Калиманци

Калиманци

Акумулацијата Калиманци се наоѓа на реката Брегалница на 20 км спротивводно од Кочани. Изградена е и пуштена во експлоатација во текот на 1969 година, а е со должина од 14 км. и ширина од 3 км. Акумулацијата опфаќа површина од 423 ха. со максимална длабочина од околу 80м. Максималната кота е на 519.5 м.н.в. со вкупен волумен на акумулацијата од 127 милиони м3 вода и корисен волумен од 120 милиони м3 вода. Оваа акумулација е дел од хидросистемот Брегалница, чија главна цел е да акумулира вода за наводнување.

Големина на риби по видови под која не смеат да се ловат

Крап нативен 35см

Крап рибничарски 35см

Сом 50см

Црвеноперка 20см

Костреш 20см

Клен 25см

Скобуст 25см

Сончарка - Нема ограничување

За алохтоната риба сончарка не постои минимална мерка под која што таа не смее да се лови со цел да се намали нејзината популација и да се стави под контрола нејзиниот развој во акумулацијата Калиманци.

Се забранува ловење на одредени видови на риба во акумулацијата Калиманци:

- крап од 01. Април до 30. Јуни

- клен од 01. Мај до 31. Мај

- скобуст од 01. Април до 31. Мај

- црвеноперка од 01. Април до 31. Мај

- сом од 01. Април до 30. Јуни

За рекреативен риболов се дозволува:

Две риболовни трски со по три јадици на трска или три риболовни трски со по една јадица (со или без машинка).

Дозволениот дневен улов изнесува крап до 2 примероци, клен и скобуст до 3 кг, останатите видови на риба до 3 кг, а сончарката неограничено.

Прегледано 1235 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija