Како да извадам дозвола за риболов ?

Прво треба да се информираш дали водата на која сакаш да риболовиш е дадена под концесија, затоа што ако не е под концесија таму е забранет риболов и неможеш да извадиш дозвола. Ако водата има концесионер тогаш треба да се информираш кој е концесионерот, колку чини дозволата која сакаш да ја извадиш (има дневни, неделни и годишни дозволи) и каде можеш да ја извадиш. Најчесто дозволите се вадат во риболовните пунктови на концесионерите, тоа се објекти кои се во близина на водите, или пак со уплакање на сумата за дозвола на сметка на концесионерот, еден или неколку денови претходно од денот кога сакаш да одиш по риба.

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija