www.ribar.com.mk НапишиCOLON |
Вардарски, Полиз, на Вардар го пуштате вака оловото да се тркала, како на сликиве. Ние летово фаќавме со коцки олова, во помирна вода кај Демир Капија и некако се контролораше местото на стоење, а трските насочени кон самото место на стоење на оловото. Гледам на сликиве оловата се отидени скроз десно. Кога удираа краповите не ли забегуваа во дрва и подводни препреки ?
Јас фаќам со фиксно олово и не го пуштам да се тркала, сакам кај што ќе го фрлам таму и да остане, со плочкасти олова од 90 гр па нагоре. Доколку има услови секако ги насочувам трските кон местото каде што ми се зафрлени, оваа слика ја ставив баш поради тоа што се необично поставени бидејќи местото беше такво, непристапно. Инаку оловата не се отидени десно туку се зафрлени десно (на сликата Вардар тече надоле). На тоа место го фатив крапот од претходната слика, имаше 4 кг и со судни маки го извадив
, удира и веднаш бега нагоре во закачките и после е држ-недај. Имав среќа, ако беше поголем не го вадев. Инаку ги избегавам таквите места со дрмалаци, закачки, ама тогаш бев во зорт (не ми чепна ништо цел ден) и морав да пробам нешто такво.
Браво Ангел,супер фотографии
да ги претвараш во репортажи во иднина
Најчесто моите крапски риболови на Вардар се кратки, од разденување до 11-12ч ама догодина обавезно ќе направиме барем 24 часовен риболов па да испадне и една репортажа
Поздрав