Порибување на водите во Националниот парк „Маврово“

Порибување на водите во Националниот парк „Маврово“

Националниот парк „Маврово“ согласно своите надлежности и планови за работа, а согласно годишната програма за работа на ден 28.11.2016 година изврши порибување на водите на територијата на паркот.
Денес во водите на Мавровкото езеро и река Радика беа пуштени 20 000 парчиња поточна пастмка (salmo faroides) со тежина приближно 5 грама која е набавена од репродуктивниот центар „ШУМ“ од Струга со кој паркот има повеќегодишна соработка.
Денес се порибуваше со 15 000 парчиња на неколку локации на река Радика и тоа: кај местото Сенечки ливади, кај местото „Состав река“ и на Мавровското езеро со 5 000 парчиња на локацијата Камп и во близина на с. Никифорово, Маврово и кај браната во с. Леуново.
Вклучувајќи го денешното порибување, во водите на Националниот парк „Маврово“ изминативе осум години се пуштени 290 000 парчиња поточна пастмка (salmo faroides) што претставува доказ дека паркот се грижи за рибниот фонд и постојано превзема мерки за негово зголемување. За заштитата и зачувувањето на рибниот фонд во Националниот парк Маврово се грижат 17 лиценцирани рибочувари вработени во паркот.
Според програмата на паркот ваквите активности ќе продолжат и наредните години со што сигурно ќе се оствари целта за зголемување на рибниот фонд што ќе придонесе за развој и унапредување на спортскиот риболов како една од активностите за развој на туризмот.

Прегледано 3927 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo          spin fly          pastrmka          bistroinspekcija