Многу очигледно е дека лигата ќе биде на Паљурци.
Купот пред лига да го напраите, напрајте патека и помогнете на сите учесници да ја осетат водата и да има борба.
Се што можеме ќе помогнеме.
Пехарите се лично од мене!!
И од мене (ако ми дозволиш Димас).
Ме потсеќа на еден ревир, тазе, за прв пат и одлуката лигата да се прави на тоа место. Па еден будала, го организираше првиот натпревар таму, направи меморијален куп, пред самата лига, за да се запознаеме со ревирот. Има право Сергеј, приказната се повторува. И ако потпаднеш под сите драпања, а богами и навреди, ти доаѓа да ...... АМА не се сите исти. Ксмет што има помлади, има и ентузијасти кои иако свесни за околината се ставија во оган да помогнат, а за возврат добија по нос. Имале нели интерес. Хахахаха.
Искрено Браво за дечките во секцијата, браво за оние кои прифатија да ги послушаат и кои се одговорни за организација, браво за некои луѓе кои и покрај анатемисувањето останаа на линијата да има лига, да се оди на СП, да се покријат трошоци. Не знам што уште треба да се случи за да се свестиме дека треба да се помогне а не од заседа да се каменува. Не се гради авторитет само со критики туку со дела. Јас, јас, јас па пак јас. До онаквото више.
ПС
Хрватите веќе сите се пријавија за натпревари, заклучен е списокот, а ревирите и календарот сеуште не се одредени. Никој збор не изусти за организацијата на овогодишната лига, за тоа каде и кога. А ние? Овој Предраг, за некои, и медал да освои пак нема да го бива, пак ќе се дроби.
Време е оваа нагомилана , генетска негативна енергија да исчезне. Време е да почнеме да размислуваме како Spaiva.
Се прифаќам што е предложено, само би замолил конечно (ако е изводливо), сектори да се направат.
Нема проблем професоре. И од двајцата и медаљи ќе напраиме и некој награда ќе гледам да се обезбеди.
Само зајаков нека постави стаза и нека напраи у Богданци крапска армија.
Ме потсети на пехарите кој заедно ги лепевме пред да го организираш меморијалниот куп на Црничани.
Оттогаш (2013) Рибар 2011 ја презема твојата иницијатива со твој амин и секоја година купот се одржува успешно со традиција.
Си оставил и се памти.
Околу другово - не коментирам веќе ништо.
Не сум само еден кој од првите ќе критикува доколку нешто нечини, туку и првиот кој ќе се самокритикува!
Да беа работите сјајни, немаше да праиме ресет. Се надеваме дека ќе подобриме нешто.
Ако некој мисли дека може подобро од мене или од некој од колегиве...слободно нека каже, јас прв ќе му отстапам место.
Нека каже не те бива, јас можам подобро...местото у е отстапено одма!
Се за доброто на спортот!
Спремајте се, оштрете се...ни претстои добра сезона.