За мирисот кај рибите

За мирисот кај рибите

Рибите имаат развиено добар осет за мирис. Научникот Фриш прв докажал дека рибите можат да ги намирисаат и со вкус да ги осетат стварите. Според тоа рибите можат да намирисат и да вкусат одредени ствари во водата, заклучок кој ние рибарите од многу поодамна го познаваме.

Меѓутоа доколку една риба привлечена од мирисот тргне кон некој мамец и кога ќе стигне до него утврди дека тоа не е нејзиниот типичен вкус на исхрана си заминува без да го допре мамецот. Ваквото однесување ни укажува дека сетилото за мирис кај рибите е всушност сетило за далечина, кој на рибите им сигнализира дека некаде во далечината постои некој извор на храна. Истото треба да ни биде добар сигнализатор да не го мешаме сетилото за мирис со сетилото за вкус кај рибите.

Рибите мирисаат преку ноздрвите кои се наоѓаат над устата, а под очите на рибите. Со својот мирис рибите доста често ја пронаоѓаат и храната. Покрај ова, сетилото за мирис има и други значајни функции кај рибите. Тоа има важна улога воопшто во осетот за ориентација кај јагулите и лососите , има голема улога при парењето кај рибите, за да ги осетат рибите од својот вид, а кај одредени врсти им служи и да ги намирисаат далечните води во кои се родени.

Исто така мирисот е важен и за да се намириса и непријателот. Тоа е веќе докажано кај некои врсти на риби кои на пример можат да ја намирисаат штуката. Сетилото за мирис е многу посетливо од сетилото за вкус. Со оглед на ова, сетилото за мирис делува на рибите на многу поголемa одалеченост.

За рибарите е добро да знаат кои видови риби имаат подобар осет за мирис, а кој послаб. Познато е дека кај рибите кои имаат добро развиени и поголеми очи, сетилото за вид е многу силно, а сетилото за мирис многу послабо, додека кај рибите кои живеат во длабочина сетилото за вид е слабо развиено и тие имаат исклучително развиено сетило за мирис. Така на пример штуката има многу слаб осет за мирис, а сомот има одличен мирис и осет низводно на поголема далечина да намириса смрдлив мамец. Токму aditiviзатоа сомот треба доста често да го тражиме на мамци кои имаат тешка миризба. Доста често сомџиите прават и свои специјалитети, кои не ретко се одредени меса, оставени за да се усмрдат. Таков мамец е усмрдената кокошка. Исто така за сомот се користат и усмрдениот пилешки џигер, расипани виршли, најлошата конзерва на риба и сл. Знаејќи го сето ова ќе сватите дека понекогаш токму она што намераваме да го фрлиме може да бде нејдобриот мамец.

Друга риба која исто така е препознатлива по осетот за мирис е крапот. За крапот и не треба многу да се говори затоа што широко е познато дека на крап не се иде без примама, а за крапската примама може многу да се говори, меѓутоа доста често се користат доста адитиви, течности и мириси, со цел да го привлечеме крапот поблиску до нашите јадици.

Генерално и многу други риби реагираат на дразбата од одреден мирис. Токму затоа доста често се носат и фрлаат крми (примама) кои во зависност од рибата, (крма за крап, попадика, плашка, црвеноперка и сл.) годишното времето во кое ја фрламе и мамецот на кој што ќе ловиме, имаат разни мириси, кои доколку ги погодиме, можеме да собереме поголемо јато риби кои ќе ни го направат денот поубав.

Прегледано 1582 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija