www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Сеп 20, 2024 3:44 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123456»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON И мрена од 2kg е кедер
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 31, 2012 12:13 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
[ img ]
Минатата година ми почна катастрофално!

Во пролет до крај на забрана прво одам на ГогоМонд. На тренинг и испробување на опрема и мамки. Пројдов катастрофа! Две три откачувања и ни опаш. Не работат новите мамки. Ама ни старите испробаните не работат.

На Козјак на две одења два скинати крапа. Имаше нешто попадика и караш ама не се важи.

На Вардар на 2-3 пати по 5-6 дена и повторно ништо. Водата нестабилна и матна. Не е за крап! За сом да, ама од сом не да нема ни С него ни кедери не можев да си нафаќам.

НИШТО!!! Резултат многу спрема НУЛА за рибата.

На почетокот на август, а јас на одмор, добивам информација дека и Козјак и Тиквешко нема да ги пуштаат. Веднаш ми се запали фитилот. Конечно ке ловиме крап. Ке одиме во четврток на 11-ти.

Ама кога не ти оди неоди до крај!

Миле, другарми од Демир Капија кој ни е главен логистичар во екипата доби внук. Многу убава работа. Ке ловиме и ке славиме. Ама не е така. Мора да е во Скопје со керкаму.

Трајче веке не оди на Вардар поради нестабилната водата, а и си тепа риба на Козјак. Трајко му завршува одморот и од петок е веке на работа. Неоди прв ден по одмор па да зима слободен.

Баџанак ми Зденко (Панде, а така обострано се викаме многу одамна а незнам од каде ни дојде) не е озбилен и може да ме извиси во заден момент.

Драги (Шаци, порано заедно работевме а он и ме запозна со братму Миле) ми е сигурен, но он е на работа. Најрано што може е да појде е петок околу пладне. Јас нервозен. Ме копа нешто одвнатре, ама тоа е што е. Ке одиме сами ние двајца.

Сварени околу 10kg пченка за крма. За почеток. Се носи и неварена, па ако затреба. Инаку јас сум главен кувар во тимот, а носиме задолжително котле за рибља чорба, па ке довариме. Подготвени параболици (старите за сом, а новите за крап) и се останато околу тоа. Плин, котле, јадење, . . . и мамки. Се е натоварено во кола. Чекам само Шаци да се јави и Демир Капија.

Возам како луд. Во Демир Капија само кратко кај Миле од гаража да дособереме опрема. Комплетна камп опрема, држачи за дубински, всушност погабаритни и потешки работи.

Едно десетина и троа километри по стар пат под клисура и тука сме. По пат го гледам Вардар но нигде не застанувам, брзам. Одличен. Адреналинот веке здраво качен. Паркирана кола на наше место. Ова мора да се Војо и некој со него. Колеги. Сме ловеле заедно. Предходниот викенд на Војо му избегал еден сом од десетина кила на брег од раце.

Мора да е он. Освен нас малкумина, никој не е толку луд да дојде на ова место (200-300m се носи опрема на раце). До 2007 сме кампирале од другата страна на Вардар. Сме го гледале местото. Сме поминувале понекојпат со чамец од другата страна но никојпат немаме видено некој да кампира таму. Со Миле имаме отидено првпат, а и он да не беше никојпат немаше да го најдеме патот дотаму.

Кога таму не е Војо. Сосема непознати Скопјани. Татко и син (60-тина и 40-тина години). Местово сосема случајно го нашле. Онака на бафтанана. Само што ги фрлиле дубинките и се улогоруваат. Ме фаќа нервоза. Им понудив да се организираме и ловиме заедно на што многу ладно не одбија. Ке збеснам!!!

Ај не е само ова место. Има уште добри места. Ова зафатено. И ова зафатено, и ова, и . . . Стигнавме пак до Демир Капија.

Ај од друга страна на Вардар и пак надоле. Иста песна. Се е зафатено. Немам само јас информации дека Вардар е идеален. Е поради ова сакам да појдам на риба во ЧЕТВРТОК.

Задна шанса. Старото место од другата страна. Беше празно додека се пазаревме со натрапниците. Само да не го заземал некој во меѓувреме.

За среќа празно. Малце ми лесна но уште сум збеснат. Не би и препорачал ни на змија да ме касне.

Местото зараснато но се снаоѓам. Сепак од 90-сетите до 2007 сме ловеле на тој терен. Скопјани многу поретко го посетуваат одкако е пуштен Козјак. Поради него и водата е толку нестабилна. Козјак е поблиску (поефтин) и посигурен.

Го наместивме кампот. Шаци прави кафе и салата. Тоа се негови задолженија. Јас покрај готвењето ги распоредувам дубинските и се. Во нашиот тим нема мое-твое. Се е наше. Расподелбата на задачите ни дојде спонтано, но многу брзо. За едно две излегувања.

Фрлам. Чудно. Оловото некако брзо ми тоне. Ај порано користев полесни олова. 30 до 50g. Сега минимум 60. Тоа ке да е. Овде дубинско за сом. И овде. И . . . Е овде ке дојде родподот. Овде ке ловиме попадика ноќе . . . Си ја завршив работата. Само уште да нафрлам кое кило пченка. Да биде спремно за сабајле.

Готово. Бидна. Се смирив, но не фаќаме (доста се дубинските за сом на пијавици). Ке се опуштиме. Скара, салата и ВардарскаВода (ракија, таа ни е секогаш гратис од кумчето на Миле).

Ноќта пројде апсолутно мирно. Драги сварил кафе и утринска ВардарскаВода (наместо миење). Ги проверив дубинските и ги префрлив. По некоја пијавица малку гризната. Ситен клен или мренче. Пак нафрлав пченка, па покасно ке фрлиме за крп.

Кога неоди неоди. Пак оловото брзо ми тоне. Со вајарлес сонда со сонарот измерив едвај 2m. Па овде беше подлабоко, а сега е натрупано. Во ова доба на годината крап стално ни давало во длабоко. Колку крапот да сака потопла вода и не бара многу кислород на овие 40 степени е во сред Вардар и од другата страна каде е појак текот и е подлабоко.

Идилата ми ја растури на крај глетката од другата страна. Помладиот натрапник, некаде одоздола носи сом. Под 10kg но добра риба. Убава, а мене во пиењето кафе ме прекина едн КЛЕН. Го има можеби цели 200g. Колку пијавици да ти растури. Ке биде кедер.

Пак нервозен. Како не дојдовме во четврток или барем пола саат порано.

Шацко го зема телескопот и отиде нагоре. Ке лови кедери. Водата не може да и се изнагледам колку е убава. Нема варирано ни милиметро.

Погоре, над песокот од друга страна во брзакот рипна мрена. Ке одам да пробам. Монтирав потешка спрема. 8g тапа и 8 јадица. Погоре има плитко брзаче и има трева. Сега му е сезона. Внимателно одбрав само 2 прамена по педа и троа.

Дубина околу 3м и фрлам. Фрлам на супротен брег. Овдека Вардар е нешто потесен но не е блиску. 5-6 фрлања и во вистинската линија. Перфектно. Само што влезе под јаворот на сртот над песокот од другата страна тапата ја снема. Контра и едно секунда две ништо. Тргна. Мрена и тоа УБАВА. Полека и во раце ми е. Килоипол. На ред е вториот прамен. Иста песна. Оваа е помала, кило.

Е сега облекувам ФРАНЦУСКИ чизми (по гаки) и влегов во вода по трева. Гледам и бирам. Што не ми се допаѓа назад во вода, а што ми е по мерак на рака. Доста и само кинам и пуштам да ја носи водата. Онака, да ја настрвам мрената.

Во меѓувреме Шацко донесе ВардарскаВода. Онака за аирлија, а и на мајсторот да не му се тресат рацете. Повторно зафрлам, десетина пати и на исто место ја снема тапата. Е ова е веке поголемо. Треба да се извади од брзак и довлече до брег. На полпат му ја препуштив на Шаци. Нека осети здрава риба. Е сега јас го смирувам за извадената мрена од 2kg г (покасно кога ги измеривме ДАМ дигиталната вага покажа 4,380kg).

Шаци досега нема ловено на трева. Кратка теорија. Намести нова, потешка, спрема и му покажувам како да намести трева. Во сред објаснување ме прекинаа комшиите од другиот брег.
Нешто ѕвони на најдолната дубинка. Пак некое кленче. Бидејки бев зафатен, а се е наше, отрча Шацки.

Си ја завршив наставата за монтирање на трева без ученикот и чекам. Го нема малиот! Ми здосади да чекам и појдов надоле. Што направи?

Шаци здрвен го држи во кифла свитканиот параболик и само тифко повторува: -“Голема риба! Голема риба!” Мене во прв миг ми личеше на гранка. Знае Вардар да ги носи, а и гранките знаат да глумат риба. Ништо не реков и го земав стапот. Гранка, и уште посилно затегнав стапот. Само што не ги кажав на глас мислите ГРАНКАТА тргна од сред Вардар кон другиот брег и узводно.

Уууу ЈЕ... те БОГ стварно риба. Играта започна. Довлечи го наваму и како од шега пак карши. По две измени, но не до исцрпување ми текна дека носам камера. Го снимив Драги, па он мене. Снимките не личат на ништо. Се тресат раце. Ми текна дека носам и сталак за камерата. Есега е нешто сосема друго. Ја уклучивме и снимаше, и снимаше . . . и пак снимаше.

Едно време изгубив ориентација за време. Уште колку има меморија и уште колку ке издржи батеријата. Ја исклучив камерата. Ова беше кобно за комплетна документација. На следно менување му влегов во вода. Едно 10m навнатре и 15-тина низводно. Драги го премести сталакот го намести кадарот и влезе и тој. Некој треба да држи стап а некој да фаќа за долна вилица. Малиот само една работа заборави. Да вклучи снимање.


Си ја сместивме рибата во 2 сака. Се одморивме со салата и ВардарскаВода. Се намуабетивме (ова се чита се изнафаливме) телефонски со колегите. На камерата е забележано време 08:12 како старт на снимањето (од рака), а рибата ја вадиме од вода во 08:53. Си ја спакувавме опремата и дома. Имавме убедувања од колеги да седиме и ловиме до утре, како што беше планот. Мое мислење, а во потполност го делеше и Драги, дека по сом од 35kg и мрени од 2kg ке ни беа кедер.

За крај би сакал да споделам една мисла даунлоадирана од некој рибарски сајт со вас:

“Секоја риба па и сомот можете да го уловите таму каде најмалку се надевате и кога најмалу се надевате. Правила не постојат, па затоа е неблагодарно било кого да упатувате на одреден терен. Основно е да се знае дека одреден вид живее во некоја вода и каде најчесто се задржува, а останатото е среќа и истрајност. Многу помага знаењето и искуството, но среќата си е среќа.”

Бистро !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: И мрена од 2kg е кедер
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 31, 2012 12:28 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
bobi go gledam videovo, 2 pati i ne mozam da veruvam deka e faten somov na ovaa snimka,, sum visol vadenje na som preku 1000, ama vakvo vadenje prv pat gledam,, bez zamerki samo moe razmisluvanje ;)

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: И мрена од 2kg е кедер
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 31, 2012 12:41 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 1:26 am
МислењаCOLON170
ЛокацијаCOLONн.ИЛИНДЕН
bravo majtore odlicna utakmica,ovaa godina duplo pogolem som da vidime pozdrav.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: И мрена од 2kg е кедер
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 31, 2012 12:54 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Ицо не можам да те сватам што сакаш да ми кажеш. Биди конкретен!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: И мрена од 2kg е кедер
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 31, 2012 12:56 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
ne mi izgleda deka riba imas na trskata,, bar mene ,, vadev i jas eden od 52 kg29 ,,,20 itn,, znam kako raboti som na trska ,, na videovo ne mi izgleda taka,, moze gresam , rekov samo moe razmisluvanje,,nisto poveke..

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: И мрена од 2kg е кедер
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 31, 2012 1:01 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Видеото е доста скратено, а ако го прочита текстот ке видеше што фали. Задната борба не е на снимка. Колегата се намести ама не стисна рекорд и влезе во вода. А го гледаш и комшијата од другата страна како гледа.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: И мрена од 2kg е кедер
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 31, 2012 1:02 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Bobi_Brada НапишиCOLON
Задна шанса. Старото место од другата страна. Беше празно додека се пазаревме со натрапниците.
Идилата ми ја растури на крај глетката од другата страна. Помладиот натрапник, некаде одоздола носи сом. Под 10kg но добра риба.
Извини, ама многу безобразно именување колеги.

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: И мрена од 2kg е кедер
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 31, 2012 1:06 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
ПРИФАЌАМ. Не мислев да навредам никого.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: И мрена од 2kg е кедер
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 31, 2012 1:07 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
ne treba da citam,, znaci rekov gledam,, drugarive od veles mi se profesionalni somdgii i imaat fateno bar sekoj do sega po 1000 na kasikar,, od site tie jas dodeka lovat jas sum na krap so niv, i sum gledal i vadel mnogu somovi, zatoa rekov,ne mi lici deka imas riba na trskata narocito som na ova video,, samo moja konstatacija, moze gresam , ama znam kako raboti som na trska narocito od 20 + i znam kako raboyi mal som od 5-6 kg,, 10-12kg itn vidi go na keltan videoto i posle ke ti dolovam sto treba da pravi som na trska, narocito pogolem od 20 kg,, rekov samo moe gledanje,,

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: И мрена од 2kg е кедер
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 31, 2012 1:19 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Дај ми линк за де не го вртам целиот форум


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123456»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 16 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum