www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 2:09 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS89101112»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСре Aвг 08, 2012 7:28 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Гоце, на сите маки, мора и малку мајтап ;)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Aвг 08, 2012 7:31 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON224
ЛокацијаCOLONСкопје
Се прифаќа,за добро расположение секој коментар е добро дојден,поздрав и секое добро.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 12, 2012 1:45 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
Vasil Kostov НапишиCOLON
гоце НапишиCOLON
Да ве потсетам дека летово во август месец се изврши невиден атак на природно мрестилиште во град Скопје,бевте известени со допис од РИБАР и од мене,повеќе може да видите на страна УНИШТУВАЊЕ НА ПРИРОДНО МРЕСТИЛИШТЕ ВО 21 ВЕК,од ваша страна не добивме никаква реакција ниту коментар,демек тоа е нормално,ниту реагиравте со допис во некој медиум а сега одненадеж се појавувате на голема врата со барање на подршка.Ако сакате малку поопширно да не запознаете со вашите различни гледишта на проблемите,во меѓувреме имавме помор на Треска,испуштање на сапуница во Лепенец,вас ве нема ни со коментар ни со подршка.Не сакам ни да помислам дека причина се парите,меѓутоа заклучокот неизбежно води кон тоа.
Здраво Гоце
бидејќи ме прозвавте со име и презиме се чувствувам обврзан прво вам да ви одговорам на постевните прашања.

Навистина не знам за кое уништување на „најголемо природно мрестилиште“ говорите. За кои риби и каде?

На Треска имаше помор во ревирот на Кичево пред извесно време. За ваша информација активно учествувам во активноста околу откривање на сторителот. Јас лично со екипа од Институтот и со инспектори од Државен инспекторат за земјоделство и Министерство за животна средина, излегов на терен и земав мостри за анализа. Резултатите се готови и ќе бидат доставени до ДИЗ и до концесионерот. Анализите се работени од сопствени средства и се трошени реагенси, а не знам кој ќе плати за нив. Во основа тоа ќе биде некакво лично, или спонзорирање од страна на Институтот за сточарство. Ако се казни сторителот, можеби ќе си наплатиме за работата. Значи во животот не ми се основен мотив парите. Иако мора да признаеме дека без нив не се ни може.

За пената во Лепенец знам, но други институции земаа мостри за анализа. За резултати немам информација. Инаку на Лепенец од пената немаше помор. Тоа го следев затоа што сум редовно на терен.

Ако имате повеќе прашања повелете.
префрлени коментари од друга тема кои се директно поврзани со оваа тема

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 12, 2012 2:30 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Ја прочитав конверзацијата и ми е жал што не бев на форум во тој период. Имаше многу интересни ставови и коментари. Со многу од нив се согласувам. Еве и јавно кажувам дека се согласувам со еден голем дел од ставовите, оценките и критиките упатени на адреса на актуелниот концесионер. Нема да го бранам затоа што не е за бранење. Може да се уклучат на форумов и сами да се бранат или да кажат нешто, но...

Секако поздрав и пофалба за Гоце и за иницијативата која ја покренал. Меѓутоа многу пострашни работи се случуваат во нашите води, а багерот, иако не е за потценување и нема направено многу голема штета. Не дека нема направено штета, да не се разбереме погрешно.

Мислам дека друга тема на дискусија е планот за коритото на реката Вардар во делот на Скопје. Активностите кои се изведуваа до сега, се првите подготвителни фази од она што треба да биде Вардар во делот на Скопје.Сметам дека е веќе извесно дека ќе се прават гумените брани на Вардар. Треба да бидат 4 гумени брани, а помеѓу секоја од нив да има по неколку десетини насипи (на секои 100 м) во висина од 80цм до 1м за таложење на наносите. Лично сметам дека Вардар во овој дел дури тогаш ќе стане вистински атрактивен риболовен ревир и природно мрстилиште на повеќе видови ципринидни видови риби. Сега тука се мрести најмногу црната мрена и кркушката (царевото куре), многу помалку (или воопшто не) кленот и другите видови циприниди. Пастрмката секако на мрест оди во горните текови на Вардар и во Треска.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 13, 2012 10:52 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON224
ЛокацијаCOLONСкопје
Г-дин Василе,ме зачудува што велите дека не сте информиран за настанов,разгледајте ги постарите мејлови од јули летово и ќе видите дека од моја страна ви е испратен допис,тоа значи дека не сте биле заинтересирани за случката,второ што ме зачуди е тоа што како експерт се изјаснувате дека не е направена штета со внесување на багер во среде мрестилиште после мрест на рибата.Ова мрестилиште е ставено во службен весник како природно мрестилиште,вие како експерт велите нема штета?Погрешна ви е информацијата дека овде се мрести црна мрена и царево,ова е мрестилиште на сите видови риби од Вардар.Јас мислам дека поголема штета е направена на мрестилиштето со трајни последици, од колку во случајот со ЕВН.Заклучок вие го користите форумот само кога имате потреба, селективно од случај во случај.Покажавте крајна неинформираност за градско подрачје во град Скопје, за другите ревири да не зборуваме,на крај ви пожелувам успех со овој случај и да се ангажирате за другите случаи,ревносно како за овој со ЕВН.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 13, 2012 1:19 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Ти Гоце што си инаку по професија, чисто да знаеме експертизава од каде ти е ?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 13, 2012 8:37 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 30, 2012 7:40 pm
МислењаCOLON583
ЛокацијаCOLONСкопје
гоце НапишиCOLON
Г-дин Василе,ме зачудува што велите дека не сте информиран за настанов,разгледајте ги постарите мејлови од јули летово и ќе видите дека од моја страна ви е испратен допис,тоа значи дека не сте биле заинтересирани за случката,второ што ме зачуди е тоа што како експерт се изјаснувате дека не е направена штета со внесување на багер во среде мрестилиште после мрест на рибата.Ова мрестилиште е ставено во службен весник како природно мрестилиште,вие како експерт велите нема штета?Погрешна ви е информацијата дека овде се мрести црна мрена и царево,ова е мрестилиште на сите видови риби од Вардар.Јас мислам дека поголема штета е направена на мрестилиштето со трајни последици, од колку во случајот со ЕВН.Заклучок вие го користите форумот само кога имате потреба, селективно од случај во случај.Покажавте крајна неинформираност за градско подрачје во град Скопје, за другите ревири да не зборуваме,на крај ви пожелувам успех со овој случај и да се ангажирате за другите случаи,ревносно како за овој со ЕВН.
Гоце искрено изгледа појма немаш околу мрестењето (извини на изразот)...рибата не се мрести тука,туку едноставно само поминува и продолжува...се мести во неколку други рекичиња кои се притоки на Лепенец,ова ти го тврдам одговорно посебно за мрестење на Бојникот,Мрената и кленот...точно е само тоа што Васил го кажа..тука се мрести само кркушка и церево куре (тие се мрестат секаде по реките,бидејќи не бараат посебен хемиски состав на водата)...и немаш право да зборуваш на овој начин со Васил
треба малце повеќе почитување за функцијата и титулата која тој ја има....или барем траба да се почитува кариерата и знаењето кое сиве овие години го има стекнато и пренесено во областа на ихтиологијата....

_________________
[ img ]
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 14, 2012 7:59 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON224
ЛокацијаCOLONСкопје
Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON
Ти Гоце што си инаку по професија, чисто да знаеме експертизава од каде ти е ?
Експертиза не е има други експерти,по професија сум рекреативен риболовец во однос на темата,пишувам од искуство од 30 години,баш на овој потег и верувам дека знам кога се мрести и каде се мрести и што се мрести.До сега вас не сум ве видел на овој потег ниту Васил а си давате за право да застанете на една страна.Друга работа е тоа што со бришење на коментари, темита ги носите во погрешен правец т.е. без поента.Во ниеден момент не реков дека сум експерт меѓутоа вакво искуство на долгогодишни риболовци,е ценето секаде освен кај нас,а се појави различно мислење одма се дочекува на нож,т.е. се брани другата страна макар и да не биде во право.Ви благодарам што не сакате да прифатите едно размислување од долгогодишен риболовец,со ова ги обесхрабрувате и другите колеги со големо искуство да дадат свое мислење.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 14, 2012 8:08 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON224
ЛокацијаCOLONСкопје
sasoj НапишиCOLON
гоце НапишиCOLON
Г-дин Василе,ме зачудува што велите дека не сте информиран за настанов,разгледајте ги постарите мејлови од јули летово и ќе видите дека од моја страна ви е испратен допис,тоа значи дека не сте биле заинтересирани за случката,второ што ме зачуди е тоа што како експерт се изјаснувате дека не е направена штета со внесување на багер во среде мрестилиште после мрест на рибата.Ова мрестилиште е ставено во службен весник како природно мрестилиште,вие како експерт велите нема штета?Погрешна ви е информацијата дека овде се мрести црна мрена и царево,ова е мрестилиште на сите видови риби од Вардар.Јас мислам дека поголема штета е направена на мрестилиштето со трајни последици, од колку во случајот со ЕВН.Заклучок вие го користите форумот само кога имате потреба, селективно од случај во случај.Покажавте крајна неинформираност за градско подрачје во град Скопје, за другите ревири да не зборуваме,на крај ви пожелувам успех со овој случај и да се ангажирате за другите случаи,ревносно како за овој со ЕВН.
Гоце искрено изгледа појма немаш околу мрестењето (извини на изразот)...рибата не се мрести тука,туку едноставно само поминува и продолжува...се мести во неколку други рекичиња кои се притоки на Лепенец,ова ти го тврдам одговорно посебно за мрестење на Бојникот,Мрената и кленот...точно е само тоа што Васил го кажа..тука се мрести само кркушка и церево куре (тие се мрестат секаде по реките,бидејќи не бараат посебен хемиски состав на водата)...и немаш право да зборуваш на овој начин со Васил
треба малце повеќе почитување за функцијата и титулата која тој ја има....или барем траба да се почитува кариерата и знаењето кое сиве овие години го има стекнато и пренесено во областа на ихтиологијата....
Кој нема поим нека заклучат колегите,едно прашање до тебе кажи ми како рибата кога ќе доплива до вештачка препрека каскада во случајов висока 2 метра,полна со икра ќе ја помине ова препрека,нормално дека ќе се мрести пред каскадата освен ако не и помогнеме да ја помине за да го продолжи патот.Еве ти оставам да го објасниш твоето гледиште пред колегите т.е. одбраната на Васила дека тука се мрести царево куре.Како ќе ја помине ова каскада објасни им на колегите,ова препрека не може да се помине освен со скала од 3 метра.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 14, 2012 9:17 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Гоце за овој проблем имаше постирано во месец Јули.

Еве што напишал изработувачот на риболовната основа за мрестот во р. Вардар, за да ни биде појасно на сите:

[ img ]

[ img ]


И за крај, наградно прашање, дали концесионерот Вардар ја “заштитил“ локацијата на пропишаниот начин?

[ img ]

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS89101112»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum