Па нормално дека сакам да се опробам, ти за што се пријавуваш ако се пријавуваш? Сакам и да сум во првите 3 места, кога сме веќе на тој муабет, не само да учествувам. Тоа со “важно е да се учествува“ е за алиби во случај на неуспех
А кон мојата пријава допринесе и тоа што бев испровоциран од “елитизмот“ кој се ширеше од одредени риболовци кои се декларираат како спинерџии. Нешто слично како твојот прв коментар во темава
Филип, абе јас можам да ти кажам дека тој "елитизам" e и оправдан.
Ако гледаме реално ќе видиме дека луѓето што тераат спин рибилов си го тераат само тоа, 90% од нив фаќаат само на спин техника. А згора на се никој од нив не се пријавил да учестува на некој друг натпревар како што е крапски, пливкарски, мушичарски...
На некого изгледа му смета сплотеноста на спинерџиите, нивната дружба и тоа што нема раскол помеѓу нив. Ваљда на некој му е чудно како можат овие така се држат.
Во повеќе наврати имало и коментари: Aјде бе вие си се дружите на такмичењата, нема натпреварувачки дух, нема јадачки...
Чекајте бе другари, тоа што ние не се ругаме, плукаме едни на други и вадиме очи, не значи дека нема натпреварувачки дух и дека нема јадачки.
Бистро!