-Според литературата смуѓот може да нарасне до 1,3 метри и тежина до 15 килограми.
Смуѓот во езеро Младост и начин на негово ловење
Се зборува дека пред 10 години во ова наше езеро се пуштени само 10-тина примероци и одтогаш смуѓот е прилагоден тука.
Прибор кој се користи за риболов на смуѓ се трски со должина од 2.4 – 3.3 м со тежина на фрлање до 60 г, и брза акција во горната третина. Машинки со капацитет од 100м 0.30 мм . Ако користите плетен конец 0.14 мм, а монофил од 0.22 мм е доволен. Смуѓот не е борбена риба, но по квалитетот на месото се наоѓа пред пастрмката.
На велешко најчесто се лови со олово на дно, или мамецот да е неколку сантиментри над дното. За мамец се користи белвица, црвеноперка, сунчаница често и филет од риба, или само половина од мамецот (најчесто опашката). Се лови на длабочина од 5-8 метри. Знае да излезе и во плитко во утринските часови, или ако е облачно времето. Најважен фактор е да ја пронајдете рибата . Ако е во близина на мамецот сигурно ке има и улов. Овие правила важеа до пред неколку години. Денес ретко кој оди на смуѓ, а и најупорните најчесто се враќаат без улов.
Се лови и на вештачки мамки но со многу малку успех
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ :arrow:
viewtopic.php?f=54&t=2296&p=67472#p67472 ,
Слики на улови :arrow:
viewtopic.php?f=52&t=2297
сликите и информациите
се превземени од интернет сајтови