RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk
Среда, 03 Октомври 2018 09:30

Затворање на сезона на Треска

Во саботата (пред забрана) бевме со Давор до Треска да се излуфитраме. Стигнавме рано сабајле, реката беше мала и како и секогаш бистра, активноста не беше којзнае колкава, се на се извадивме 7-8 пастрмчиња (сите беа вратени назад). Ловевме на потегот од брана до Мечкина дупка, најчесто ударите беа на блинкер (сребрен со црвени точки), а од воблери јадеше на ујки, робинсон и рапала (скоро сите зеленкасти шари). Како и да е, помина уште една сезона на Треска, да се надеваме дека реката ќе биде чувана од концесионерот и од нас рибарие (совесните) и ќе биде уште поатрактивна после мрестот. За крај некоја фотка.
Бистро

Понеделник, 01 Октомври 2018 14:02

Забрана за време на мрест на пастрмката

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека од денес на сила е забрана за риболов на пастрмка на Вардар 3 - Скопски. Забраната ќе трае до 31.01.2019 година.
На реката Треска има целосна забрана поради мрест на пастрмката, контролите ќе бидат зачестени, со присуство на државен инспектор, а сите кои ќе бидат затекнати како ловат, ќе добијат пријава/казна.
За мрежари и риболовци со недозволени средства за време на мрест законот предвидува и кривични пријави.
На Вардар и Лепенец риболовот е дозволен за сите видови риби, освен за пастрмка. Чуварите во текот на овие месеци ќе ги проверуваат и чуварките на риболовците, па затоа веднаш пуштајте ги случајно уловените пастрмки назад во вода.
Бистро и чесно на вода!

Понеделник, 01 Октомври 2018 14:01

Забрана за време на мрест на пастрмката

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека од денес на сила е забрана за риболов на пастрмка на Вардар 3 - Скопски. Забраната ќе трае до 31.01.2019 година.
На реката Треска има целосна забрана поради мрест на пастрмката, контролите ќе бидат зачестени, со присуство на државен инспектор, а сите кои ќе бидат затекнати како ловат, ќе добијат пријава/казна.
За мрежари и риболовци со недозволени средства за време на мрест законот предвидува и кривични пријави.
На Вардар и Лепенец риболовот е дозволен за сите видови риби, освен за пастрмка. Чуварите во текот на овие месеци ќе ги проверуваат и чуварките на риболовците, па затоа веднаш пуштајте ги случајно уловените пастрмки назад во вода.
Бистро и чесно на вода!

Понеделник, 24 Септември 2018 14:58

Мајсторот и мрените од Вардар

Погледнете го видеото со улов на две големи мрени (над 2 кг) на Вардар во Скопје . Мајсторот Џелал самоиницијативно ги врати двете мрени во вода, во присуство на членови-активисти на РИБАР 2011. За убавиот гест, тој ќе добие гратис годишна дозвола за 2019 година за Вардар, Лепенец и Треска.

Понеделник, 24 Септември 2018 07:50

Дел од контролите на Вардар 3 - Скопски

Во прилог е голема галерија од дел од досегашните контроли на Вардар, Треска и Лепенец.

Бистро и чесно на вода!

Понеделник, 24 Септември 2018 07:41

Краток риболов на Треска

Викендов Емил од Струга дојде во Скопје за да го запознаеме со пастрмките од Треска, во делот кој е под концесија на РИБАР 2011. На реката имаше десетици риболовци, активноста на рибата беше слаба, но сепак се извадија неколку убави парчиња на пастрмки кои после фотосесијата беа веднаш вратени назад.

Бистро

Четврток, 20 Септември 2018 08:31

Порибување на Вардар

Во петокот на 14.09.2018 беше извршено порибување на Вардар во Скопје со крап од страна на РИБАР 2011.
Се пуштија над 1000 парчиња во просек од 150-500 грама.
Следи порибување со пастрмка на Вардар, Треска и Кадина, а потоа нешто интересно и на Лепенец.

Бистро!

Во прилог може да го преземете Јавниот повик за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство почна со порибување на риболовните води во земјава, кои во моментов немаат концесионер. 

Обезбедените количини се наменети за порибување со пастрмка на Акумулацијата “Глобочица“, риболовните ревири “Црн Дрим 2“, “Охридски слив“, “Треска 1 – Кичевски регион“ и “Црна река 1 – Демирхисарски регион“. А со крап ќе бидат порибени Акумулациите “Глобочица“ и “Ратево“.

Инаку, постапката за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на овие риболовни води е во тек и се очекува да биде финализирана до крајот на месец септември. Со доделувањето на рибите на концесија за организирање рекреативен риболов, обврската за порибување како и физичката заштита на рибите во риболовните води ќе бидат обврска на идниот концесионер.
Покрај риболовните води без концесионер, МЗШВ во годинешната Програма за финансиска поддршка, има предвидено мерки и обезбедено средства за порибување на риболовните подрачја Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро, како и за риболовната зона Акумулација Шпилје. За сите овие се издвоени 7.7 милиони денари. Во таа насока, утре покрај во водите без концесионер, ќе се изврши порибувањето и на акумулацијата Шпиље со подмладок од пастрмка, како обврска на МЗШВ за порибување на риболовните зони.

Среда, 15 Август 2018 07:41

Мавровско езеро 11.08.2018 (C&R)

САБОТНО УТРО НА МАВРОВСКО ЕЗЕРО

Пристигнав рано околу 5 часот.
Опремата спремна и познат мамец кашика АБУ ТОБИ 10 гр.
Неколку удари и неколку извадени кленови, едно откачување на клен над 3 кг.
По него дојде и најголемиот клен над 2 кг (по слободна проценка не е мерен).

https://youtu.be/1_bF6gsx9WE

https://youtu.be/9XDak64AIDc

Страница 1 од 26

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija