Водоча

Водоча

Акумулацијата ,,Водоча,, се наоѓа во сливот на реката Водоча, 4.5 км узводно од селото Водоча и 14 км западно од Струмица. Градена е во периодот од 1962 - 1965 год., а со користењето на водата за наводнување е започнато во 1966 год. До 1978 година била користена за водоснабдување на градот Струмица. Наменета е за наводнување на дел од Струмичкото поле со површина од 3100 ха и како резерва за водоснабдување на градот Струмица. За наводнување се користи доводен тунел за наводнување, со проток од 2.20 м3/сек-1. Максимална кота е на 405.0 м.н.в. со вкупен волумен од 27 милиони м3 вода и корисен волумен на акумулацијата од 26 милиони м3 вода. Акумулацијата опфаќа површина од 190 ха. со максимална длабочина од 42 м. Подрачјето каде што е сместена акумулацијата Водоча, е под влијание на субмедитеранска клима од Егејското Море со поголемо или помало вкрстосување со континентална клима, со долги топли лета и високи среднодневни температури, намалено годишно количество на врнежи, засилена аридност, менлив плувиометриски режим и намалена зимска температура.Просечната годишна температура на воздухот е 13.1°С, со највисоки просечни месечни температури во јули од 23.9°С и најниски просечни месечни температури во јануари од 1.7°С. Просечно, годишно, водениот талог за ова подрачје изнесува 604 мм. со максимум во есен и во пролет (април-мај), додека долготрајните суши (над еден месец) се ретка појава(2%).

Големина на риби по видови под која не смеат да се ловат

Вид на риба Големина

Крап нативен 35 см

Плашица 11см

Црвеноперка 20см

Мрена

Костреш, Перкија 20см

Крап рибничарски 35см

Клен 25см

Карас

Американско сомче

Лињак

За алохтоните риби карас, американско сомче и лињак предлагаме да не постојат минимални мерки под кои што тие не смеат да се ловат со цел да се намали нивната популација во езерото и да се стави под контрола нивниот развој во акумулацијата Водоча.

Се забранува ловење на одредени видови на риба во акумулацијата Водоча во следниот период

крап од 01. Април до 30. Јуни

клен од 01. Мај до 31. Мај

црвеноперка од 01. Април до 31. Мај

мрена од 01. Мај до 30. Јуни

За рекреативен риболов се дозволува

Две риболовни трски со по три јадици на трска или три риболовни трски со по една јадица (со или без машинка). Се дозволува дневен излов на крап до 2 примероци, црвеноперка и плашица(белвица) до 3 кг. останатите видови на риба до 2 кг. а карасот, америчкото сомче и лињак неограничено.

Прегледано 6185 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo          spin fly          pastrmka          bistroinspekcija