СОТ на Борец

СОТ на Борец

На 16-ти бевме во Скопје, големата внука матурантка, прославивме како е редот и на 17-ти назад за Софија. Многу ретко со син ми може да ни се совпаднат викендите за да можеме да одиме заедно по риба, овој пат се се подреди како што треба, се приклучи Станимир, Андреј и Иван колеги на син ми од работа и соседот на Андреј.
Бидејќи овој викенд нешто многу натпревари по езерава во БГ па решивме да отидеме на Борец, езеро во близина на Пловдив.
Се јавив на сопственикот да ни запази доволно широко место да може сите да се собереме, немавме некои поголеми информации за водата, никој од нас не ловел таму досега.
Од тоа што успеав да разберам масовниот број на крапови биле од 4 до осум килограми и доста риби со тежина и до 19 килограма.
Како и да е и покрај лошата временска прогноза за петок спрема сабота , во петокот во девет сабајле веќе бевме на излез од Софија, патувањето протече пријатно, езерото не пречека во сонце, сопственикот не смести како што доликува на вистински стопанственик и си замина.
Пред нас имаше острово, канал од некои 180м, проверивме длабочина, 2,5 до 3,5 метра, малку прихрана и трските веќе беа во вода.
Потоа го средивме кампот и седнавме малку да се освежиме, па и ние душа имаме
Многу муабети, шали, зезање и по некоја риба
Вкупно фативме шест риби, рибите се многу борбени , за тоа колку се убави треба секој да се увери лично. Ударите беа преку ноќ, фото сесија и враќање на краповите назад
Малку снимки да ви ја доловам атмосферата.

Прегледано 908 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija