Испечатете ја страната
Меѓународен спин куп Требижат 2017

Меѓународен спин куп Требижат 2017

Еве да се јави и Предраг од Тетово.
Не знам од кај да почнам ама ќе пробам од претходнио ден т.е сабота.
Звони телефонот околу 17ч, а јас се уште на работа, кој друг ако не Санид Џино “чекај ме околу 19ч доаѓам во Сараево да спремиме џиг глави и опрема - речено сторено.
Седнуваме, отвараме по пиво и се фаќаме одма за работа, ама пустото додека се суши лепакот, а ми го потроши цел, бидна и мезето.

Иако е вешт рибар исто тако вешто и ги спрема рибите.

На рибараките приказни никогаш крај, легнавме околу 1ч и знаевме дека немаме доволно време да се наспиеме.
Неделата рано наутро станавме околу 3:30, набрзина по едно кафе и тргнавме на пат од 190 километри.

Вози мишко што би рекле.
Некаде пред Цитлук не раздени и имавме добар поглег на штотуку излезеното сонце од една страна и полната месечина од друга страна.

Пристигнавме околу 7 часот таман на доручек и јако еспресо во кафе барот Јим 3 сопственост на нашиот другар, домаќин а воедно и организатор на целиот настан. Крешимир- Крешо.

После кафето на ред беше извлекување на стартните позиции и понатамошните излегувања. Редица долга 60 такмичари се надеваат на добар стартен број, 60 луѓе спремни да се натпреваруваат “наоружани” до заби, 60 такмичари спремни изгледаат вака:

Не џабе речено “балкански” куп.
Отидовме до стазата која беше на 5-6 километри од кафе барот.
Спремни сите чекавме да биде извикано нашето име од страна на главниот судија и да се стрчаме да фатиме прв добар слободен бокс. После 15-тина минути кога сите излеговме на стаза и си влеговме во бокс чекавме главниот судија да даде знак за старт. Иако не ми е прв пат да се такмичам на спин куп трема ме уби како на ни еден куп до сега, сепак се 60 такмичари, и почна борбата 60 мамци во вода а јас на прво фрлање ја закачив таа борбена “калифа” и ја извлеков на сигурно во кепче, почнав да се дерам на глас СУДИЈА СУДИЈА додека дојде да забележи во глава ми пројде “ добре е добро е нема да запишам 0”.
И така риба по риба во првите 10 минути имав вкупно 5 риби, и наеднаш од длабочина сса 7-8 метри се појави “кралицата” долга сигурно 1 метар. По нејзиното појавување се престана да се движи и во мојот бокс и во уште 2-3 споредни бокса. Несвесно додека чачкав по ќошовите да најдам некоја неуплашена риба судијата означи крај на првата рунда.

Почна втората рунда а јас под реден број 57...... после малку подолго цекање ми дојде и на мене ред да излезам на стаза. Се стрчав накај врвот од стазата што се испостави дека е голема грешка. Мојата невнимателност и не пратење на такмичарите беше пресудна, секој бокс према врвот од стазата беше исполнет, немав многу време до стартот. Тргнав надолу по стазата надевајќи се дека ке најдам добар бокс но судијата означи старт. Не знаејќи кој бокс да го одберам а и исцрпен од трчање 600м влегов во првиот слободен.

Навидум доста риби ама ни една активна, пробав на се и сешто и после 20 минути конечно риба на honeyworm бел од Berkley.
Се ќе беше супер да не ми се откачи после само 3-4 секунди, моја грешка а се испостави и пресудна. Додека го подигнав кепчето несвесно го олабавив конецот а рибата си отплива во слобода 
Запишав 0 во втората рунда и воедно тоа беше знак повеќе да се дружам а помалку да ловам.
И се така рунда по рунда до самиот крај извлеков уште две риби и се забетонирав на 23-то место,
А Санид, Санид леташе по стазата од 4 километри само да се задржи на врвот и со уловени 15-4-4-4 риби стана шампион!

Додека траеше такмичењето во позадина нешто вкусно се спремаше.

Сите гладни и преморени со добар гулаш и предобро печење ја вративме енергијата.

Шампионот на Хрватска, што по прв пат некој успеа да ја одбрани титулата во хрватската спин лига Борис Шиљег-Шиљо добар човек и добар пријател.

Спонзорот на скоро сите купови Огњен Боровчанин исто така прејак такмичар и пред се добар човек а воедно и мој добар другар кој веќе некој од вас добро го познаваат.

Секако тука беа и младите кој секој потез на такмичарите го впиваа како сунѓер.

Мајсторот на својот занает Перо Радиќ познат како Тито Крафт воблери.

И нормално победникот-шампионот на овој интернационален куп Санид Џино-Санчо.

После такмичењето сите заедно отиднавме на богата рибарска вечера со музика во живо и богата томбола.

Нашиот добар пријател Миленко Рончевиќ - Миксон проверува дали е навистина злато.

Среќни некој повеќе некој помалку во 22:00 си тргнавме накај дома весело со полни срца нови искуства и секако фантастична дружба што долго ќе се памети. Во продолжение ФБ линк од Спортско Риболовно Друштво Кравице каде може да ја погледате целосната атмосфера во фотогалеријата.

Прегледано 3415 пати

Галерија