Дали со важечка легитимација и дозвола можам да правам што сакам на водата ?

НЕ, сосема напротив, треба да се информирате кои се правилата кои важат на таа вода. Правилата најчесто се напишани во риболовните основи на риболовните води, или истите може да ги обезбедите од самиот концесионер каде што ќе вадите дозвола. Едноставно прашајте што е дозволено, а што не е. На секоја вода има правила, со каков прибор можеш да ловиш, колку риби можеш да понесеш со себе, колкави риби можеш да понесеш со себе и кога е мрест на некоја риба и истата не смееш да ја зимаш. Или кажано со примери:

1. Ако ти дојде чувар и ти најде незаконски средства за риболов како што се мрежи, мрежички (вештерки), сертме и сл., може се да ти заплени, да ти пушти пријава и да одиш на суд.
2. Ако ти дојде чувар и ти најде во чуварката риба која е помала од дозволената должина и тежина, пример мало крапче, мала пастрмка, клен, амур, сом и сл.. може се да ти заплени, да ти пушти пријава и да одиш на суд.
3. Ако ти дојде чувар и ти најде во чуварката поголема количина на риба од колку што е дозволено да понесеш со себе за еден ден риболов, може се да ти заплени, да ти пушти пријава и да одиш на суд.
4. Ако ти дојде чувар и ти најде во чуварката риба која моментално е во мрест на таа вода,.. може се да ти заплени, да ти пушти пријава и да одиш на суд.

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija