Спин дружење - Мавровско езеро 15.05.2016

Спин дружење - Мавровско езеро 15.05.2016

Недела, ден за одмор и за спин дружба. Најавеното дружење за малку ќе го пропуштев заради лични обврски, но коцките се наместија и заедно со limun75, kompir99 и FisherKing мајсториштата тргнавме кон Маврово. По пат имаше смеење, шегување и раскажување приказни ( кој се дружел со спинерџиите знае какви се :D ) , leunovo и nenad веќе не чекаа на брана, а кога стигнавме видовме дека и останатите беа таму, Арсим со пријателите дојдени од Косово, бато Okiribar,Tvrdko1 и останатите колеги кои прв пат ги гледам. Откако се распакувавме, ги подготвивме трските и опремата, една групна фотографија, чекавме да дојде "председникот" заедно со Vlatko.
Атмосферата секогаш пријателска, насмеани, расположени, иако утрото ( а на крајот видовме и дека целиот ден беше таков ) дуваше ветар во правец од Бистра кон Леуново. Но, што е тука е. Откако дојдoa saso и Vlatko, уште една групна фотографија и малку сликање на дел од опремата со која се ловеше дента
И натпреварот започна, сите си се наместија на браната, се во најдобар ред и мир :D Заради ветрот, речиси и да беше невозможно да се комуницира со соседот, особено ако беше малку подалеку. Јас се наместив со dafe на почеток на браната, утрото имав едно пратење до пред нозе на не многу голема риба на twich воблер од Duo и тоа беше се што ми се случи, dafe фати многу ситни плашки/гамбузии на castmaster-от и го освои заслуженото трето место (како и повеќето останати :D ).
На крајот од натпреварот дознав дека Давор-leunovo има два клена (освоено прво место), па еве слики од мерењето и пуштањето назад.
Од брана, се упативме кон "Мал одмор" на ручек, каде официјално Давор - leunov заслужено си го освои првото место, Арсим со пријателите почесно второ место, а сите останати на чело со dafe трето место :D Беа доделени дипломи со надеж за повторно дружење во скоро време, бистро! :)

Прегледано 4482 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo          spin fly          pastrmka          bistroinspekcija