Државен мушичарски куп Радика 2017

Државен мушичарски куп Радика 2017

Вчера се одржа државниот мушичарски куп на река Радика.

Резултатите се следни:

 

1 место - Емил
2 место - Пепи
3 место - Филип
4 место - Цакуле

Ова се првите 4 места кои го составуваат тимот за учество на Македонија на балканскиот куп во мушичарење, оваа година во Хрватска. Останува само дилемата дали Пепи ќе дојде поради поклопување на датумите од крапска лига со балканскиот куп, или ќе се сменат со Кременадла.

Убаво се натпреварувавме и дружевме. Натпреварот се одржа во 2 кола, од 9 до 12 и од 15 до 18. Емил победи со 4 риби од второ коло, Пепи исто имаше 4 риби, по 2 во двете кола, јас имав 3 од првото коло, а Цакуле 3 од второто коло. И Перун се запиша со улов во второ коло со една риба. Вкупно се фатија 15 риби во двете кола, а најдолгата беше 33 см. Се ловеше во услови на голема и брза вода, поголема од лани, а за разлика од лани кога имаше вкупно 5 риби, годинава отидовме чекор понапред.

Прегледано 689 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija