Испечатете ја страната
Црн Дрим

Црн Дрим

Црн Дрим истекува од Охридското Езеро во Струга преку отока што народот ја нарекува “уста” на височина од 695 м, кон север, најпрво тече низ Струшко Поле до с. Ташмаруниште од каде навлегува во заезерената Дримколска Клисура, односно во езерото Глобочица. Под браната Глобочица повторно се формира краток речен тек за повторно да навлезе во соседното Дебарско Езеро. Него го напушта кај Шпилски Мост и натаму 12 км тече како гранична река, за потоа, во Дебарско Поле западно од с. Спас на кота од 746 м, да влезе во Р. Албанија. Според тоа нејзиното поранешно корито доста е изменето. По изградбата на двете вештачки езера- Глобочица и Дебарско Езеро, реката претежно е заезерена. Пред тоа должината на Црн Дрим на нашата територија изнесувала 56 км, со среден пад од 4‰ и среден проток од 56 м3/с.

Големина на рибите под која не смеат да се ловат

Пастрмка во Црн Дрим 40 см

Пастрмка во притоките 30 см

Главатица Трајна забрана

Црна мрена 20 см

Писа 20 см

Скобуст 25 см

Клен 30 см

Крап 40 см

Јагула 50 см

Забелешка: Рибата се мери од врвот на муцунката до крајот на опашната перка, кога перката е нормално отворена.

Сите уловени риби под определената големина, потребно е внимателно да се откачат од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.

За останатите видови риби кои, кои не се наведени во табелата, кои се помалку значајни од аспект на рекреативен риболов, видови на риби кои ги има во поголема количина во риболовната вода или се во групата на непожелни видови риби, не се предвидува заштитна мерка “најмала дозволена големина под која несмеат да се ловат”, што значи дека може да се ловат на сите големини.

Временски период во кој е забранет риболов

Пастрмка Од 01. октомври до 28/29. февруари наредната година

Скобуст Од 15. април до 15. мај

Клен Од 05. мај до 15. јуни

Црна мрена Од 15. мај до 30. јуни

Крап Од 15. мај до 30. јуни

Покрај забраната за риболов за време на мрестењето, а заради поголема заштита и зголемување на популациите не е дозволен риболов на пастрмка и сом во деновите од понеделник до четврток, (со исклучок на државните празници).

Сите случајно уловени примероци од наведените видови, во периодот на забрана мора во жива состојба и неоштетени да се вратат во риболовната вода.

Забрането е секакво изнесување на рибите за кои е определена забрана, нивно убивање, како и ставање во секаков вид на чуварки.

Забранет е риболов на видот ГЛАВАТИЦА - Salmo marmoratus во реката Радика, Црн Дрим и сите притоки и на “слатководен рак” во реката Црн Дрим со сите притоки.

На риболовните ревири “Црн Дрим 1 и 2” се дефинираат следните локации за мрест на:

1. пастрмка

- Голема Река, од изворот до влив во акумулацијата Глобочица

- Вевчанска Река, од изворот до влив во р. Црн Дрим,

- од мостот за Полициската станица во с. Луково на р. Црн Дрим возводно до регулациониот објект на Јабленичка Река во с. Пискупштина,

2. топловодни видови риби

- река Црн Дрим од вливот во акумулацијата Шпиље возводно до с. Луково.

Се забранува вршење рекреативен риболов во периодот од 1 април до 30 јули на специфичните локации каде се мрестат топловодните видови риби.

Се забранува вршење рекреативен риболов во периодот од 1 октомври до 1 март на специфичните локации каде се мрести пастрмката.

Дозволени дневен улов по видови на риби за Река Црн Дрим со притоките

Пастрмка во Црн Дрим до 2 (два) примероци

Пастрмка во притоките на Црн Дрим до 3 (три) примероци

Црна мрена до 25 (дваесет и пет) примероци

Скобуст до 13 (тринаесет) примероци

Клен до 10 (десет) примероци

Крап 1 (еден) примерок

Јагула 1 (еден) примерок

Максимална дозволена количина на дневен улов на риба за риболовниот ревир на река Црн Дрим изнесува вкупно 3 кг. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба, вкупната количина на улов по рекреативен риболовец, на ден не смее да биде поголема од 3 кг, а воедно и не смее да бидат надминати макималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.

Во вкупната количина до 3 кг. влегуваат и сите останати видови на риби кои досигнуваат помали должини (белвица, кркушка, моранец и др.).

Времето за риболов на пастрмката, во горе наведениот период, се дозволува само во деновите: петок, сабота, недела и државен празник.

При вршењето рекреативен риболов на пастрмка може да се употребува само една риболовна трска, со или без машинка (орша) и задолжителна упореба на вештачки мамки. Дозволена е употреба на следните вештачки мамки: еден блинкер со една јадица (трокрака, двокрака или едникрака) или еден воблер кој може да има до две јадици (трокраки, двокраки или едникраки) или три вештачки мушички кои можат да имаат еднокраки јадици.

При вршењето рекреативен риболов на останатите видови риби, дозволена е употреба на максимум две риболовни трски со по три јадици на трска или максимум три риболовни трски со по една јадица на трска, со или без машинка (орша) и употреба на сите видови природни и вештачки мамки.

Прегледано 9715 пати

Галерија