Мушичарска репортажа 3

Мушичарска репортажа 3

Вчера повторно бевме на Радика. Од Скопје тргнавме јас, Пепи и Цакуле, а од Охрид Емил и Јулио. Имавме информации од Тврдко кој беше таму во саботата дека реката се заматила од дождот кај Нистрово, ама се надевавме дека ќе се избистри до неделата.
Сабајлето се најдовме во 05:30 кај Скудриње, се распоредивме кој каде ќе лови и тргнавме кон реката. Реката за жал беше утре доста матна, кафеава. Се разочаравме тотално. Но, после второ фрлање имав удар од убава пастрмка, која ми се откачи на вадење. Брзо после тоа извадив уште 2 парчиња. Рибата беше расположена за јадење :yahoo:
Со Пепи и Цакуле го делкавме делот над Бошков мост до Скудриње, а Јулио и Емил отидоа прво кај Скудриње, ама ја виделе водата многу матна и продолжиле нагоре над Жировница.
Ловевме во прва смена до кај 14:00 кога стигнавме на зборно место кај Музо во Скудриње, до тој момент имавме фатено по 10-15 парчиња секој. Нe се сликавме многу, само инцидентно кога некој од нас одмараше, а тој до него ќе уловеше риба. Заборавивме дека треба да направиме репортажа, ама кога видов дека Јане пак ставил, мораше и ние да ископаме сликите од телефоните и да направиме една. Нема смисла да има нова крапска после викенд, а да нема мушичарска. Секако од спин и тапа одамна не сме виделе ;)
Рибата работеше убаво, ама поголеми парчиња не се јавија. Околу 11 почна да се бистри реката, до 14-15 беше веќе бистра. Сите удари во прва смена беа на принц нимфа, освен 2-3 случаи кога удри по некоја риба и на црвен фазан, ама тоа откако се избристри реката, претходно удираше само на принц, не сакаше на ништо друго.
Инаку, интересен момент беше сабајлето кога се спуштавме кон Радика од Маврово и Цакуле во кола рече “еј, абе јас сум ја заборавил трската дома“ :)
Среќа, носев резервна па имаше со што да лови дента.

После прва смена, седнавме кај Музо во кафана. Тврдко ни се придружи и како вистински “домаќин“ од Радика, не послужи со свеж јагнешки џигер плус по некоја кобасица и плескавица. Мислел човекот на нас, дека ќе дојдеме гладни и изморени :) Поседевме 2 саата во кафана, во меѓувреме се појавија облаци, па почна да врне, па да истура, па пак да врне и околу 16:30 отидовме по позиции да ловиме на сува. Во меѓувреме се случи уште еден пех, Пепи поради невнимание при расклопување, го распука спојот на едниот дел од трската :( Попладнето не гледаше мене и Цакуле и по малку фрлаше со нашите трски, улови и тој некоја риба иако беше без трска.

Ние тројца отидовме околу Бошков да ловиме, а охриѓаниве отидоа едно 500-600 метри над нас. За жал тие слабо поминале на сува, извадиле по 1-2 рипчиња и имале по неколку промашувања. Водата повторно се замати малку, ама тоа изгледа не и пречеше на рибата. За разлика од кај охриѓаните, кај нас рибата збудале, иако немаше големи парчиња, освен што јас и Цакуле откачивме по една голема (ловевме на суви мушици на многу мали јадици), сепак извадивме по 10-15 парчиња на сува. За жал, не сакаше големи мушици, па ловевме на 16, 18 и 20-ки, затоа имавме и многу промашувања и откачувања, можда по 30-40 :mrgreen: Не сликавме пошо збрлавевме :) Единствена слика направи Цакуле кога се сменија со Пепи.

Од едукативниот дел на репортажата, ќе ги издвојам мушиците кои дента беа ловни.

Тргнав спремен со повеќе нијанси на фазани, копери и принцови.. Дента беа ловни исклучиво принцовите

Јас ловев исклучиво на суви ЦДЦ еднодневки направени на #18 јадици

Цакуле и Пепи ловеа прво на ред таг, па после почнаа и тие на ЦДЦ еднодневки на 18 и 20

Бистро на сите до следната мушичарска репортажа

Прегледано 3750 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo          spin fly          pastrmka          bistroinspekcija