Мушичарска репортажа 1 - 2017

После неколку одења на Радика годинава, да ја направам првата репортажа :) За жал, немаше ниту еден позначаен улов во овие неколку риболови, пред се поради водата која варира и е снежна поради топењето на снегот и мразот на Кораб и Дешат, односно на водата…

Ангитис - за различни типови болка

Хахах, да...идам на тоа Ангитис да се потсетам на времињата коа пецав спин, но пред се чисто да смениме малце. Декември месец, а крапот веќе си ја отпеа песната за 2016-та. Моравме да си ја ублажиме некако болката рибарска. Инаку милина е бе ова спинот,…

Морска репортажа

Во оваа репортажа ќе објавам слики од повеќе излети на море кај нашиот јужен сосед, претежно со мојата фамилија. Би сакал со вас да ги споделам системите и мамците со кои сме ловеле. За видот на рибите не би знаел да коментирам. Се надевам ќе…

Сефте за 2017 втор дел

Пред две години март месец се покажа за мене како дарежлив со еден убав улов на пастрмка, и таа мисла ми беше во глава додека барав слободно време за прв риболов годинава. Иако без некој посебни очекувања се најде некој саат за инстант риболов. Во…

Сефте за сезона 2017

На 01.02 започна сезоната за риболов на Мавровско езеро. Иако бев викендов таму, во саботата не отидов на езеро, лошо време проследено со дожд и магла.Во недела спремив опрема и тргнав на езеро, но каде да се оди. Езерото се уште замрзнато на Леунска страна,…

Опуштено во Мариово

После две три одлагања конечно успеавме да се склопиме да тргнеме накај Мариово. Знаевме дека не јаде како што јадело пред 2-3 недели, но слободното време не прашува кога да дојдам, а кога ќе дојде мора да се искористи, макар и само да бидеш покрај…

Мини мушичарска секција

Зимата е најдобро време за врзување на мушици, а и за мушичарски дружби. Па така, деновиве кај мене имавме мини сесија на врзување на мушици, а наредните денови јас се посветив малку на дополнување на кутиите и припрема за претстојната сезона. Масата подготвена:) Најдобриот материјал…

Декемвриски бранцини

Причини еден куп човек да се тргне од ова секојдневие и да отиде малку на чист воздух.Најголемата причина е да се испроба новата трска која штотуку пристигна од Москва.Нејзиното цело име е Daiko Tidemark Artesano Evoltia TMAES 95/10Првата ја имам веке подолго време и според…

BUD SPENCER од Рјаховски ливади

Апетитите растат, желбата е голема, страста на највисока точка, време се најде и ете не пак на една од подoбрите крапски води на балканов. Идејата ни беше есенва да ја поминеме на Доњи Жабар, но едноставно Рјаховски ливади ни ги замати малце плановите и ја…

Случајна репортажа

Еве и јас да сефтосам една репортажа, се надевам иако случајна не последна, Ќе прашате зошто случајна, па затоа што сосема непланирано се најдов риболов во источна Полска, во таа прилика и голема благодарност, до мојот домаќин еден прекрасен млад човек Матеуш Кшик, голем љубител…

Репортажата што му ја должам на Филип :)))

Ветено - Сторено. Изминатата недела му ветив репортажа на Филип од моето следно рибарење, па се потрудив да си останам доследен на зборот. Дестинација - Козјак. Тргнување од Скопје во петокот попладне и доаѓање на локација околу 17:00.При паркирање гледаме кола на местото - има…

Дружење за паметење

Невообичајно но во Четвртокот дури напладне стигнав на Суки Лејк, се распакував, местење на трските , малку прихранување и веќе бев во очекување на првата риба. По едно два часа пристигна и мојот пријател од Сандански Митко, и Тој по моите стапки, распакување, местењеНезнам колку…

Во потрага по бркото

Здраво Почитувани Колеги. Ова беше првиот излез на вода оваа година и тоа на една од омилените води во оваа наша државичка која држи риба-Глобочица. Причина беше и успешно завршената училишна година на Фиќо(одличен 5) и во надеж дека повторно ќе имаме успешен излет како…

Трoјцата Мускетари

Во пресрет на празникот 11 Октомври видовме шанса за поврзување на неколку денови за риболов.Падна договор да одиме во соседна Бугарија каде што во опција беа места за риболов па се одлучивме да одиме во Костенец на Суки Лејк.Исконтактиравме со чичко Васил и го задолживме…

Мавровски кленови капиталци

По натпреварот со Компир отидов на фамилијарен викенд во ЛеуновоПо обичај опремата стои во кола за да не се испушти некој битен момент и така и се случи.Недела сабајле станување во 4 часот надвор темница, свежо и облачно. Пијам утринското кафе на тераса и посматрам.Темни…

Штука, буцов, клен...

Додека се договараше екипата кога да го нападне Мавровско Езеро, мене ми излезе комбинација за до Грција.Веќе добра позната локација, река Агитис. Рано сабајле, со дедото (кој лови исклучиво на тапа) тргнавме на прва договорена локација.Дравискос, кај прочистителната станица.Рибата слабо активна, тука излезе една штука…

Празнично на Мавровско

Како што се ближи крајот на сезоната на мавровско езеро така се зголемува желбата за уште некој риболов +. После неколку дневно договарање кој ќе оди, кој ден ќе се оди. Падна договор. Недела две коли, 6 луѓе, празник, строг пост, мора да има риба.…

РОБИНЗОН Брада

Во август на риболов поминав петнаесет дена во три кампањи. Решив да направам мала пауза, но таа се одолжи скоро цел месец. Не е дека не планирав но некако плановите се беа јалови. Со тешко срце на крај решив одам САМ. Пред 10 години бев…

Репортажата во која Фиксна фати некој бојник

Гледам штама на форумов, па ајде малку да го раздвижиме.. Ден недела (минатиот викенд). По консултација со драги пријатиели и колеги (поздрав до Боби Брада), во саботата одлучено е да се оди до Козјак и да се провери активноста на бојникот.Аце и Лимун спремни ко…

Репортажата во која Фиксна требаше да ги „утепа“ бојниците

Си бил еден Фиксна и си имал нови другарчиња што го тераа да идат да фаќаат бојник на Дрим.Фиксна, иако типичен езерски рибар, сепак им поверува на другарчињата дека лесно ќе фати (цитирам) „минимум 20 кг бојник“ :) (веќе станува смешно, ама ај...). Време и…

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija