат помеѓу својата 4-та и 5-та година, при должина од 24-28 сантиметри. Женките исфрлаат од 80 000 до 200 000 јајца кои се лепливи и се залепуваат за камењата и тревите. Развивањето на ембрионите се одвива од 2 до 10 дена во зависност од температурата на водата. Карактеристично за попадиките е тоа што за време на мрестот и мажјаците и женките имаат брадавичасти израстоци по главата и грбот и на грбот им се појавуваат прљавоцрвенкасти флеки.

Животен век, големина на раст и тежина:

Попадиката може да нарасне и до 3 килограми. Сепак нејзината просечна големина е од 20 – 30 сантиметри. Попадиките од 40 сантиметри во некои води се честа појава, но во некои важат за капиталци. Попадиките од 50 и 60 сантиметри и до 2,5 килограми се навистина исклучителни примероци. Во нашите води попадиката едвај достигнува должина од 28 сантиметри и тежина од 400 грама.

Прегледано 3282 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija