Абе луѓе еве ја прогнозата за Недела, поубаво здравје, во 13 часот имате 15 степени и скоро неприметен ветер, сигурен сум дека сте биле по риба на многууууу полошо време, башка ќе бидеме опремени со по некоја тенда, огинче, скаричка.
Велешани дома им идеме, а први бараат одлагање, алоо па каква е оваа гостопримливост
се шалам
Дени - За организација нема да сме се спремале, .....абе луѓе која организација, па не правиме турнир во крапски риболов, секој од дома си зима по нешто, се збираме да се запознаеме, да промуабетиме, не се збираме за по риба.
Аки не зборуваме само за рибарите од Скопје, ние точно можеме и у кафанче да седнеме, ама локацијава е како компромис за да дојдат колегите од цела Македонија, да не ги фати многу патот, пари и сл. Кога ќе се собираме за риболов, тоа ќе биде друга дружба.
Ова е прва ваква иницијатива, понатаму ќе има и други, ќе биде подобро, ќе се зборува. А за тоа кој разбрал, сигурен сум оние поактивните 20, или 30 ќе разберат, затоа што на ден два тие се логираат на форумов, башка со дел се знаеме, јавете им, пуштете им порака. Е сега секој пат ќе има по некој кој неможе да дојде од разни причини, никогаш нема да можеме да се погодиме 100%, башка понатаму како се подобрува времето ќе се загрева риболовната сезона, мислам дека сега е право време.